Можеби не е најзгодна и најубава, ама има свој стил и препознатлива е. Секогаш ги подржувам успешните жени па затоа само напред Вики
Сте забележале дека скоро секогаш ја става раката на увото, како да збори на телефон? На првата слика е многу грда.
За облекувањето немам збор, секогаш е тип топ ама искрено воопшто не ми е убава! Премногу е слаба! јаде ли нешто женава? А и на лице воопшто не е убава, не знам што видел Бекам во неа! Сопругот и е прекрасен, мило ми е што толку се сакаат а имаат и преубави дечиња! Немам лошо мислење за неа но многу е слаба!
Јас си мислев дека е мн сериозна и препотентна ама го сменив мислењето кога ја видов во една емисија во стилот на Опра.Бас беше слатка,мила,насмеана и баш ја прашаа за тоа зошто е секогаш со сериозна фаца на сликите и самата не знаеше зошто...кога ке застане пред фотоапарат самата фаца и си менувала и немозе тука нисто... супер си е Вики!Жена со стил.
Немам некое одредено мислење за неа, одпрвин ми беше антипатична, ама после ја гледав целата насмеана и со многу хумор во интервју. Не е модна икона, стајлинзите и се многу слични. Сепак, го има Дејвид .
Навистина речиси никогаш нема утка со нејзините комбинации,но сепак мислам дека ја заслужува етикетата модна икона од причина што нема доволно облини за да и стои тоа што го носи,според мене премногу е слаба...
Wow Боже, како очајно сум и љубоморна на Дејвид...инаку освен тоа немам ништо против неа, секогаш е ТОП средена и прилично интересна со онаа нејзина ладна фаца Навистина е модна икона!!! <3 Бекамови (особено Дејвид)
Не мислам дека е вулгарна и злобна,но Викторија Бекам ми е воопшто не ми се допаѓа...ОК понекогаш ми се допаѓа како е облечена,но на ништо не личи,како пластична кукла ми е,вештачка.Несакам да бидам дебела,но недај боже некогаш да бидам како неа-таа не е слаба,таа е анорексична Единствено кај неа што ми се допаѓа е маж и и ништо друго...
Не знам што толку ја фалат Викторија Бекам,најверојатно со маж и се прочу.Инаку за мене таа не претставува модна икона,ниту ми се свиѓа како изгледа,ниту што носи!
Во однос на нејзиниот стил- ми се допаѓа, секогаш е скоцкана, елегантна, тренди, се е направено до перфекција. Но мислам дека има некако премногу строг стил. Ја немам видено да носи нешто многу накит, воглавном тоа се едн до два детали, и тоа никогаш не е пренатрупано, туку секогаш едноставно и чисто (да речам). Јас сакам таков едноставен стил, но па и многу лесно ми здосадува. Според мене тие додатоци се најважниот дел од оутфитот. Но сепак има изградено добар и софистициран стил. Секогаш изгледа безпрекорно и без грешки. И еве нешто од нејзината колекција Пролет/Лето 2011
Не би ја нарекла модна икона. Факт е дека е секогаш средена и убаво облечена ама многу е слаба и никогаш не е насмеана. Нема харизма во неа, некако пластично ми делува и антипатично.
Според мене не е модна икона, слични креации има, премногу е монотоно. Инаку убаво се облекува, не викам не, се гледа дека има стил.Сепак модна икона, не
дечки не бидете скептични и бидете искрени.... женскава е навистина модна икона,освен што е едно 10 килограми послаба од нормоално,ама се што носе на себе и со себе е најнај. најнова вест за неа е дека е бремена по 4-ти пат и се надеваат на женско,со најзиното мажуле (како што би рекла блонд)