Виктор Апостоловски

Дискусија во 'Канта' започната од crankyy, 12 јануари 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. crankyy

    crankyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    6
    Кој е Виктор Апостоловски?
    1. ОПИШЕТЕ ГИ УБАВИТЕ И НЕУБАВИТЕ МОМЕНТИ ОД ВАШЕТО ДЕТСТВО, ОДНОСОТ КОН РОДИТЕЛИТЕ, БРАЌА/СЕСТРИ/ ПРИЈАТЕЛИ, НАЈОМИЛЕНА ИГРА, ИГРАЧКА, ПРИКАЗНА, СТРАВОВИ, ФАНТАЗИИ И ЖЕЛБИ, ДАЛИ СТЕ БИЛЕ ПАЛАВИ ИЛИ ПОВЛЕЧЕНИ, И СО ПРИМЕРИ ОПИШЕТЕ НИ НЕКОИ ИНТЕРЕСНИ СЛУЧКИ ОД ДЕТСТВОТО?

    - хах...па вака...сум имал доста убави моменти во детството... многубројните награди, во полето на спортот...музиката... всушност...освен кога е нешто многу сериозно, јас сум стално насмеан....среќен...а сум имал и доста неубави моменти во детството.... на пример...на 2 години го вадев третиот крајник, па ми порасна пак, па на 6 години ги извадив сите три...и двата пати ги вадев со локална анестезија...и го памтам секој детаљ од операциите.....потоа... некоја година подоцна...си скинав врв од еден прст на една врата...местото е зараснато...и не се забележува освен ако не го посочам...по некоја година...брат ми со воздушна пушка ми скрши еден преден заб...несакајки....сега и тоа е средено...и како што наведов во претходната порака....мојата улица е таква...што сум имал доста најразлични моменти....и добри и лоши...ама за тоа.... не ми стига еден месец...хаха

    - Односот кон сите ми е ист...фала богу...добро сум воспитан...благодарение на моите родители... на постарите се обраќам со вие... дури и на роднините...па тие стално ме караат за тоа....хахаха...нормално...со брат ми и со пријателите далеку поопуштено...иако...и со постарите сум отворен...баш онаков каков што сум....но си имам граница...и имам почит...
    - Играчки сум имал доста..како мал...коа малку потпораснав...почнаја некои финансиски проблеми...но...за тоа потоа...но како мал....имав повекје омилени играчки....на 2 години...најомилени ми беа саксафонот што татко ми ми го донесе од Германија....играчка...но имаше 10 тонови...од ц1 до е2... и еден интересен микрофон...не се одделвав од нив... потоа...кога малку потпораснав...ми донесе еден меч....и како и секое дете...почнав да мечтаам...сакав да станам супер херој...потоа...кога уште малку се приблизив до реалноста... ми донесе некоја пушка...автоматска...па со моите роднини почнавме да играме такви игри...и така натаму...омилена приказна не памтам...веројатно и сум немал некоја особено драга...
    - Стравови....како и секое дете...така и јас...се плашев од боцкање...тоа на почетокот...потоа и не ми беше страв...па колку шо памтам...не сум имал некој страв од нешто онака...не ми текнува...
    - Отекогаш сум мечтаел да бидам супер херој...тоа да..како дете... премногу сум фантазирал....а најголема желба уште од мал ми било да станам музичар....да пеам...да свирам...тогаш не ми било битно... стално нешто сум глумел....фантазијата ми работела 200 на сат... па ,многу рано почнав и да пишувам нај различни текстови....

    - Па од сето тоа што го опишав....мислам дека сум бил доста палав...хахаха....моето детство е интересна приказна...само...немаме толку ни место...ни време ...

    2. ПРВО РАЗОЧАРУВАЊЕ, ПРВА ЉУБОВ, ПРВА СЕРИОЗНА ВРСКА, ДАЛИ СТЕ БИЛЕ ЕМОТИВНО ПОВРЕДЕНИ ВО ЖИВОТОТ – КОНКРЕТНО ОБЈАСНЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧИЛО, КОГА СТЕ САМИ ЗА ШТО НАЈЧЕСТО РАЗМИСЛУВАТЕ ИЛИ МЕЧТАЕТЕ, ШТО Е ТОА ШТО ВИ СЕ ЧИНИ НЕДОСТИЖНО И ДАЛИ СЕ КАЕТЕ ИЛИ СЕ СРАМИТЕ ЗА НЕШТО ШТО ДОСЕГА СТЕ ГО НАПРАВИЛЕ ВО ЖИВОТОТ?

