Јас сакам Радован да влезе во обединувањето, мислам дека најмногу заслужува од сите таму. Марко некако не ми е симпатичен, се ми се чини дека не е толку коректен како што се прави, ама можеби грешам . Станија ми стана одвратна и не сакам воопшто да се врати, си го покажа правото лице.
Станија е права бештија. Дури и комплимент е тоа за неа. Прва прилика она и нејзината fake насмевка треба да летат од Survivor.. Шо се тиче победата уште мислам дека вистински ја заслужуваат само Милан и Себастијан.
Марко сега ќе игра против Невен за влез во обединувањето. Ако победи Марко, сигурно ќе го земем Радован. А ако победи Невен, можно е да го земе Марко, дека беа во исто племе порано, а можно е и Јелена. Зависи, ако имаат добар однос.
^ Аууу да бе, јас заборавив на Невен. Да, сега ќе има борба измеѓу Невен, Марко и Жаре мислам дека или се лажам? Или само меѓу Марко и Невен? Пошто мислам дека 3ца се во таа борба за кој ќе влезе во обединувањето. Ако е Невен мислам дека Јелена ќе ја земе, а ако е Марко мислам дека Радован ќе го земе, а искрено би сакала Радован и Јелена да се вратат.
Жаре мислам дека отпадна од Марко. Значи, ќе се борат Марко и Невен и победникот ќе оди во обединување.
Сакам Марко и Радован да се вратат во обединетото племе. Радован ми е борбен, добар, фин, мил... треба да се врати во племето, заслужува... Марко е најпаметен од сите, исто така физички е добар... Овие двајца не се злонамерни, безобразни и омилкувачи, самостојни беа, и не се пикуваа насекаде, не праве сплетки и кланови.Браво што беа чесни. За Станија од почетокот имав лошо мислење, потоа го променив, а сега го потврдив она што го мислев од почеток, браво Станијо, си го покажа твоето вистинско лице. Жаре е цар, како ја емитираше ахахахаахах Ама како и го тресна в лице Александра, ако убаво и прават, треба да ја симнат доле малце. Ава, леле... -.- значи не ми е верува! Таа без никакви маки си догура до обединетото племе... само таквите како неа успеваат во се, а да бидеме реални таа најмалку заслужува. Ама, мора некој да им ги пере алиштата, сега од понеделник ќе се игра индивидуално, или ќе има уште еден циклус пред обединувањто?
Не би да кажувам мислења поединечно за секој, зашто не се баш сјајни, ќе кажам само дека дефинитивно мој фаворит за победа од првиот ден па се до сега е Себастијан. Скромен, мирен, интелигентен, не се фолира, според мене вистински Преживеан.
И јас баш би сакала Јелена да биде една од тие кои ќе влезат во обединетото племе. Во почетокот имав многу лошо мислење за неа. Дека е негативец, шири негативна енергија, но тоа се промени. Сега ми е супер и мислам дека е во право за се она што и го вика на Миа. Таа ми е некако најиздржлива од женските и никогаш не се жали во врска со храна и сл. Знае кај дошла и какви се условите тука. А не како некои други. На пример Станија (несакам ни името да и го спомнувам од што ме нервира). Безпричина почнува кавги и се кара за глупости. Си кажаа и другите учесници, таа пред камери е една, зад камерите друга. Уфф, неќам да ја смислам.
Леле, секоја чест на Жаре, како и враќаше на Станија, умрев од смеење. "Иди сунчај силиконе" хаха Не можам да ја поднесам значи. Сака секого да оцрни и намерно кажува што се се разговарало позади камерите. Што мораше да повтори 10 пати дека Александра имала нешто со Радован? И после за Јелена да каже дека била со 21 годишен. Страшно. Голем манипулатор е. По секоја цена сака да влезе во обединетото племе. Се надевам дека нема да и успее.
Аууу оваа Станија не се поднесува, само зборува, досадна е брее.. Море како сакав убаво да се истепат со Александра да се фатат саалам за косите. А и Жаре е мн лигав, па не го личи за неговите години, само провоцира. А како што забележав во недела кога дават повратак у цивилизација оваа станија мислам дека беше на 2 ро место по бр на гласови. Искрено сакам да победи Себасијан или влада ама повеќе сум за Себастијан. Пријатен човек ми е .
