Уникатна, префинета, единствена и во последно време преку нејзините креации доста креативна.Многу познати личности ги носат нејзините креации.Ја сакам што не е од оној тип на жени што кариерата и е на прво место.Успеа да роди три сина, а пак да биде присутна секаде.
Очигледно Вики Бекам си ја знае својата работа.Секогаш скоцкана тип-топ од глава до петици.Феноменален sense* за мода.Нејзините модни ревии се секогаш подобри и подобри. За бракот и семејството да не правиме муабет.Го има најзгодниот маж на планетава Земја,долго време е во стабилен брак,има 4 прекрасни деца,сите се ептен слатки и убави,особено најмалата Harper (кој не би посакал да има такво дете-прекрасна е и уште од мали нозе е ужасно добро облечена).Покрај тоа што е celebrity фаца и што има маж и 4 деца секогаш оди на нагорна линија,се гледа дека целосно е посветена на својата кариера како моден дизајнер.Секоја и чест.Што уште би можела да посака ? За мене е во права смисла на зборот МОДНА ИКОНА.Со својот минималистички и секогаш софистициран и елегантен стил на облекување ме остава без зборови.Посакувам да ги имам нејзиниот гардеробер. Вистина е дека е има некој килограм помалку,но не мислам дека има целосно анорексичен изглед. Не мислам дека е злобна и тотално антипатична личност само поради тоа што не се се смее во јавност.Имам гледано повеќе интервјуа со неа и мислам дека е баш кул личност со одлична смисла за хумор.Неодамна кога ја гледав на едно интервју забележав колку слатко се смее.Не ја сфаќам зошто не се смее во јавност и не ги покажува забите,но добро тоа си е нејзина работа,но сепак мислам дека треба малце да се поопушти и конечно да не удостои со нејзината насмевка.Не би било лошо нели ? Како и да е ,ја обожавам и многу ми е симпатична и дај боже некогаш да бидам како неа-успешен моден дизајнер,маж од кој сите би паѓале во несвест и четири прекрасни деца,едноставно совршено среќно семејство.
Јас што сум фан на слабоќа, односно слабо тело . Сепак сметам дека Викторија би можела да нафрли некое килце, некој друг со нејзината килажа може да изгледа супер, ама на неа некако ич не и стои, ми се губи потполно. Скоцкана е тоа да, има фини комбинации, ама нешто за модна икона не ми е. Немала некои вау комбинации, премногу црно и бело комбинира за мој вкус. Но, ми се допаѓа што комбинира едноставни парчиња а сепак стојат убаво и софистицирано на неа. Си ја имала среќата да го има Бекам за маж .
Тоа дека е премногу слаба е точно, навистина и фали некој килограм повеќе. Но, сепак кога станува збор за мода, несомнено дека Бекам има одличен стил. Секогаш си е тип-топ средена од глава до пети. Ми се допаѓа нејзиниот стил, знае да направи убава комбинација. Спојлер
Дефинитивно модна икона која што прокламира класичниот, елегантен стил во ова ново време на бројни правци во модата. Неприкосновена
Убава е и за секоја пригода е скоцкана од глава до пети, ретки и се утнувањата. Маана има само што е слаба и никогаш не е насмеана инаку баш е симпатична
Многу ми е униформирана, строга... Има стил, ама не по мој вкус. Јас сакам поразиграни, повесели комбинации...
Никогаш не ми била некоја модна икона од причина што не ми е воопшто харизматична. Има жени од таа елита кои ти оставаат таков впечаток што не само на облеката тука и косата и накитот ти останува во сеќавање.Дури и за самата облека која ја носи,мене ми се допаѓа само кога е класично облечена,како кошула и панталони.