    - хаха...епа...разочарувањата прилично брзо дојдоа....најрано што можам да се сетам е почетокот на моето школување...или...основно училиште...значи уште од нај рана возраст ме гледале како...незнам...конкуренција....било то да е во спорт... во учење....во други активности....и тоа кој....најдобрите другари.... јас сум човек што секогаш повеќе се залага за другите одколку за самиот себе....јас прво гледам на другите да му е добро....тие да се задоволни...а потоа јас...така да...сум правел се за другарите...а одсекогаш..тие...најблиску до мене...ме местеле... ме предавале....значи уште од мал....сум доживеал многу работи од оние кои ги сметав за најдобри другари....меѓутоа...тоа ме направи поцврст...ме изгради како личност...

    - Прва љубов....хаха...искрено не се сеќавам....веројатно...и сеуште не сум ја запознал...сум имал многу врски....фала богу....девојчиња имало секогаш...несмеам да се пожалам....меѓутоа...тоа е и една од причините поради кои не сум имал некоја подолга врска...секогаш сум бил искрен љубовник....всушност...секогаш и секаде сум искрен.... и...не би бил на тоа место...со некоја девојка...ако не сум го сакал тоа...значи ...се што сум направил било вистинско... меѓутоа ....и покрај сето тоа...до сеа не сум нашол некоја девојка...која...би ја задржал на подолг период.... можеби сум слеп...можеби не сум барал на вистиснкото место....но тука игра улога и се она што сум го доживеал како дете... доста се впуштам во авантури....но секогаш сум спремен на се....немам никакви очекувања...зато и не се разочарувам....и да сум се разочарал некогаш....тоа се претворило во некој текст..или музика....и испарило...така да...не се сеќавам.....дури... што е најинтересно...не се сеќавам ни на првиот бакнеж.... никогаш не сум обрнувал внимание на она што поминало.... секогаш сум стремел кон она што следи...

    - Кога сум сам...најчесто размислувам за животот....размислувам за се она што ми се има случено....се она што допрва ме чека.... се ставам себеси во милион различни ситуации.... барам излез од нив... ја барам љубовта во животот.... и сето тоа...го претворам во музика... значи секогаш кога сум сам...музицирам....пишувам текстови.... пеам... компонирам....дури и класична музика... сето тоа што го живеам го ставам негде на хартија...за жал...и јас...иасто како Бетовен...кога нешто ме јаде...го кинам листот...но...имам доста останати...така да...не е битно...

    - Недостижно.....хах....искрено...мислам дека...ако некој нешто сака доволно силно....можи да го постигни.....барем да стигни до него....така да...ништо не ми изгледа недостижно.... е сеа....треба и малку среќа во животот....ама мислам дека со напорна работа... и со огромна желба....се можи да се постигни....можда не перфектно... но... кожи да се стигни барем до некое основно ниво...
    - Па...не се каам за ништо во животот...ниту па се срамам..или барем не ми текнува...секогаш сум го правел она што сум го сакал....и сум бил на ниво на задачите.... всушност...ако мислам дека нешто неможам да го направам...не се нафаќам...а ако се нафатам...го правам најдобро што можам...

    3. ШТО Е ТОА КАЈ ВАС ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАБЕЛЕЖИ НА ПРВ ПОГЛЕД?

    - Па незнам...стварно незнам....хахах

    4. ДАЛИ ИМАТЕ МИСТЕРИОЗНА СТРАНА И КОЈА Е ДОКОЛКУ ЈА ИМАТЕ?

    - Не...јас сум тој што сум...не се менувам...освен...ако станувам животно на полноќ а да не знам за тоа...хахахаха.....ама...до сеа нема мртви околу мене...така да....нема гајле...хахах

    5. КОГА СТЕ БИЛЕ НАЈСРЕЌНИ, А КОГА НАЈТАЖНИ ВО ЖИВОТОТ И ЗОШТО?

    Среќни моменти имало многу...на пример, како дете..бев најсреќен кога се роди брат ми.... имав 2 години....ама сепак...ги памтам тие моменти... бев среќен после секој победен натпревар...пливање...кошарка... соло пеење....солфеж....хор....после секоја представа во битолскот народен театар....имав мали улоги но...ми значеа доста....кога дедо ми со последните негови пари ми купи кола....Шевролет Спарк....немав пари да турам бензин...ама имав кола...хахах....бев среќен после секој најмал постигнат успех...како на училиште...така и во останатите области.... бев среќен кога добив сертификат од Кембриџ од испитот FC... за високо познавање на Англиски јазик....а да...и бев среќен после секој пораз...знаејќи на што треба да работам за да победам.... и така натаму...

