Викторијански период

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од irrelevant, 24 декември 2019.

  1. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Кога ќе се спомне мистерија, страв, сивило и исчекување мене ми текнува на викторијанскиот период и на луѓето во тоа време. Ептен ми се језиви и страшни, осеќам неудобност и немир кога ги гледам сликите од таа доба.
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    A гледај смешки, јас сакам работи што ме тераат така да се осеќам.
    Еве и сега што побарав срцето ми чука силно и од што ги гледам се плашам. Не знам дали кај сите така крипи делуваат, ама мене премногу.
    [​IMG]
    Е сега кој е многу чуствителен, плашлив или лабилен нека не ме чита понатаму!

    Кога барав за добава начекав информација за една уште по крипи од нив традиција која се вика post mortem photo или луѓето тогаш се сликале со своите мртви членови на семејството, скоро откако ќе умреле за да бидат запаметени засекогаш и да имаат фамилијарна слика заедно со нив. И постоеле луѓе кои работеле како изнајмувачи на држачи за мртви. Држачи кои ги држеле мртвите тела стабилно додека трае фотографијата. Језивоооо....
    [​IMG]
    Ако не сакате сликиве да ве следат насекаде цел живот, не отварајте и поминете го постов пошто ако сте читате до тука веќе ви ја имам земено позитивната енергија и ви ја претворив во голем страв, не дозволувајте да дојде до нешто полошо. Ако сте ок и сакате да истражувате и дознавате нови и интересни нешта без разлика на степенот на баналност, еве неколку post mortem фотографии каде во секоја фотографија има и еден мртов...
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    Кожа ми се ежи...
    И уште едно нешто крипи има што правеле ама ме мрзи да ви кажам.
     
    На Mrs. Lovett, elenaxbbg, GoodGirl45 и 26 други им се допаѓа ова.
  2. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    Мене ми го имаат погледот како пред нив да стои смртта , и да крипи се.
     
    На sj *O*, Mrs. Lovett, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Леле прејако. :D Ептен крипи фацки држат, сигурно нема умрени на првите слики? :rofl:
     
    На GoodGirl45, candy.cane, Anabelle.Amorette и 6 други им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.838
    Допаѓања:
    35.717
    Пол:
    Женски
    Во лична порака може тоа другото?
     
    На irrelevant му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.038
    Допаѓања:
    225.176
    Пол:
    Женски
    Единствено нешо шо ми е неубаво е шо деца има на сликиве.. Да се возрасни око нема да ми трепне.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.899
    Допаѓања:
    123.256
    Пол:
    Женски
    Фотографииве се крипи,ама тогаш тоа било начин нивните починати најмили да останат во спомените.
     
    На SnowWhite8 и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    19.641
    Пол:
    Женски
    Јас сум од оние што читаат даље и покрај предупредувањето. :worried: После си викам, а леле што ми требаше бе ова. :D

    Да ја продолжам листата. Им сечеле прамени коса и со истиве украсувале шноли, белегзии, ланчиња и медаљони. :worried:

    Ги седнувале на столици со книги пред нив, им ги отварале очите, да изгледаат како живи. Децата ги легнувале како да спијат. Ова често била и единствената заедничка семејна фотографија. Значи страшно, језиво. Има уште, ај да не забегувам.

    Се ми се чини имам ваков филм гледано или документарна беше, со бизарниот опис од погоре. :^)
     
    На Mrs. Lovett, emiliana, GoodGirl45 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.936
    Допаѓања:
    53.122
    Пол:
    Машки
    Мене асоцијација на викторијанско време ми е минијатурно струкче, ова другово ми е ту мач:|
     
    На SnowWhite8, candy.cane, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.038
    Допаѓања:
    178.448
    Пол:
    Женски
    Во "The others" со Никол Кидман е малку опфатена тематиката. Језивко :worried:
     
    На daylight, elimkd, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.838
    Допаѓања:
    35.717
    Пол:
    Женски
    Ја сакам уште да прочитам ама не знам каде.

    Дома ми кажуваа како некој ако умрел пред денот за пензијата кога стигала не го закопувале за да ја земе пензијата па после. Баба ми викаше така и за неа да направиме да не кажуваме додека не ја земеме пензијата.
    Ова за 21ви век зборам, не за порано.
     
    На candy.cane и irrelevant им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.899
    Допаѓања:
    123.256
    Пол:
    Женски
    На Гугл пиши post mortem photos и memento mori.Има такви фотографии и видеа на вебсајтови,па и објаснувања за концептов.
     
    На candy.cane, irrelevant и gjoker4e им се допаѓа ова.
  12. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Нема ваљда живи се сликани. Бар така мислам. :D
    Има и еден филм невестата се вика, и баш така почнува почината невеста ја сликаат во ова време исто. Има и други б продукција филмови со ваква тема, да барам ќе најдам ако некој го интересира.

    Иначе знаев дека ќе се вознемири некој и не секој има желудник за вакви работи, затоа ве предупредив и ви ставив во спојлер. Се понатаму е ваша одговорност. :P
    Еве тема ќе биде од постот и ќе ти го кажам таму и другото језиво :D
     
    На candy.cane, Lianna Anna и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.235
    Пол:
    Женски
    На тие што им е малку заматен ликот се живи а другите се мртви :|
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.315
    Пол:
    Женски
    Мене периодов ми е омилен, да не речам естетика на периодов ми се многу допаѓа. Омилен жанр на книги ми е historical fiction во овој период. Баш е супер, би можела да читам и да истражувам цел ден за тие години. :D
     
    На GoodGirl45, candy.cane, Elenpelen и 2 други им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Го спремав мислењево за во СДК, ама веќе отишле вашите па-па во нова тема.
    Не е нешто ептен чудно, така правеле затоа што немале друга фотографија од веќе покојникот, или заедничка со него, па да им остане во спомен. Као да ќе го заборавеле без тоа, али ете, глупи трендови земале замав уште тогаш. На запад ништо ново. Туку се прашувам дали имало мрчатори и колку им било дозволено да се изјаснат.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.038
    Допаѓања:
    225.176
    Пол:
    Женски
    На Konfetka, candy.cane, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Порано да, сега тотално невозможно :)

    Од викторијанска ера ептен го бендисувам стилот на облекување :inlove:

    Боже, пола саат читам минијатурно кругче не можев да сфатам што сакаш да кажеш :rofl::headbang::headbang::headbang:
     
    Последна измена од модератор: 24 декември 2019
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Мене една од првите асоцијации за Викторијанското доба ми е Џек Мевосек и убиствата што му се припишуваат на неидентификуваниот поединец, иако има индиции за поинаква вистина. :devil:
     
  19. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    featured_Creepy_Victorian_era_photographs.jpg postmortem+photo.jpg hqdefault.jpg VitorianDeath.jpg
    :worried::worried:
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    За таа третата слика имаше на нет некаде дека е фотошоп и ја имаа ставено вистинската слика кај што си е жената со глава, мада не ме чуди и вака да се сликале.

    Не можам од моб да барам слики и да пишувам ме нерира ептен, утре ќе ви кажам за уште нешто.

    А @Sejfullai на аватар носи една ваква невеста, дали тоа имаме уште еден фан на језивите викторијанци? :D
     
    На candy.cane, Sejfullai и piksooki им се допаѓа ова.