Марко ми беше еден ед фаворитите покрај Алекс и Влада и многу ми е криво што испадна. За Невен не ми беше толку криво ама мислам дека има некои што требаше да испаднат пред него како што се Ава(немам ништо против неа ама доста и беше до тука), Маја Лена, Кристина и Никола. Невен најмалку придонесувал во племето, немој молимте а другиве се прекршија од работа (зборувам за последните 3 дена откако се обединија) освен Ава перачката и Маја Лена која им готви по милион пати (не знам што Survivor ќе беше ова само да се јадело и лежело). Инаку, морам да кажам дека Огнен, Себастијан, Никола и Кристина не ги поднесувам од самиот почеток а во последно време и Мартина почна да ме нервира.
Криво ми е и за Невен и за Марко не заслужија да отпаднат едноставно.Ава,ах Ава тоа од неа се очекуваше,дволична е ПРЕМНОГУ.Жаре почна да е циркус Мартиништето му забоде нож во грб на Невен,кучка...не можам да ја сварам иако ја сакав на почетокот,ама си ги покажа роговите.Кристина почна веќе абе што...ми се повраќа од неа,а ми беше меѓу омилените.Тоа ти е кога ќе веруваш слепо во човечкиот род.
За 33 изгледа одлично, јас мислев дека е околу 25 И најдобро изгледа од сите и тоа без шминка останатине се баби
Целосно заслужи да испадне. Од првиот ден ништо неработеше и само оговараше. ‘‘Ја сам краљ Џулијан‘‘ АЛО!!! кој мислиш дека си додека гругите се рабодеа тој само лежеше, добро имаше и сесија за оговарање. И нашана Александра ништо неработеше па беше секогаш прва за отстрел, тој заслужи прв да испадне
Мене за Невен не ми е мака што излезе, ама ич. Не ми беше многу симпатичен. За Марко, малце ми е криво, оти баш реален си беше човекот, кажуваше како си мисли, не се покажа баш ко политичар. За Ава, кое чудо, пак се спаси оваа бре! Не знам, ако сега освои имунитет во следнава игра, пак нема да ја изгласаат. Колку ја жалам тоа е чудо! Ги измоли сите да не ја гласаат пак и после тоа им се заблагодари Колку треба да си очаен за тоа бре?!?! Ретарда. Најодвратни во племето - Кристина, Никола, Огнен, па во последно време и Себастијан. Ех Себастијан бре ... Нема толку фин и сталожен човек на светов, си носел и он маска, али ај ...
Вака искрено не ми е жал што излезе Марко ! Искрено човекот може е океј можеби не навлегол во игри ама ете мене не ми е комплетен играч за да победи. Невен исто,лежење одмарање,никаков интерес,и после Мартина го издала вака така,ајде таму оди си кај Жаре забавувај се, Ава вака така,си остана подолго за разлика од некого,не и придавам значење затоа што кај и да е ќе излезе и она,мислам во финале секако нема да отиде,Мартина е чудо од дволично створење заедно со Кристина (под чија заштита се влечи и Никола ) Алекс? Ако треба да има жена во финале,а секако дека треба искрено ќе ми биде мило да е тоа женава,зошто? Бидејќи се покажа како психички поиздржлива и поспремна од многу мажи кои се таму, е интересното тек доаѓа,на што мислам? Мислам на Владо,Милан,Себастијан и Огњен, моментот кога ќе треба да се изгласаат самите Од почетокот мислев така и стојам на мојот став Милан и Себастијан до финале,игри кланови,епа пари се во прашање бе,убаво си кажа Јелена "Нема веќе овде многу се*с,сите ги сакаат парите да не се лажеме.
Мојата реакција кога дознав дека крАва е сеуште во проклетиот срвајвер: Spoiler и нешто, која ја емитирам.
Не се интересни веќе овие реакцииве за Ава. Еден стави првпат ајде да кажеш океј, ама не мора сега сите фаци да бидат искористени за ова.. досадно е.
Дали вечер ќе има повратак у цивилизацију, поради тоа што марко е политичар, а денес е предизборен молк во србија?
Стварно претеравте више со таа Ава. Пет пати да пишеш и сите коментари да ти се колку ти е одвратна и не ја поднесуваш е многу напорно за читателите. Инаку Сноу, Враќање во цивилизација има во недела и не знам дали има врска што е предизборен молк. Марко нема да гостува во некоја политичка емисија. Останува да видиме утре.
Хаха, ако ви пречи не мора да читате, ама полесно ми е да го напишам тоа што го мислам, отколку да се нервирам, вака барем некако ќе ја исфрлам лутината што ја чувствувам спрема, и следен пат кога ќе пишувам лоши зборови за некого спојлер, и така нема да читате. Инаку, повратак у цивилизацију ќе си има во недела, ко и обично. Или, чекајте, па по 2 пат сега и за Марко и Невен?
Веќе 10 пати пишавте сите за Ава, разбравме дека не ја поднесувавте, али ок инаку како би набиле повеќе мислења. Само Јипман беше интересен. А колку финалисти ќе има и дали ќе имаат некоја улога исфрлениве?
па исврлените се големиот совет и они заедно со публиката ке гласаат за кој да оди во финалето или кој ке победи (не ми текнува точно) а финалисти ваљда помалку од 5
Не требаше да испадне Марко, фаворит ми беше и го сметав са најкомплетен натпреварувач. Следен за испаѓање треба да биде Никола или евентуално Кристина затоа што ми се претерано антипатични , па потоа и Ава (немам ништо против неа, туку наппротив ја сметам за доста итра затоа што успеа и овој пат да се извлече).
Среќичка, едноставно ако не ти се чита - не читај. Не верувам дека луѓето овде пишуваат за да напунат мислења, аман веќе со муабетов. Ако ја пратиш темава, луѓево после секое случување во Срвајвер пишуваат, а тоа што Ава во последно време е предмет на темава е само актуелно. И онака повеќето не ја поднесуваат, и темава им е ко издувен вентил да си кажат на душа колку ја мрзат, што не е јасно. Кога беше Александра актуелна со легачењето и метлата, сите овде пишуваа, ко којзнае колку да е страшно ако некој си пишал што му лежи на душа, или првиот племенски со Миа, сите го коментираа тоа, се полнеа страни и мислења, браво за нас. Ајде сите овде седнале да пишуваат за да си билдаат мислења, ако гледаш повеќето не се ни замараат да бројат колку ѕвездички имаат, ниту бројот на мислењата им значи.