    Тажен....ретко кога сум ја искажувал тагата....не сакам да памтам такви моменти....обично завршуваат како песна...или како музика...и остануваат така...во некоја тетратка....веројатно....најтажен сум бил...после првите разочарувања од моите најдобри другари....кога за прв пат ме наместиле... кога за прв пат ме изиграле....веројатно тоа се тие моменти....

    6. ДАЛИ ЧЕСТО СЕ КАРАТЕ СО ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ, БРАЌА/СЕСТРИ/ПРИЈАТЕЛИ, НАВЕДЕТЕ ПРИМЕРИ ЗОШТО?

    -Не...не сум човек што сака да се кара или тепа...нормално...се си има граница...меѓутоа обично...јас сум тој што секогаш ги смирува топките....
    добро...не е ни се така розово...се случува по некоја ситна кавга...ама тоа е обично за доброто на сите...траат кратко....и стално завршува со смеење....

    7. ДАЛИ ИМА НЕКОЈ ВО ВАШИОТ ЖИВОТ СО КОГО НЕ ЗБОРУВАШ

    - Не....можи да има личности што не зборуваат со мене....а јас...зборувам со сите...не бегам од ништо и од никого... ниту па сум направил нешто за некој да не ми зборува....барем не намерно...

    8. ШТО МИСЛАТ ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ ЗА ВАС?

    -Гордоста на тато и на мама...хахах...од секогаш сум ги исполнувал и надминувал нивните очекувања...секогаш верувале во мене... во се сум имал поддршка....и така....

    9. ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ ГИ РАЗОЧАРАЛЕ РОДИТЕЛИТЕ И ЗОШТО?

    - Не... како што наведов погоре...секогаш се гордееле со мене...и со брат ми...

    10. ПО КОНКРЕТНО ОПИШЕТЕ ЈА ВАШАТА СЕГАШНА ЉУБОВНА ВРСКА – КОЛКУ Е СЕРИОЗНА, КОЛКУ ВИ ЗНАЧИ ЛИЧНОСТА, КОЛКУ ВЕ ИСПОЛНУВА, ДАЛИ СТЕ СРЕЌНИ СО НЕА И ПОДЕТАЛНО ШТО ПРЕТСТАВУВА ЉУБОВТА ЗА ВАС? ( ОНИЕ ШТО НЕ СЕ ВО ВРСКА, ОПИС НА ПРЕТХОДНИТЕ АВАНТУРИ, ВРСКИ, КОЈ Е ИДЕАЛНИОТ ПАРТНЕР ЗА ВАС, КАКО ГО ЗАМИСЛУВАТЕ ?

    - Епа...моментално не сум во врска...како што наведов погоре..веројатно сеуште не сум нашол девојка која би ја задржал на подолго време.... сум имал доста врски...кратки... многу од нив и доста слатки.... но ете...стално имало нешто што ги расипувало или распаѓало тие врски....затоа моментално.. сум некако авантуристички настроен...што незначи дека...ако не најдам некоја права девојка за мене дека нема да бидам озбилен....меѓутоа дури не ја најдам...ке уживам...како што реков...фала богу девојки има... зависи од расположението...но...сакам да експериментирам....мразам пасивност во било со...особено во водење љубов....сакам активна игра...жива...страсна...

    - Идеална девојка... никогаш не сум имал представа каква коса треба да има... или какви очи....бојата не ми е битна...битно ми е...сето тоа (ете вака да се изразам)..да е убаво нацртано...хаха...убаво лице...убаво тело... сакам кога девојка работи на своето тело... облини... убаво обликувани... не е битна големината....битен е квалитетот...да се паметни....сакам кога девојките се слободни...нормално...со тие некои граници... сакам отворени личности...затоа што и јас сум отворен....и така....мислам дека...доволно напишав...

    11. ДАЛИ ИМАТЕ ЉУБОМОРНИ ПРИЈАТЕЛИ/СОСЕДИ, ЛОШО ИСКУСТВО СО НИВ?

    Соседи не...соседите секогаш биле коректни...фала богу...во добри односи сме со сите...меѓутоа...уште од најрана возраст...уште од основно сум имал љубоморни пријатели....одсекогаш имало луѓе кои сакаат да ме турнат... било тоа да се работи за учење..спорт...девојки...музика... и тоа...стално оние „најдобрите“ другари.... се случувало да ме местат...да ме лажат....да вадат муабети....и сеуште вадат...особено сега...кога почнав на идол....и т.н.

    12. КАДЕ СТЕ ГЛЕДАТЕ ВО ИДНИНА, ВАШИТЕ АМБИЦИИ, ЖЕЛБИ, ФАНТАЗИИ?

