Сега брзо е излезен филмов така да сеуште нема официјална снимка.Пребарај на претходните 2 страници имаше еден линк од кино чинам е и со превод на шпански.
Преведена е на македонски под насловот Светот не е фабрика за исполнување желби. Ја има во Топер, Три, Матица, Култура, Мамут, Тримакс и сл. затоа што е издание на Сакам Книги.
Значи ова е од ретките филмови на кои сум се расплакала. Дефинитвно преубав филм навистина ме остави без зборови.А,во скоро време би сакла да ја прочитам и книгата.
Јас по навика плачам на филмови, било да се среќни било да се тажни. Кога гледам филм секогаш најповеќе се концентрирам на поуката која можам да ја извлечам. Целата приказна е полна со убави пораки. Бев вчудоневидена кога го препознав начинот на кој се заљубив во мојот сакан. Уживав во целиот филм, во нивната верба, во нивната утеха. И цело време ми се вртеше во главата прашањето, зошто мора нешто лошо да ни се случи за да размислуваме како нив? Зошто не го цениме тоа што сме и го имаме? Зошто треба да слушнеме или видиме колку нечиј живот е за никаде, за да сфатиме колку е прекрасен нашиот живот и покрај сите проблеми со кои треба да се соочуваме и да ги решаваме. Здравјето е најбитно. Сепак најголема енигма ми е, зошто после гледање на некој ваков филм или откако ќе слушниме за нечија потресна несреќна приказна и кога сфаќаме колку сме всушност среќни, сепак најголем дел од нас продолжуваме по старо? Не се стремиме ништо, да превземиме, да смениме нешто во светот, во нашиот живот во животот на нашите блиски? Сите ние можеме се, но колку сакаме и сме волни, е прашањето.
Само што го изгледав филмот и немам зборови со кои би го опишала. Прескрасен е! Прекрасни глумци,прекрасна глума,прекрасна приказна,што уште би можела да кажам. Сите детаљи се доловени,скоро се е исто како во книгата,баш онака како што си замислував. Инаку го гледав онлајн. Еве ви линк http://putlocker.is/watch-the-fault-in- ... ocker.html во ниту еден момент нема да зажалите што сте го гледале.
После толку време, конечно и јас го изгледав Нема да се повторувам со претходните коментари затоа што се што сакав да кажам, веќе повеќето го кажале наместо мене.Само ќе кажам дека иако не сакам филмови со трагични краеви сепак ми се допадна, не беше лош но не сум и нешто вау изненадена.. очекував повеќе?
Само што го изгледав и филмот е чиста десетка , вниманието ти го одржува до самиот крај, глумците одлични , приказната фино стокмена има многу поуки сега секој различно може да го доживее сепак вреди да се подгледа . Нема да ви е залудно потрошено времето сигурно
Немам зборови за филмов, прекрасен е стварно.. Книгата прво си ја купив и буквално неможев да ја оставам Потоа го гледав филмот. Обично не плачам на филмови ама на овој се расплакав Прекрасна приказна, еден од најомилените филмови Спојлер “Some infinities are bigger than other infinities.” “Maybe 'Okay' will be our 'always'...”
Морам да искоментирам дека филмов има прекрасен саундтрак, меѓу другото. Почнувајќи од Ed Sheeran па сè до Birdy. https://www.youtube.com/watch?v=nkqVm5aiC28 I can hear your heart on the radio beat They're playing "Chasing Cars" and I thought of us Back to the time you were lying next to me I looked across and fell in love.
Очекував повеќе од филмот,ама не беше лош. Знам дека многумина нема да се согласуваат ама во филмот го немаше тој момент на кулминација кој што ке те возбуди. Јас не плачев на филмов бидејќи не го почувствував моментот во кој треба да плачам.Само почувствував тага,не сум толку бесчувствителна.Мислам јас сум многу чувствителна и сум плачела на филмови и серии кои не се ама баш ич за плачење,а сега не знам што ми беше на овој иако 2 пати го гледав. А инаку присуствува емоција во филмов,кога Аугустус и Хејзл се заедно,баш беа убави.Шаилин е навистина одлична глумица,и спуштам капа. Има торенти со убава снимка проверете по интернетов,инаку.
Според мислењата на темава од филмот очекував многу но не ме воодушеви, на моменти ми беше досаден .Можеби во книгата е поубаво опишано па ако ја најдам ќе ја читам. 7/10 за филмот
Мене ми се допадна филмов. Имам гледано филмови со Shailene Woodley (Хејзел) и не ми се свиѓаше како глуми, ама после овој филм се предомислив. Стварно на добар начин е обработена приказната. Сцените кога шетаат низ Амстердам ми се омилени.