не ја гледав епизодата од понеделникот, сега ја пуштив на ТВ-тека, лелеее Ава,водителов ја умре од зезање боже колку е несмасна
Spoiler E znaci neznam sto si bara Alex. " Slobodno mozete da me isfrlite ja alkata ne mi sejstvuva" Oh kr*****a Zosto pravis ljubomorniot Sebastijan da bide sreken i toa i bese na nejze ljubomoren zaedno so Ogiii.. Vlado najdobar si razbrav srce
Абе луѓе, во вчерашната епизода нели Влада го најде ЛАЖНИОТ имунитет што моронон Себе го напраи, и овој сфати дека го најде лажниот, и сфати дека можно е Себе да го напраил и си го зема, и ја заврши потрагата, така ?! Го слушнав дека рече без разлика што е лажен он го нашол имунитетот. Па која ти е логиката да ги решиш загатките, да стигнеш до местото, да се задоволиш со лажниот имунитет (кој патем знаеш дека е лажен) и да не го најдеш вистинскиот кој беше обесен до трупецот? Јас не го видов да го покаже вистинскиот, дека го нашол . . .
ја не размирам ништо со лажниов имунитет, мајка ми вчера не знаеше да ми објасни. Има ли такво право Себастијн да прави лажен имунитет? И зашто воопшто ги пратија ако е лажен? Неферски и некоректно.
Многу ми е мило за Милан .ФАворит уште од почеток. Наитересно ќе ми биде кога Ава ќе праќа порака до дома .Или веќе прати?Нема везе ВО финале би сакала да влезе барем едно женско. И П.С Мене веќе не ми е интересен SUrvivor Бидејќи Spoiler знам кој е победникот
^како можеш да знаеш? тоа се дезинформации,они имаат договор потпишан дека несмеат да кажуваат во финалето за кого гласале, а и иде и глас од публиката
Па со ова индиректно кажа дека знаеш дека Милан е победникот. Ако мислиш на вчерашната борба за имунитет, он има имунитет само утре, а не и во финалето. Овој е претпоследен племенски, а не последен. Он е првиот што ќе се бори во финалните борби пред последниот племенски, а не е прв финалист. Леле, специјализирав за темава. И ве молам не гачкајте овде на форумов, дал сте Клеопатра или Милан и Влада ви пишале на фејсбук дека они се победниците, сеедно. НЕ СЕ ЗНАЕ ПОБЕДНИКОТ! ПОБЕДНИКОТ ЌЕ БИДЕ ПРОГЛАСЕН НА 2РИ ЈУНИ! Финалистите еве веќе се издаваат од дотичните учесници, пошто многу ги почитуваат правилата, и не знаат да зачепат, а победникот никој не го знае, аман.
Значии Себестијан го најде имунитетот и чим он го нашол и не го извадил на племенскиот тој си останува кај него, така да овие од продукцијава не ставаат друг, не може да се расфрлаат со имунитети Влада знаеше дека кај Себастијан е вистинскиот имунитет, зашо Себастијан му кажа. Ама сепак сакаше да се испроба и да види дали е способен да ги реши загатките, затоа ги решаваше и рече нешо као си ја исполнив целта, да беше тука вистинскиот имунитет ќе беше мој.
^нема логика да не стават уште еден имунитет, што ако пример некој го најде и го чува неколку племенски совети....
па такаа,..намерно прават така,тоа е финтата за да безвезе бараат, нема логика па толку имунитети да даваат, и у претходните срвајвери вака било
Па Себастијан направи лажен, мислам дека имаше задача, ама мислам не сум сигурна. А Влада, кажа дека го барал иако знаел дека е лажен чисто да си докаже т.е. да докаже дека е способен да ги реши загатките па макар бил и лажен. Плус и ќе испаднеше пренафурано Себастијан го има тајниот имунитет, Милан освои личен, а и Влада да најдеше уште еден многу луѓе ќе беа сигурни, и малкумина за избацување. А сепак Влада ќе биде сигурен, зошто Себастијан кажа дека неговиот ќе му го даде на Влада зошто овој го поведе со него на рибарење, и како демек на таков начин ќе му се одолжи. Затоа и вчера Себе даде се од себе на борбата, сакаше да го освои личниот а тајниот да му го даде на Влада па двајцата да бидат сигурни. Е сега иако не го освои, мислам дека сепак тајниов ќе му го даде на Влада, поштењачина ми е Себастијан, ќе се остане на зборот. Фаворити Влада и Милан, од женските Алекс ми беше, али вчера ужасно ме изнервира со она „Очу да одем на оток избачених, тамо мало код Невена, да се одморим“, некако многу изглумено ми делуваше, сепак не успеа да влезе во финале, па сега демек се откажува, а ако победеше и се пласираше којзнае колку ќе се чаталеше.
Баш ме разочара Алекс, ич не се бореше вчера. Само за неа навивав од женските Утре нема да биде интересен племенскиот, зашо веќе се знае кој ќе излезе
Не може никој да го знае победникот,победникот треба тек да се гласа во живо,кога ќе заврши серијалот. Може само некој да ги знае финалистите,а и тоа тешко.
Spoiler Луѓе дали видовте дека вечер Невен ќе го удри кокос по половиот орган па ке викаат доктори и такви чуда а после ќе изјави "реќа што бев опуштен инаку ќе ми се скршеше" Иначе во Костарика повеќето смртни случаеви биле од пад на кокос
Хахаха да, видов и јас. Се изнасмеав. Иначе и мене ме разочара Алекс со тоа вчера што им го кажа. Многу беше изглумено. А и треба да биде борец. Да се бори до крај. Од кај знае, можеби ќе и се насмевне среќата, па ќе нема борби каде што ќе се употребува физичка сила туку знаење, спретност и слично. Поради тоа вчера, испаѓа од мојата листа на идоли. И сега стварно нема припадник од женскиот пол на мојата листа. Ме разочараа сите. Сега најмногу сакам во финале да влезат Влада и Милан. За третиот незнам. А не ми е ни битно кој ќе биде.
:up: ! И мене ме разочара а баш се надевав дека ќе оди во финале Има ли она памет ? Стигнала до таму па уште да им вика гласајте за мене ова она. Место Ава, или Никола да отпаднат таа сама си побара ц.ц.ц немам коментар