Еве одлична снимка од пајратбеј. Си го ставив на ЦД, има да го утепам од вртење. Спојлер http://thepiratebay.se/torrent/10801450/The.Fault.in.Our.Stars.2014.EXTENDED.HDRip.XviD-SaM[ETRG]
На кинотека го има девојки ако сакате да го изгледате. А за филмот, немам зборови. Одамна не сум изгледала толку добар филм како овој.
Женски и јас го гледав на кинотека, супер е .. иначе филмов е прекрасен си се утепав од плачење, прекрасна му е содржината, искрено сакам да ја прочитам и книгата, па да не знај некој каде ја има да ја купам.. ?
Изданијата на Сакам книги ги има во сите поголеми книжарници како Три, Матица, Топер... ја има во секоја од нив. Книгата е уште поубава!
Јас не можам да се опоравам од филмот Еве 10 минути како заврши јас уште не можам да се смирам, одличен филм јас би му дала 100ка не 10ка, малце ќе е. Гас ми беше совршен и мислам дека супер си ја одигра улогата И знам дека кога и да го гледам, пак и пак ќе се пукнам од плачење, едноставно мора да го изгледате
Филмов е кој има солзи за плачење да го гледа јас го гледав три пати и секогаш кога ќе го гледам се убивам од дефинитивно најтажен филм што сум го гледала,
Мене искрено филмов не ме допре толку многу можеби зошто знаев што ќе се случи на крај па затоа испадна така или...? Како прво на моменти ми беше многу досаден, све тапка у место пола саат па така поинтересен дел ми беше кога отидоа Амстердам, случувањата со писателот.Крајот морам да признам дека како и сите останати и мене ме трогна ама се случи да испуштам само една солза (најверојатно што се присетив на моите многу драги личности што починаа од рак) што е многу чудно, плачка голема сум ама како што напоменав изгледа ова ми се деси зошто знаев што ќе се случи. Актерот мислам дека беше далеку подобар од актерката иако мислам дека немаше сцена каде што посебно ми се допадна глумата и на двата али сепак колку за тинејџерски филм, убаво беше. Се на се мојата оценка би била 8 од 10, не е нешто уау ама ОК е ко за тинејџерки. И да, тинејџерка сум
Јас сега кога ја видов темава сфатив дека уствари не го догледав Пред месец и нешто седнав да го гледам, го цепкав на парчиња, пушти-сопри и сега поим немам ни до каде бев. Кога ќе ја прочиташ книгата, филмот не може да ги достигне твоите очекувања. Не ми се допадна изборот на актери, може затоа во целост филмот не ми остави впечаток.
Мене филмот воопшто не ме воодушеби, можеби затоа што пред тоа ја прочитав книгата. Емотивна личност сум и секогаш си пуштам по некоја солза, но овој филм воопшто не ме трогна.
Не ја читав книгата, прво филмот сакав да го гледам, и не се разочарав. 6/10 Морам да признаам дека плачев, значи последните 15 мин. негде до крај, бев лом. Би сакала и книгата да ја читам, ќе и дојде ред.
Значии филмот е предобар, нема шанси да не заплаче човек. Нешто ми сецкаше и не го сватив еден дел баш најдобро. Што уствари се случува со момчето одкако ке се вратат од Амстердам, Тој уште таму и кажува дека нешто не е во ред со него. На Тој дел снимката не беше баш океј па не сватв....
Еден од ретките примери за добро филмувана книга. Се` е како што треба, многу малку е изоставено а исто БАШ така си ги замислувам физичките изгледи на ликовите... Одлично!