Женава нема утка..може да додаде уште некое килце..ама и без тоа е модна икона.Секогаш комплетно средена од глава до пети. Баш ме интересира каква ќе биде ќерка и кога ќе потпорасне. Јас мислам ќе ја замени Сури Круз.
oваа и модна икона - мешање баба и жаби. што и да облече, ма не знам колку сака скапо нека е, на скелетон грдо стои. а и се некои такви деловни свари носи со рамни линии, дефинитивно не по мој вкус!
Премногу е слаба, и фали уште некое килце. Инаку секогаш е средена и скоцкана. На изглед и не е нешто убава, скоро на сите слики е намуртена. Но знае да се среди, знае добро да ги искомбинира парчињата облека.
За мене Викторија дефинитивно е модна икона.Секое парче облека, аксесорис, чевли, ташни...се внимателно одбрани и искомбинирани.Само имам една забелешка- не некое килце, едно 10 кила и фалат, како костур е
Модна икона-да. Секогаш во непогрешлива комбинација, и со посебен и извонреден талент за креирање на она што би требало да е тренд. Префинета класика е екстравагантен гламур. Тоа е таа. Ама грда е брее Погрда не може да биде, целокупната нејзина извештачена фигура, костуресто и сериозно лице, некогаш дури ми изгледа и морничаво Замислете ја оваа жена на улица во нешто најобично без ваквите милионски стилизирани парчиња облека Аууууууу
Мене многу повеќе ми се допаѓаат нејзините дневни(секојдневни) изданија отколку отворените вечерни тоалети од кои речиси и излегле силиконите. Сепак, има стил. Црната боја доминира, очилата не ги вади, вискоите штикли исто така. Не знам ни јас зашто не се смее, можеби и затоа наликува на злобна (а незз дали е) но мислам дека нема којзнае колку убава насмевка, а сака да изгледа и пофатално. Ако сте забележале Моника Белучи исто така мн ретко се смее....изгледа се во некој филм дека така се посензуални...Еве ги дневните изданија на Вики каде стварно можеме да позавидиме на елеганцијата, изборот, фигурата и начинот на кој се носи. Не е толку слаба ко што сликите ја прикажуваат, погледнете убаво одблиску, има струк, колкови, а и не е толку антипатилна на лик
Ау да. Нема промашај, секогаш средена, скоцкана, браво. Е сега што е слаба, слаба е дури и нездраво изгледа ама не дискутираме за нејзините килограми туку за комбинациите кои ги прави.. И една работа ми се допага кај неа. Никогаш не излезе скандал за неа, домашни голи слики, итн.. Да треба некому да се поклонувам за некоја комбинација и начинот на кој ја носи тоа би била таа дефинитвно. Еве нешто што посебно ми се допага од неа. Некои слики се доказ дека некогаш од горе до доле облечена во една боја изгледа убаво, пример црно и бело.
И се восхитувам на женава. Во тој свет ,каде што секојднево испаѓаат скандали,се земаат разведуваат у рок на месец дена,прават деца кај стигнат,и немаат никави вредности ,само Викторија и Дејвид се одвојуваат. Толку време се заедно,а сепак се гледа дека се уште заљубени.Цело време се поддржуваат еден со друг.Она е секогаш покрај него и го бодри и во ситуации кога сите очекуваат дека нели...ќе му бара развод.Нели имаше некои шпекулации со проституки нешто,ама она секогаш викаше дека му верува на мажот,а не ко некои лајави кучки што одма би тргнале да го грдат. И имаат пет деца,што е стварно изненадувачки за познативе нели. Што се тиче насмевката,по позирањето ли заклучивте дека не се смее?Жената има исклучителна харизма и позитивна енрегија.Гледајте било кое нејзино интервју и ќе го заклучите истото. Незнам зашто ама мене ми се идеал како треба едно семејство да изгледа. Како се надополнуваат и физички ,и духовно.Така си го замислувам совршениот живот со мажот ми,кој и да биде.А бога ми и Дејвид си е совршен маж. И сеа за се зборев освен за стилот,али повеќето на темава повеќе коментираа за нејзините особини и карактер него ли стилот . Мене ми е една од омилените јавни личности,и секогаш ми е преубаво скоцкана и дотерана од глава до пети. Единствената замерка што ја имам кај женава е што е толку слаба.Значи дефинитивно единствена маана.
Ја обожавам буквално уште од малечка ја сакам женава во вистинска смисла на зборот за мене претставува модна икона секогаш ми е тип и топ средена понекогаш имам замерка за килажата за дуго ништо
Значи никогаш не сум ја сакала,од секогаш одбивна м ие била ко ќе ја видам со таа нејзината фаца воопшто не ми се свиѓа,Дејвид е совршенство од маж како ја загледал незнам ко костур е таа,џабе што и да искомбинира не ми се свиѓа како и стои преслаба е
Стилот на облекување на Бекамица е одличен,супер искомбинирани парчиња облека,како за свечени пригоди така и тие за кежуал.
Повеќе муж и го пратам него неа Бекам ми е класична закачалка. Преслаба, без шарм и многу мразам кога некој не се насмевнува, а Вики во тоа е на пиедесталот, мрази насмевки. Дал гледам убава кукла со топ комбинација на излог во продавница или Бекамица исто ми е. Убави комбинации но без душа. Но секоја и чест што си го сочува семејството без притоа некои големи афери и со 4 дечиња. Али сепак уште од одма се шета со ќеркичката, ја носи на модни ревии и мами папараци. Е не ми е нормално тоа
има стил одлична е во својата професија а и лани зема награди на мене лично ми се допага од секој аспект