Значи Ава, Себастијан и Кристина неможам да ги поднесам. Се нервирам кога ги гледам. Фаворит ми е Алекс и многу ќе сум среќна ако отиде во финале Еве ја Ава за плеј бој +18 Spoiler http://www.tvpaket.com.mk/tv/vip-survivor/477-2012-04-30-15-12-39
Жаре не го сакам ич, ама ме пресмеа со финтава што и ја спрема на Јелена. Ќе живее за тој момент таа да исфрли некој, па сега и тон психолошки анализи ќе слушаме до племенскиот, ама моментот кога ќе дознае дека е шега, е тоа вреди да се види
кристина и мартина како ги меркаше палачинките на маја лена боже дебела и ружна а кристина е толку себична и покварена со неам зборови,сите планови ги прави тајно ,
Јас ја имав таа среќа да ги видам во живо Мартина, Невен и Алекс. Луѓе, не сте свесни Алекс колкава ЛЕПОТИЦА е. Јас останав со подзината уста, најискрено. Вака во Сарвајвер можеби не јавува, ама во живо е преубава. Не можев да ја изнагледам, многу е згодна. И убаво оди, исправена, ептен ми се виде убава. Мартина е ептен откачена, и ептен е весела. Игра, пее, се смее. Ептен луд стил има, многу беше убаво облечена. И ептен е мила, ни еден што сакаше да се слика не одби. А Невен не го видов толку убаво, само видов дека во живо е понизок отколку на телевизија. И само една фацијална експресија правеше за сликање, ептен смешен беше Алекс најубав впечаток ми остави.
Луѓе вие толку го сакавте Себастиан а толку гу мразевте Алекс...а сеа све се смени за 360... Па од самиот почеток се познаваше дека Себастиан е прлав играч. Си замислува дека е некој нешто а всушност е само еден обчен простак. Spoiler а каде ??
Значи наш Жаре е ѕвер,што уште нема да му текне да направи ,, Радован дури и го подржува во тие луди идеи ,честитки за Алекс паметно одигра ,еден чекор ја дели од тоа таа да биде првиот финалист на преживеан и тоа многу ме радува. Аман од овој Себастијан нели не е заинтересиран повеќе за да биде финалист, нели се му се здосади :roll: па и уште ќе оди во потрага по тајниот имунитет за кој искрено се надевам дека нема да го најде .
Кристина најдволичното и лигаво суштество во Преживеан, не ми се верува дека планирала да гласа за Никола а колку беа блиски цело време .Глупача. Искрено се надевам дека Себастијан, Ава или Кристина ќе излезат на наредниот племенски совет. А оваа Мартина за јадење душа дава . И аман бе што е ова, секој ден сендвичи, хамбургери јадат. Па јас во нормлани услови не сум пробала сендвич богзнае од кога а овие на Преживеан се прејадоа.
Ова Мартина идиотка, во комбинација со Кристина. Ја криват Маја Лена, ради палачинките. А оваа, сите можни награди им ги зема, ма дај ти се молам. Недоквакани и двете. Иначе едвај чекам, да ја има таа игра, кога ќе јадат такви грозотии, очи, и триста чуда. Ако воопшто има таква игра оваа година.. Едвај чекам за племенскиот совет. Уф, како се радуваше Јелена, скокаше. Како ќе ми биде мило.
Уфф....Ава колку ме нервира...Глупача некоја! Инаку фаборит ми е Алекс и баш би била среќна ако влезе во финалето. Жаре ептен ме насмеа. А оваа Јелена почна одма да се радува. Ама кога ќе и кажат дека било шега...
Жаре многу добри шали прави , се гледа дека има Македонска Трололо крв Искрено се надевам на следниот совет ќе испадне АВА или ако се спасува (што највероватно ќе се спаси) да испадне Никола или Маја
Мартинче, ама паметно си ги искористи парите, секако ќе мораше на крајот да ги врати доколку ништо не купи. Најјака ми беше. Андрија каже нешто, таа прва дига рака . Прво се најаде, па на жештината ладното пивце добро и дојде и на крај се избања. Туф, туф. А не ко другите. Алчни, скржави, циции. Ама се најлошо. Никола ама тотално ниту еднаш не подигна рака и да каже е ова ќе го купам. Они одат на сигурно, ама видоа не видоа мораа да даваат за нешто. И пак ќе кажам многу ми е мило за Алекс. Се надевам дека пораката што ја купи ќе и помогне навистина за да победи во борбата за имунитет и да влезе во финалето. А Себастијан уште еднаш се покажа колкав лицемер е. На племенскиот совет вели смачено ми е веќе некако несакам да играм повеќе, а после на интервју вели сакам да влезам во финале да се борам, сакам да ги освојам имунитетите до крајот и да бидам сигурен . Значи какво мислење имав за дечкото на почетокот, а какво сега не ми се верува. Се преобрази тотално. Дошол тој со друга замисла, но ги гледал повеќе карактерските особини на луѓето и нивната комуникација. Па тој прв го почна тоа ilent: . Неможам повеќе да го коментирам, одвратен ми е.