Баш би сакала вечер да испадне Крис-кокошката, ама тешко. Сепак таа им е главна таму. И баш ќе ми биде жал ако испадне Маја Лена или Милан. Не заслужуваат.
Себастијан ако го даде имунитетот може да се свртат и за него да гласаат, сепак го дава пред гласањето така да не верувам дека ќе го даде некому.
Јас мислам дека ќе испадне Маја Лена, бидејќи во најавата за денешната епизода Миа ја покажаа и имаше баш скисната фаца.
Тајниот имунитет, ако добро се сеќавам од другите серијали, неможе да се предаде на друг натпреварувач, може да се искористи само во своја корист.
^И јас мислам исто.А вие толку сте сигурно дека е можно Себастијан да го даде на некој друг тајниот имунитет? .Колку што го пратам се би дал да стигне во финале,по секоја цена а сега кога веќе го има мислам дека му е поважно да го чува и употреби за себе отколку да глуми добар соплеменик и да спасува некој.Не ми се поврзува ова Се посигурна сум дека за имунитетот намерно изгубија поради него и само него. Од фаворит, сега едвај чекам да излезе Од се срце сакам Алекс да победи во некоја следна игра и да им ги затне устите на сите,па тек тогаш како ке е интересно
Себастијан кажа ако почувствува Милан дека може да биде загрозен,демек ќе му го дадам,и мислам дека ќе го даде,бидејќи нели се чувствува сигурно импереторот-гладијаторот-глуператорот, а може и да не го даде,е баш ме интересира што ќе се случи вечер
Зашто сте ми сите против Себастијан па? Мене ми беше фаворит и уште ми е.. Се тоа е игра, а за женските до некаде да бидеме реални и во право е.. Мартина,Ава, Маја Лена, Кристина заслужуваат во финале? Искрено? Нормално ( по мене) дека не.. За Алекс е ок, сакам она да влезе во финале.. И треба.. А Себе така збори за Алекс пошто му е глупо да влезе женско пред него во финале.. Инаку би немал проблем.. Миланче, Влада, Себе, Алекс се за во финале.. Остали, нека трубе!
Моќта на шминката.. ---> Искрено,најмногу сакам да отпаднат Кристина и Себастијан.Толку ми се антипатични што повеќе би навивала за Ава во финалето отколку за нив.
Затоа што и некои машки (пр. Никола ) не заслужуваат да бидат во финале, а он ги потенцира САМО женските. Бре, мажиштево јако. А што се однесува до Кристина, јес да е антипатична и расипана, али солидно се покажа во борбите, а ете за чудо на Себастијан, жена е.
Дал ја гледаш секоја епизода од сезонава, дал пола епизоди сеедно е. И вака и така нема да ги сватиш луѓево, ни зашто се караат, ни кој со кој се дружи, ни кој со кој се скарал, кој се смирил, кој се смувал, кој е пријател, кој е непријател. Ова ти е најдволичниот Преживеан. Едно се збори пред камера, едно позади камера, трети зад грб си зборат и склопуваат лажни пријателства и четврто сосема различно на племенски совет се збори. Катастрофа. Уа за сезонава и за дволичниве суштества own: