Срцки се бе,и после толку години заедно,знаат да се шегуваат на своја сметка Бекам ова го постирал на својата ФБ страна So proud of my wife taking #NYFW by the balls
Ми се допага како се облекува..на фаца не е убава.. многу е слаба . И воопшто не се смее , скоро на сите слики е намуртена. Нај многу ми се допагаат нејзините фризурчиња
http://www.youtube.com/watch?v=ot8DkUsA31A&feature=related гледај те ги и прв и трет дел... леле се изнасмееаф .. и оди на женава со шегите... не ја мислев за вака харизматична сега уште повеќе ги сакам двајцата... пред да ги гледам видеава мислеф дека е така злобничка хаха таква фаца има ама била многу брлива хахаха иначе да и фалат неколку килца.. а во нејзиното облекување нема грешка
Една од дамите со најголем стил во светскиот шоу бизнис.Стилски секогаш тип-топ.Има совршен вкус за мода,со два збора-модна икона. И јас порано имав мислење за неа дека е пресериозна,делува ладно и круто.Но откако погледнав неколку нејзини интервјуа,ме воодушеви.Има одлична смисла за хумор,забавна,слатка и многу поприземјена девојка отколку што изгледа на слики.Не е ни чудно што Бекам баш нејзе ја одбрал за животен сопатник. Тој покрај нејзе се губи како личност,единствено и парира со неговата убавина.Одличен спој се за мене.Не е чудно зошто толку долго траат. И тоа зошто не се смее на слики повеке пати ја имаат прашано,одговара дека ненеамерно и несвесно позира така.А имам прочитано дека како мала имала проблем со забите па и останал тој комплекс и навика да не се смее.На снимките каде што се смее, може да се забележи дека ја става раката преку уста. A инаку се сложувам дека е преслаба,како да живее само на вода. Не знам како волку слаба износе четири деца.
И мене преубаво ми се облекува,многу ретко има некоја утка,комбинациите и се совршени.Разгледав слики од неколку нејзини колекции,и има преубави минималистички фустанчиња,баш онакви како што сакам И и се чудам како може да одржи рамнотежа на толку високи штикли,и плус како што си е слабичка она...Секоја чест.
Добро тело, и добар вкус на облекување. Никогаш не сум приметила да направи некоја грешка и секогаш изгледа боженствено. Еве нешто што имав тргнато на страна од неа.
Убаво си рекла Роси закачалка. Ич не ми убава ни мила ни харизматична. Ама има стил перфекција во голем дел од случаите. Ама бре не е жена она, незнам костурине се поубави од неа. Мене косата ми е погодок,фала богу некој да го врати во мода таа средна должина, ми се смачи веќе од предолги а ретко средените коси, барем кога ќе видам до грб а целата расцветана. Подобро пократка ама добра и уредна коса. Но е најголем трендсетер од сите, на велико ја диктира модата, што и да носи, дугиот ден сите го носат и сакаат да го имаат. И комбинации Често носи едноставни но прекрасни фустани. И многу беше елегантна на свадбата на принцов, некој ќе рече обична но мене ми беше со стил. Само незнам што глуми со детeво, сирото како го држи како да и моден додаток, ова мие многу лошо, најлошо од се па дури и од тоа што е стап за чукање ореви.
Убаво се облекува , стилот ми се допаѓа, но преслаба е И што беше ова на ниедна слика да не е насмеана
Ми се допајгаат и нејзините креации и тоа како се облекува има стил а и се сложувам со тоа дека е една од најелегантните жени на светот.
Викторија Бекам како личност не ми се допаѓа, но секоја чест за нејзиниот стил на облекување а и за нејзините креации. Секогаш е елегантна и средена.
Модна икона-ДА! Убаво се облекува...е сега неможам да ја судам спрема карактер бидејки не ја знам...ама вака ми изгледа дека е малку антипатична.
Што има врска слабоќата или насмевката со нејзиниот стил? Јас многу ја почитувам. Одлично се облекува и е движечка елеганција. Кога започнав да пратам мода, она, Sienna Miller и уште 2-3 ми беа секојдневна инспирација. Викторија се уште ми е тоа. Најдоброто нешто до сега
Кога станува збор за облека ОМИЛЕНО ми е жеништево.Секогаш е женствена ,средена и безпрекорна. Последниве години ептен се афирмираше на модната сцена,не само како дизајнер туку и како жена која никокаш не и штрчи ниту едно влакно од косата а не па нешто друго да и е утнато.За мене баш е модна икона,а најмногу ми се допага што има секојдневни комбинации од кои секој може да црпи инспирација.