Борбите не се којзнае колку тешки, ама покажуваат дека не е само физичката спремност, треба и психички да си спремен, што дека Владо е 100пати поспремен од Алекс пр. кога таа е на чекор до финалето сега, а има многу поспремни машки, таа е само обична жена? Кога него го надвладеа нервозата во малава борба со порцеланскиве тањири и шолји пр.? Ја сум ЗА физичка спремност пред се, но усогласена со добри тактики и психичка издржливост, која овие физички спремниве треба да ја вежбаат.
Баланс, баланс, баланс... Spoiler Абре, сакам тепање, сакам борба! Браво за Алекс, по полека, ми стана фаворит. И немој само да ми кажеш дека малата награда пак ќе биде храна?
Јеее, браво за Алекс! Себастијан се обидуваше да ја деконцентрира, ама не му успеа. И се виде колку е само загреан за финалето и завидлив на Алкес. 2 пат губи од исто женско. Јака конкуренција. Браво за Алкес, мој фаворит. :up: Себастијан ми се одмили, и на крај неговата пцовка, покажа каков е. Неговата рекација, изразот на лицето, и покретите што ги прави, се гледа дека е љубоморен. Никола бетер од женичка е, прв да испаднеш во онаква борба, Ава и Кристина повеќе издржаа. Не е се во физичката спремност, пак ќе кажам, треба да си смирен внатре, да имаш концентрација, и силен мотив. Можеби Алкес се правеше дека не и е важна борбава, се подопуштија машкиве, а Алекс имаше силна волја и победи, го зезна, ете така треба! Да работи мозокот, паметна си е таа. Следна е Ава, Маја Лена или Никол(ин)а.
Себастијан и Огнен се најнефер играчи и натпреварувачи. Овој првиов пробува преку некои негови тактики, јавно си признава по милион пати дека си гледа само за него, океј чоек сфативме, јавно признава дека гласа за конкуренцијата, нормално ако може он и 100пати би гласал за Алекс, само зошто му ги поматуваат плановите, а он што очекуваше дека ќе биде со Маја Лена, Ава и Никола во финалето? Леле, да не се зарекувам, може и тоа да биде ако одат сите по таа логика да ги гласаат најспремните и одмилен ми е Себастијан, од никогаш не сум го сакала, сега бетер, завиден, љубоморен, себичен, се ќе направи да ја елиминира конкуренцијата од која он искрено се плаши, затоа така се однесува, зошто има и подобри од него очигледно па може наскоро и да го нема. Овој вториов па, се ќе направи за да стигне до финалето но за разлика од Себастијан овој физички се пресметува со сите, трагикомично ги испотепа жениве човече, кај и да е ако има некоја борба, баш она борба, ќе го јадат пак што маж ќе беше, што џентлмен само не знам. Јест да борбиве се безмилосни, ама пак се ЛУЃЕ натпреварувачиве, не се животни ако се на остров бог да чува. Треба да се има некоја човечност овде. Не се работи за предаторство.
Same old , Same old мажите се обидуваат Алекс да ја уништат и не им успева Јелена постојано збори и анализира на островон , другите се зезаат и Утре Ава коначно ќе испадне
Невен нека го нарекуваат и педер и размазен и како сакаат ама реално тој и Марко се нај мажи во шоуто. Маж си кога се однесуваш кон дамите како што му доликува на еден кавалер, а не како исплашено детиште што не знае каде да фати ама си ги сака парите што ги зема победникот. Не велам јас да им попуштаат или да не ги исфрлаат ако мислат дека се слаби, ама да викаат ај пушти ми или да се тресат од Алекс дека е спремна и сериозна конкуренција, би рекла пи*ка, а не маж. Себастијан гревче, од жена е надигран двапати веќе, искрено сочуство. Тој ли е оној што смета дека жените не можат да се мерат физички со нив А Ава нека испадне веќе, не се трае..
Алекс зеде дупли, да видиме како ќе го искористи. И хамбурбер со сок си доби за награда, за жал само минутка имаше да се најаде. Ќе биде интересно по Дневников
WOW утре ќе биде наинтересната епизода во Survuvor. Јелена ќе се изнаруча гомна на племенскиот савет,а после ќе се врати назад у племето со Миа Бегович. Колку сакам Никола глупакот да отпадне...
Паметна Алекс, паметна :geek: добро го смисли планот само овие другите девојќи тешко да ја подржат Баш би сакала некое машко да испадне по ќе биде интересно
Мора да и се нацрта на Ава, за да сфати. А после ќе бара и да и обојат. Алекс убаво и рече, да се исфрлат машките. Ама Ава ко Ава како почна.. Јас не би гласала за тој, овој, оној.. Ај сите. Сега, единствен фаворит ми е Алекс.
Фала богу и тие се свестија конечно дека само ги користат и дека една по една сакаат да ги искористат и избацат од обединувањето. Ава пак ќе ги издаде, како и во Борука. Сирота Алекс се изнамачи додека да и објасне дека треба конечно да се обединат женските. Јас мислам дека Кристина и Мартина нема да се сложат да гласаат за некој од машките да излезе. Посебно не за Никола, а огормна желба ми е да испадне тој. Многу почна да се занесува дека не бил загрозен, па и ги оговара женскиве, а полош играч е од сите жени.
Да ви кажам искрено ептен ми се напраи мерак што победи Алекс Оној па Никола како ме нервираше вчера со она оговарањето негово ова била дволична она била ,а он се видел ли каков е
Овој Никола вика за Алекс дека била дволична дека демек со една се гушкала па послем оди кај друга збори против нејзе. А он што прави позади грб збори за нејзе а кога е она тука се смешка и ќути. И мислем дека не е точно тоа дека она станала ПОГЛАСНА откако го освоила имунитетот. Абе ајде да беше некој друг на нејзино место цело време за тоа ке збореше она воопшто не ни збори за тоа. Супер е тоа што проба да се спојат сите женски и да исфрлат некое машко .. Ама изгледа Ава пак ке зезне работа.. а може и Ава да му каже на Себастијан и тој да прифати да гласа за некое машко нели пошто тоа него му одговара !
Значи овој Себастијан колку ми оди на нерви, незнам дали забелезавте и во претходната игра кога останаат со Алекс и кога таа победи и во оваа синоќа, и праеше муабет само за да ја деконцентрира и да победи тој. Ама колку ми е мило шо победи Алекс.
Готово, крај! Како никогаш дотогаш не сум сакала повеќе од сите да испадне Себастијан! Ма да, знам колку сакав да испадне Жаре е сега со поголема загреаност сум за следно испаѓање на Себастијан. Значи дечко, од далеку се познава колку си алчен и патетичен за тоа финале, и тие пусти пари. И можам да кажам дека тој е најдволичната личност во целиот серијал. Колку е само зајадлив и завидлив на Алекс. Ако тоа не го кажува таму пред сите, го кажува барем пред камерите и јасно ни е. Си кажа самиот дека ако таа влезе во финале тоа ќе биде место помалку за него. И доста ја повторуваше таа реченица, јасно ние. Вчера многу се израдував за Алекс што победи. Заслужено беше. Во борбата за имунитет одбра да не игра, и еднаш предходно кажа дека не и е толку драматично што е заштитена, но овојпат за инает на Себастијан пак му се спротистави, и уште еднаш докажа дека е жена ипол. Браво, големо браво за неа. И баш ми е мило што Јелена преку Маја Лена и пренесе порака да се држи до крај, жените навиваат за неа. Баш ме интересира што ќе се случи вечер. Јелена ќе го направи интересен племенскиот совет колку што видов.