шо се чудите луге,па нели ви текиња дека коа беше александра у студио кажа дека контактираат со станија и дека ке и доагала на гости така нешто.карањето клоцањето било тогаш за тогаш после се простиле богами таму без никаква заминација,без обавези,без доволно храна,секс не смеат да имаат оти камерите само тоа чекаат,и шо им останува друго освен да се караат како ке исфрлат негативна енергија иначе.. а шо се тиче станија мислам дека константно ја напагаат и мора да се брани и кара девојката.а она најубаво ги пречекуваше сите коа ке дојдеа на островот на исфрлените,дали во потрага по имунитет дали како исфрлени станија секогаш сите ги пречекуваше со убаво..за разлика од јелена и другите кои често не сакаа ни да се поздрават од прва со дојдените..јелена и жаре дури сакаа марко да го пратат сам да спие кога дојде..а после ко освои марко право да иде понатаму тогаш му почнаа циле миле да му прават,а па после и го пребацуваа на станија тоа демек она му се умилкувала,а нема везе станија од старт го прифати марко,и кога му беше тешко беа да шетаат заедно и и се жалеше марко за однесувањето на јелена и жаре спрема него..баш како шо кажа миа еднашка кога разговараа со станија-нам ни го префрлуваат тоа што всушност го прават тие самите..пред да дојде жаре на островот станија имаше океј однос со сите,е од кога дојде жаре почнаа да се расправаат со станија и од тогаш се створи еден негативен однос кон неа.јелена и жаре се подржаваат и се против станија.. е проблемот со станија според мене е што незнае да прекути,туку мора секоја една работа да ја истурка до крај,не знае да премолчи заради мирот во племето,туку мора да го искаже својот став,а кога ке почне тешко запира и така и од мала ситница насстанува кавга,што мислам дека се деси и со александра,беа добри толку време,и од обичен муабет ја дотераа до тепање,ама станија мора да си го искаже своето..не дека немаше право,очигледноо е дека имаше романса мегу александра и радован,е сеа дали останало само на дружење и платонски симпатии или имало и некој бакнеж тоа незнаеме пошо камерите засега не се покажале такво нешо.ама станија спиеше до нив така да видела ако имало нешо.ама ипак не ја подржувам шо го кажа тоа јавно,и да видела нешто требаше да си кути..ама не ја штедат и неа и она не ги штеди другите.сурова игра е сарвајвер,а сами се пријавиле да идат нели
Со нетрпение чекам да ја гледам утрешната епизода. Сакам да се врати Радован затоа што стварно дечкото заслужува. За него имам ептен позитивно мислење бидејќи не е како другите. А со него сакам да се врати и Марко. Т.е. Марко да победи утре во борбата со Невен и да го земе со него Радован. И Марко ми е фин, барем досега како што се покажа. Станија веќе го покажа своето право лице. И кога дава изјави пред камера ме иритира нејзината цинична секогаш насмеана фаца. Како ги испровоцира сите предходниот пат, страшно. А со Александра добро шоу направија за телевизија . Милан ми стана скроз антипатичен, и следен што сакам да испадне е тој. Незнам зошто но дали оти еднаш ги потценуваше девојките, па договорот им бил девојките да испаднат само мажите да останат, незнам. И да, лицемер. Предпоследниот племенски совет имаше највеќе гласови за него но за среќа не испадна, и сега за да се заштити и се лицемереше на Мартина, демек мацо тој неможе тебе да те расплака, ниту да те нервира. За негова голема среќа, а за несреќа на Невен, оваа ситуација му беше како порачана.
http://www.time.mk/read/7f4dc0225a/0193 ... index.html Што се се прави за да се има читана вест. Ова е чудо. Добро бе, и да зборел на телефон не е будала да застане во кадар да го снимаат.ЦЦЦЦ Што не ќе слушнеш
^многу убаво се гледа дека позадината меѓу прстите на Жаре се гледа, живи глупости што се нема да измислат само за да бидат читани