Гледа некој полуфинале? Жустро,жустро. И Цонга и Џокович се добри, ама сепак мислам дека Цонга е малку подобар. Се надевам ќе влезе во финале.
И јас навивам Ѕонга да победи сега,иако и двајцата се добри,морам да признаам. Туку,како заврши првиот сет,татко ми смени ќе гледал вести ? Бтв.Неможам да го поднесам оној на Телма кога ќе го каже она ЅонгАа.Леле ми иде преку телевизор да му маванам една
Утре е финалето жени Sharapova - Kvitova јас сум за Sharapova многу си ја обожавам и цела куќа ке ја кренам во вис
Ништо од финалето Федерер-Надал. Инаку Џокович од понеделник е и официјално прв тенисер во светот -.- Не го сакав овој тенисер, премногу е арогантен и ми нема фаца за тенисер број еден Денеска очекувам Шарапова да ја победи Квитова. А утре жестоко ќе навивам за Рафа да го победи Новак и да докаже дека за брзо ќе се врати на старото место
Кој е број 1 да чујааааааааам? Нолееееееееееее! Очекувам утре одличен меч и победа на Ноле наравно. И тоа како има фаца за првак А еве го поенот што ме фасницираше вчера. Додуше не е ова поен, поениште!!! http://www.youtube.com/watch?v=zIlUq6Ii ... ture=share
Top 10 1 Rafael Nadal 12,070 2 Novak Djokovic 12,005 3 Roger Federer 9,230 4 Andy Murray 6,855 5 Robin Soderling 4,595 6 David Ferrer 4,150 7 Tomas Berdych 3,490 8 Gael Monfils 2,780 9 Mardy Fish 2,335 10 Andy Roddick Не разбирам Ова е од официјалната АТП страна.Разлика се 70 поени,значи ако Надал поеди утре,пак си се враќа на старото место?! Нешто не ми е јасно ама,ако е така џабе толку радување за Ѓокович т.е како и да е џабе е радувањето,на следен турнир Надал може пак да победи(што е многу нормално нели )и пак Ѓоковиќ втор.ААААААААА-ТРТ! Ќе ви биде џабе радување,викам ја.Рафа си е Рафа,не му се дава он на еден Ѓоковиќ
Ова е табелата за мажи но од понеделник ќе има измени. Значи лани Џокович на вимболдон стигна до 1/2 финале а годинава до финале а тоа значи дека не само што ги одбрани поените од прошлата година туку и освои и дополнителни поени и че има повеќе а за Рафа тој може утре или да ги одбрани поените колку што ги има и сега(ако победи) или да ги намали(евентуално ако изгуби утре). А Џокович ќе освои посекако дополнителни бода што значи дека од понеделник ќе е 1. Не знам дали добро се изјаснив
Не знам што да коментирам... Освен дека сакам утре Џокович да победи за да не може Надал да го стигне Федерер со титули... Не ги сакам воопшто, особено не Џокович лигавиот, Надал барем скромен е и го почитува Федерер повеќе од се, но не сакам ете себична сум и не сакам никој да го стигне Федерер со титули... А тој место да земи да игра ко што си знае, тој губи после водство од 2 0 во сетови и потоа уште ги уверува сите дека се осеќал физички предобро и изиграл добро!!! е кај изигра добро ко изгуби после такво водство??? Јас бев толку сигурна дека ќе победи овој пат, 7ма титула за 17ка, а тој.... Ајде да видиме што знае Џокович утре, макар што ми се чини не ќе може со Надал да излезе на крај!
Хахахха,па добро се изјасни,кооонечно сфатив што е работава.Ама па пак нешто не сфатив,70 бода води Надал,е тие Ѓоковиќ ги доби во полуфинале,што прајме ако утре Надал победи ?Пак си се враќа или..? Мене се нешто не ми е јасно