Сакам Владо да победи(а и според бројот на гласови од публиката можно е тој да победи) или Себастијан ќе победи иако повеќе после Владо сакам Милан место Себастијан.
Од се срце би сакала да победи Милам! А баш ми е мило што не влегоа во финале кокошкиве Мартина и Кристина. Добро, и Никола не заслужи да биде во финале, ама тоа е. Покрај овие Себастијан, Влада и Милан јас сакав Алекс да биде, но тоа е...
Уште од почетокот навивав за Влада и Себастијан. Сега само за Влада. Себастијан си го покажа и своето друго лице, стварно беше добар во борбите и заслужено си е во финале, но кога почнаа да се борат за себе си го покажа лицето. Се надевам дека ќе победи Влада, бидејќи е единствен кој до сега си нема со никој ништо замерено, а и стварно добро се покажа и во борбите и работите околу кампот. Не би сакала само Никола да победи, многу е назад од останатите кои се во финале, ниту во една игра не се покажа добро. Искрено сакав да има барем едно женско во финале, но не Мартина или Кристина, Мартина некако се прерано ми се одкажуваше од борбите, а Кристина не знам исто како Никола. Би сакала Алекс или Јелена да се во финале, но и двете се одкажаа прерано иако можеа подалеку да достигнат, посебно Алекс.
Ако има вечер племески совет и ако гласаат за да испадне еден од финалистите баш би сакала да го исфрлат Себастијан.
Ќе се журкаат во Парадизо изглеа викендов м? Три години по ред како ги начекувам во диско натпреварувачите од Преживеан. Оваа година не ми се ништо посебно. Само со Влада ќе се сликам. А што било тоа, сеа читав, Кристина признала дека спиела со некој на островот?
^ Со кој би можела, чисто се прашувам ?! Туку ја да ги видев низ Центар Кристина и Мартина би им се пуштила без срам и перде да им кажам колку многу ги сакаме на форумов, нека откуцаат само forum.femina.mk и се им пишува во тема Вип Преживеан, ќе се покајат што дошле овде. Леле недај боже да се сликам со тие гадури, од устата еден убав збор не им излезе, само го*на јадеа уште фанови ако имаат овде, значи стварно.
Не се прави овде анкета да видиме според гласовите и претпоставките на фемнките кој ќе победи или кој е фаворит. Или се е повеќе од јасно...
Бидејќи нема да бидам во можност да ја гледам вечерашната емисија, а толку време ја чекав, ќе ве замолам кога ќе се вратам од концерт да ја има тука прикачено ако не ви е тешко одма да ја ѕирнам, да не барам по нетов, не ни знам кај ги наоѓате. Фала ви.
Луѓе, вечер има племенски значи и се гласа на тој племенски, и после кутијата се носи во Белград каде и се наоѓа сега, впрочем!
http://grid.mk/read/article/612555/spie ... i-popushti Ете ја вистинската Кристина. Глупачка. Koлку е глупава не ми се верува. Спиевме заедно, и на под и сегде, 35 дена, а јас сум шокирана што не ме пушти да победам. Хахаха, без коменатар. Сега сфаќам зошто татко и на Кристина и рече да се однесува како нормална. *Боже, видете ја Маја.
Најмногу победа заслужуваат Владо и Милан. Никола не го ни перцепирам а ако победи Себастијан ветувам дека никогаш повеќе нема да гледам преживеан. Толку ми е одвратен, антипатичен, лигав, уфффф никаков е!!!
Мила, тоа што го збореа и Кристина и Мартина после борбата, беше иронично кажано Не си ја сфатила поентата ако си гледала. А сајтовиве нормално дека ја испревртуваат приказната за да биде интересно за читателите.