Абе мене многу досадни и никакви ми станаа. Само девојките се караат и распрааваат, се они со некој имаат проблем, е како бре е можно. Како гуски ми се. Не го гледам редовно, но онака кога ќе начекам пуштен ТВ може да загледам , пример вчера. Постојано некоја на некоја и се исмева, ја прави ваква онаква, како на светот никој да не чини освен неа. А искрена да бидам чудни фаци има, како да не се со сите (Бог да ми прости на изразот), ама што Ава, што Јелена, па дури и Кристина на моменти. ..чудесии невидени Се чудам од време на време, што гледаме ние, кои полемики им ги решаваме и бистриме, а они пари се изнаполнија од шоуто
Баш несакав Маја Лена да испадне. Баш ми беше позитивна и најчесна од сите. А баш ми е мило што Огњен ја разоткри Кристина пред сите.
Срвајверов дефинитивно вчера врвот го достигна. Иако така малце подзадремнував на племенскиот, како ја разоткри и изнаремети Огнен Кристина, алал да му е, се надевам дека другите видоа каква дволична е и да ја исфрлат на следниот племенски, со Мартина и Себастијан веќе не можам да ги гледам. Ма требаше да ја исфрлат, и имаа можности за тоа ама Маја Лена смотана. Ама Јелена кои погледи ги маваше, еј.
Ама најјако ми беше кога Огнен рече да кренат раце сите кои сакаат победа во шоуто а не дигнаа само Мартина и Кристина. Као демек они отишле таму за дружба, не им е гајле дали ќе победат а сепак од петни жили се трудат да стигнат што подалеку, дал со поквареност, дал со дволичност. Па најсмешна ми беше Кристина кога и викаше на Маја демек она прва да отишла на островот за после кога ќе евентуално испадне Кристина да си имала друштво таму. Која патетика . Не сум знаела дека толку расипан може да биде некој. А во оваа сезона дефинитивно најмногу дволични и расипани натпреварувачи. Сепак, едно е тактика а друго е да си превртлив и лицемерен. И одозгора на се да се правиш дека ти не сакаш да победиш, таму си само за да се дружиш . Хау, јес, ноу.
Не е фотошоп, ја покажаа оваа сцена пред две три епизоди. Ова е моментот кога разговараа двајцата за да го решат недоразбирањето и Кристина во еден момент се наведна и го бакна Никола во образ.
Остај тоа што е дојдена за дружење, каков изговор е тоа дека си сакала за некого да гласаш само затоа што дознала дека Огњен сакал да победи ?! You don't say, дојдоа они другарчиња да глумат на островот, демек ко сестри се сакаат, мајко мила, патетики на големо. При прва прилика кажа дека повеќе сака овие мушкиве да ги види во финале, него ли Салото, пардон буцмастата. И се погоди таму климата, си најде занимација со Шоќ да не и биде досадно, уз пат стекна другарица-`сестрица`, излижа што можеше да излиже, лажеше, јадеше го*на позади грб - се изнајаде, ова на нејзе ко платен одмор и дојде, само што се откри пред милион луѓе што гадура е. Подобро бре биди човек, кажи: `Да, дволична сум, играм милион игри, за да стигнам до овде`, а не ко замаена да збори дека пуно га воли, ама го избаци оти сакал да победи. Леле драгаааа, тотално си мизерна, го достигна дното на мизеријата, остани си таму! А ако е толку будала Маја, а будала е, си се дружат после шоуто ко најдобри другарки, после сите работи што ги зборела оваа за неа. А остај тоа, коа ќе се изгасат камерите со Салото си ги имаат муабетите, праат муабет кој е дебел, кој слаб, и се ќезат ко нездрави. Работава: `Зајакот му рекол на магарето: Имаш големи уши.`
Кристина стварно беше без аргументи и збореше чисти глупости, така фатена во тесно. Ама искрено, и тоа што Огњен почна да ја издава и да ја разоткрива пред сите, ми беше ептен детски и незрел потег. Ако е толку поштен, што не кажал на сите каква е Кристина пред да испадне он, туку сега, од што му е криво? Се испонаша ко пи*ка, веќе нема никаква улога таму, па ај сега ќе мудрува, он најпоштениов..
^ Огњен беше тотално исфрустиран од тоа што го избркаа, што еднаш за нешто се согласија едногласно жените, и тој настрада. Крај на приказната. Епа игра е де, игра. Сите го викаат тоа дека е игра, откако ќе исфрлат некој, откако напраиле тактика, откако изеле го*на за некого. Тоа на племенскиот му беше издувен вентил, што од една страна ја обелодени Кикица, ја соголи, дури и подобро од она вистинско соголување. Зборови што ти значат ... И Огњен викаше дека е Срвајвер игра, кога ги откости жените од спротивниот тим на борбата со перниците, кога ги соблекуваше, буткаше, корнеше со рачиштата. Радован најмалце заслужи да испадне, па не трубеше саде со денови и ноќи, и одмазнички им враќаше на тие што го изгласаа. Се помири и готово. Знае колку вреди човекот, не му треба него Кристина за да му докаже дали згрешил на некого, и зашто Кристина гласала. Огњен као многу поштен и искрен беше, нели. Значи тотални врти-капи во Срвајверов. Еден човечен нема бре. Досега Влада и Радован најокеј ликови. За другиве сум рекла некогаш во еден момент дека ми се позитивни, веќе наредниот си го покажуваат правото лице. Другине Срвајвери можат го*на да јадат за дволичноста во овогодишнеиов.