    - Во иднина...се гледам на Музичката сцена...значи...без разлика што ке се случи на идол....учам соло пеење...што значи....како и да е...тоа е она што ке го работам во иднина...но повеќе се гледам себеси во оваа...по модерна музика...да не речам....се гледам на естрадата...но не само на Македонската...туку и на светската.......хаха
    ----------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Основни информации
    Жанр
    Pop music ( Pop, Rock, R n' B, Hip Hop...)
    Место на живеење
    Bitola
    Дискографска куќа
    Enterprise Records
    Биографија
    Viktor Apostolovski (1991)

    Viktor Apostolovski is a Macedonian singer, mostly known for his appearance in the Macedonian Idol show. His music career started off since he gained a huge amount of popularity, even though he didn’t expect it much.

    Viktor is born 12.02.1991 in Bitola, Macedonia. The city is known to have provided some of the best musicians who held the Macedonian stage. Music talents run in the Apostolovski family. Viktor’s grandfather and father used to be the greatest musicians in their youth, his mother was talented for singing, even though she never took it professionally, whereas his brother is a nine-year state champion in latin-american and standard dances.

    When asked about his childhood, Viktor likes to say “ My shoes walked my road. They know.”. As a child he was exposed to a much busier schedule than the kids his age. Apart from the school obligations, he was also training basketball and did swimming for 10 years, continuously considered as one of the best. Unlike other children, who always complain going to one school, Viktor attended two. Please add music school to the list. At the end of the day he was an obedient son, helping his father earn for a living.

    At the age of 14 he got accepted at the Bitola national music high-school, as one of the two best, among 50 applicants for opera singing studies. He did great in school, constantly being a straight A student. During his studies, he worked at the theater in Bitola and gained experience in acting. He played many roles and many plays like :
    - Fiddler on the roof
    - Хераклеа и Ликиниј ( Heraclea and Likinie)
    Зет за Христина (Son in law for Christina) and many others.

    After finishing high-school, he continued studying opera singing at the National Faculty of Music Arts in Skopje, Macedonia. He is third year now.
    As one of the most ambitious students of his generation, Viktor Apostolovski has won two first places in solfege competitions, and got two third places in opera singing competitions, both national contests. He and his choir have won grand-pris at an international choir festival in Poland, 2010. Another prize in his collection is number two at Melfest 2008, an international pop music festival.
    The Macedonian Idol show might be the greatest success for Viktor. He became enormously popular and formed a huge fan base that still follows every breath he takes. He made it to the top 4 in the show, just a step away from the grand finale. Even though he didn’t win, he is still most wanted by the public.

    Music is not the only thing that brought awards to Viktor. He and his basketball team have won the national championship twice. He also has numerous medals in swimming, including 6 gold, 8 silver and 3 bronze.
    In the future, Viktor sees himself as a successful composer, writer and performer, fulfilled with what he does and as a true role model to the fans.
    Сегашна локација
    Skopje, Macedonia
    Контакт за медиуми
    Simona Negrievska - negrievska@gmail.com
    ----------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Кој настап најмногу ви се допадна?За кого бевте од идол?И дали ви се допаѓа песната на Виктор?
    You Were Mine
    ;)
     
  2. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.829
    Пол:
    Женски
    |(
    Koj беше ова?
    А, да, комарецот(копирајт Офи) од Битола |(
    Јас првпат и слушам дека имал песна, не ми се допаѓа, ниту ми пее, само се филма. Толку :bow:

    Мислам, ако, мала си, во ред е да си имаш идоли, али немој вакви, на грешен правец ќе те одведат :)
     
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    17.915
    Пол:
    Женски
    Зар мора да отвориме тема за секој идол посебно?? |(
     
  4. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Мора, мора, како не! Штом има тема за Кикица, мора и за Виктор. Како така?!
    Викторијанки, Кикохоличарки, бла блааааа.
    Аман веќе!
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    До кога за секоја шуша и за секоја глупост ќе се отвара нова тема??
    Амн претеравте веќе, само се трупаат нови теми, без врска и се прави неред на форумов.
    Не е никоја ѕвезда, одвај една песна, две има за да го напречеме пеач.
    Преценето, арогнатно човече, со малку талент за пеење и одма фама се крева, без потреба...
     
  6. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    3.719
    Пол:
    Женски
  7. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    728
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    5.142
    ... и после се чудите зошто Џастин Бибер, Селена Гомез и таквите имаат повеќе испишани страници откако квалитетните пеачи :lol: Just sayin... :lol:
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Темата е заклучена бидејќи веќе постои тема за „Идол“.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.