Вилијам Леви првпат го видов пред мноогуу годинии (5-6 можеби ) кога се натпреваруваше во телевизиското шоу Protagonistas de novela (која му беше отскочна даска во понатамошната кариера, не само нему туку и на неговата сопруга, Елизабет). Беше интересно за гледање, бидејќи колку што се сеќавам тој и денеска "познатиот" Ерик Елијас водеа жестока борба за кој да ја освои Елизабет. И ете на крајот, нему му падна "среќата", иако мене не ми беше некој посебен фаворит заради некое негово арогантно однесување во дадени ситуации. Потоа го гледав во "Cuidado con el angel", но никогаш не ме привлекувал (барем онака како лице од телевизија). Симпатичен е, но барем кај мене не предизвика "пеперутки во стомак" - за разлика од Jencarlos Canela (Муахаха ).
Ах, убав тој на мајка. Стварно е убав човекот, и тело и ливе и косата убава му е (сега не е до толку плав на кафеаво мава) . Cuidado con el angel само заради него ја гледав, оваа на Сител Магична Привлечност заради него ја гледам и уште една гледав додека бев кај баба ми на Пинк, Триумф на љубовта мислам се викаше.
И јас го паметам од ова шоу што беше премногу интересно ама некако жирито не го сакаше според нив беше еден од најслабите но само тој, Елизабет и Ерик се прославија понатаму. Не очекував дека врската со Елизабет ќе им опстои и после шоуто супер пар се. Ми се допаѓа типов шармантен е симпатичен секси и му прилега улогата во серијава на сител моментално што ја даваат. Ма одличен е
Супер е дечково, на изглед, оти како глумец во никоја серија го немам видено, т.е. не гледам шпански серии..
Me, me, me! Некаде на 10.06.2011 ми го споменаа, другари коментираа нешто за него. Ни го покажаа, се запрепастив од тоа колку е не посебен. Не разбирам зошто се крева толкава прашина околу него, ама секој со вкусот.
Во филм прв пат го видов во Маричуи. Во однос на глума неможам да кажам ништо, немам гледано филмови со него, освен тие 1,2 епизоди од Маричуи. Телоо оо да - прекрасно. Во фаца, на некои слики ми се допаѓа-онака просечно, на некои како женско ми е.
Хм. Не е неешто посебен. Човек. Не сте виделе? Не ми се допаѓа шо некако има подучњаци, ама онака подуени, чиниш сега станал.
Усте најпрвиот пат кога го видов во една од оние глупите сапунски серии знаев дека се работи за некој исфорсиран манекен кој колку сто му е голема тоа устата усте толку ја прчи ,ствар укуса но мене лично ми е ептен препотентен тоа и на сликите се гледа такви заљубени во себе ми создаваат одбивност,тело гром да немам зборови ама се друго па и слава?ако е некој глумец ај да го споредиме со некој актер од холивуд