Запеала Ава и се прекинала врската и секакво мрежно поврзување или пренос Не ме чуди судејќи по нејзините гласовни способности
За Ава баш се радувам што испадна,ама Алекс бе????? Баш ке ми биде мерак сега СЕбастијан да излезе,па да види!!! А инаку Алекс баш ми е мила,позитивна и смипатична личност!!
Штетаааа. Таман сакав да ја гледам душичката Авааа. Сигурно била многу креативна. Ма каква душа? Едвај чекав да и се изнасмеам, и ништо. Spoiler
Алекс ми беше фаворит на почеток, ама па уста да не отвори бе, само онака да ја гледаш и да кима со главата, друго ништо. Ко чавка некоја ми е, ептен антипатична кога зборува. Ава - нема мерна единица со која би се изразила нејзината глупоќа, значи! К к к к к к кррристина, изгледа наивно, уште понаивно кога д’тка, ама зад таа маска сигурно се крие некој олош. Барем според мене! Себастијан кога го гледам, мислам дека смрди ненормално многу, така ми изгледа како не педантна личност иако (наводно) на островот немаат никакви услови за хигиена сепак може да припази на себе, но тој и таков си дојде, неизбричен под мишка. Гарант, смрди-поткрева! Владо дефинитивно ми е фаворит, сакам тој да победи!
Не ми е јасно , значи ова го гледаат барем 100 илјади луге низ Балканот .... значи све што прават тамо се глеа на камери (добро не све али барем 20% од денот) .... И сеа ти изиграваш олош или пак шовинист или пак некое тешко лицимерие ,за што? и све ќе направиш и лаги и измами само да дојдеш до финале .... И после ќе дојдеш дома , како ќе те гледаат другарите , пријателите фамилијата ??!! .... тамо си паѓала на ниски нивоа и чуда само за да дојдеш до тоа што сакаш Да е некој од нив у моја фамилија нема да искачам од дома ќе се плашам да не ми зборат , каква мајка/ќерка/стрина/син/татко имаш .... No comment е на што све се спремни лугето да дојдат до пари
Јас сум изненадена од Кристина,као девојчето беше многу мило,невино,само за убава енергија збореше и на крај глеј ти каква уствари била,само мучки правела за да стигне до финале. Владо ми е така,најискрен и најфер дечко,стискам палци за него
Оваа Алекс ако знае што збори значи... Немам зборови бе, еднаш вака еднаш онака. Ајде ако се дволични во приватниот живот, како може пред камерите вака да се однесуваат??? Сега има доказ дека рекла нешто и потоа негира, па пак потврдува, па вамо едно тамо друго И овие од Сител, покварени до коска. Па зарем вечерва најдоа тој глупав филм да го пуштат кога знаат колку луѓе гледаат Survivor? Абре од секад СИТЕЛ СЕ НАЈ ГЛУПАВАТА ТЕЛЕВИЗИЈА, и никогаш нема да го достигнат нивото на А1, све простотилок до простотилок се збрало на едно место. Идиоти
стварно безвезе шо го прекинаа,не ми е јасно поради какви причини,или им се брзаше да го пуштат каубојскиот филм дајте линкче ако имате да го гледаме цело,баш сакав да ја гледам алекс,шо како ке збори,а и со ава ке имаше смешки..
Еве го клипчето, не е баш од почеток, ама почетокот и така го имаме гледано.. http://www.youtube.com/watch?v=B36BD8i7PGM
Е стварно па кај немаат никаков репертоар на филмови , па уште ја секоа емисијата... А баш мислев интересно ке биде ке се смеевме со Ава, ако беше втора гостинка..
лелееееее цело време дрндаше ава,алекс кутрата до збор не дојде од нејзе,добро што ја повикаа алекс прва,пред ава да може да си каже нешто,како дојде ава,не можеше алекс да зуцне више
Лелееееееееееее Аваааааааааааааа............ боже господее.. иначе Алекс ми е најискрена ако некој до сега цело време зборува искрено тоа е она.
на овие сител треба да им се одземе лиценцата за емитување на survivor мислам алооооо ја прекинаа емисијата од кај што ја даваат во никое време од кај што емисиите редовни ги даваат во никое време па и прекинуваат , шо телевизија ке беа незнам алекс кога збореше дека некоја девојка пие по 5 таблети за спиење , тоа за кристина мислам беше...значи кристина ептен фрик била , на таблети , ко сестра и болна у мозок
Ава навистина е полна со бисери, но јас сепак мислам дека нејзиниот проблем не е глупавост,туку нешто друго е во прашање. Затоа што за глупа, не е воопшто, како прво еве во емисијава можеби зборува брзо и тоа делува неповрзано,но има милион пати побогат речник од нашава Александра,која не знаеше да сврзе две реченици. А како второ,видовме дека е доста итра,со оглед на тоа што успеа да стигне скоро до финале, на овој или на оној начин. Затоа велам не е глупава,воопшто,мозокот баш и работи 300 на саат,но има некоја маана сепак, не е баш со сите...