Се сложувам со Бланка дека Гоца дојде до соединувањето со помош на тој женски клан и Катерина и Јелена....Додека беше во Баханди уште сите ги нервираше и напнуваше, како од шала ќе ја изгласаа да не и беа Катерина и Јелена..... Срмдла една А па на племенски леле кога ги праша Един се каете ли за нешто ? А она лизна мазна да и ти знаеш за што....А пред тоа цело време се знаеше дека прв на список е Един за летење, и као им збореше ја му направив филм на Един да мисли дека е сигурен дека ќе гласаме за Бојана ( што немаше врска ) ццц одбивна е ....и сега се кае а! Па нели си стои на својот збор....Што збореше цело време Един прв ќе лети? уфффф....И нормално Катерина дека ќе си помисли свашта кој не би И ја не би и верувала Тони не знам што мислеше со тоа нема женски клан...ако мислеше нема да дозволи да има...можеше да се изјасни а не нема врска што зборуваш...ц не е точно тоа!
Шоуво не го гледам постојано,ама од тоа што го видов ме изненади (непријатно). Гоца ми беше еден од фаворитите,а голема манипулаторка испадна и после демек жал и било што испаднале некои од натпреварувачите..Влегла во сојуз со тие двете и само некои стратегии прави.
@Viki44e Искрено да ти кажам јас го гледам Сарвајвр како игра на физичка подготвеност и на психичко умеење да можеш да направиш тактика со која ќе стигнеш далеку. Значи според мене вистински такмичар е оној кој освен физичка подготвеност, знае и како да стаса до понатаму. Не дека оправдувам газење по мртви тела за тоа, но мене искрено секогаш "Најчесните" ме нервираат. Ме нервира Катарина, Јелена, Милош не можев да го гледам (АЛО на Сарвајвр си појден, не на одмор), Никола. Тие имаат и тоа какви тактики, а глумат невини. Затоа јас дури сега напишав на темава, затоа што јас фаворитите ги добивам по обединувањето. Конкретно за Александра. Како прво не ми се допаѓа што сите ја осудија заради тоа како изгледа. Да, има машка фаца, како коњ е, но се покажа сосем доволно физички, тргнувајќи од таа недела кога победи на играта каде што требаше да држат рамнотежа со тоа лизгањето, одлично се покажа и во играта кога ги заменија племињата, а сега последнава со јажињата издржа најмногу (освен Бојана која имаше предност). Психички е океј, добро ги процени сите, и си гледа што подолго да опстои. Тоа е играта, ЕДИНСТВЕН преживеан. Ќе видиме што и значеше тоа што гласаше за Јелена, но сигурна сум дека постои некој добро осмислен потег. Сепак, најбитно е дека за вкусовите не се дискутира. Едни сакаат едно други друго.
Се согласувам со Спарк дека Александра е психофизички најспремна бар од девојките. На почеток и мене Гоца ми беше една од фаворитите, но со тек на време ми стана одвратна. Но, кога ќе видеш, треба да си тактичар и манипулатор за да победиш. Секој со своите способности. Мило ми е што отпадна Никола, но уште помило ќе ми беше да ја шитнеа Бојана-ептен ме нервира!
Спаркс претходно го кажуваш ова.. А потоа ова... Викаш дека вистинскиот такмичар треба да ЗНАЕ како да стаса понатаму,а кажуваш и дека Катарина го сторила токму тоа...Викаш дека Марко и Катарина не се чесни,а потоа викаш дека тебе најчесните те нервираат.. Немој да ме сфатиш погрешно,само неможам да те сфатам.Прво кажуваш нешто,потоа сама порекнуваш.
Од женскиот дел во ова шоу, фаворит ми е Гоца, силна, способна жена, па макар и за маниипулација. Се знае дека Survivor не е одмор, туку вистински натпревар! Од машките, фаворит ми е Тони, ем дека е наш, ем дека е најспремен физички.
Хехе, грешно си ме разбрала. Катарина ме нервира затоа што нон стоп се декларира дека е со чесно срце, на неколку пати го кажа тоа, а не е така. Да не се изјаснува себеси како чесна, можеби и ќе ми се допаѓаше. Тоа сакав да го кажам. Затоа и ја ставив во наводници. Има тактика девојчето, супер е тоа, ама нека не се прави дека е невинашице. Тоа ме налути. Тоа е тоа. Не се порекнав јас во постовите
Зошто Гоца не? Мене ми е онака ок ама далеку од фаворит. А за плаќањево тоа 100% ќе биде И сигурно некој од нивните ќе победи за жал. Тоа ти е...Валкана игра во која дефинитивно немам доверба. Единствено ако ти текнува VIP Veliki Brat кога победи Арсо. Чесно победи и уште од почетокот ми беше фаворит! Алал нека им е...
Спаркс... Сите што стигнале до тука имаат некоја тактика,никој не се нашол тука случајно.Сепак мислам дека најчесна е сепак Катерина,само кога виде каква е Гоца,реши да смени малку однос,да не ја вртат како сакаат и тоа е многу паметно од нејзни страна.Правилно постапи.. Мене Александра не ми се допаѓа ама ич!Без разлика на изгледот не ја сакам бе!Сплеткарош е.. И мило ми е што на крај сепак се разбравме
Да И ти си во право додуша, а за Катарина не смее НИКОЈ да каже дека физички не е спремна. Од тоа како исплива, до тоа како ја победи Бојана на тоа деблото, како го најде имунитетот... Битно обете навиваме за Тони, и не нервира Гоца А да, искрено сакам кога Јелена ќе испадне, таа да му ја пее на Милан и Кнез како је лепо бити глуп. Во секој случај поитра е и од едниот и од другиот, многу подалеку стаса од нив двајцата заедно.
Гоца се покажа како многу превртлива.Сака многу да се прави главна и како демек добра е таа ауу Дева Марија,али на крајот се покажа. За Тонкацот немам збор,како што веќе кажав пријатно изненадена сум од неговото целокупно прикажување.Од физичка подготвеност,до контакт со останатите,се е супер! Нема да победи од една единствена причина,што Србите нема шанси да дозволат да победи Македонец во нивно шоу.
Точно дека Тони кажа дека не постои женски клан, ама во смисла дека според него они можат да си прават филмови дека ќе победи некоја жена, ама нема така лесно да ги искараат машките. Нели веднаш потоа рече ОК е да победи жена, ама чесно нека победи најсилната, а не со сплетки и заговори. И потполно се согласувам со него! Многу е добар, паметен, јак и физички подготвен. Според мене, ако гледаме кој колку е силен, борбен и издржлив во финале заслужуваат да бидат: ТОНИ, МАРКО и КАТАРИНА од БАХАНДИ, и АНДРЕЈ од КАСУКО.
најава за 9тата, претпоследна недела. http://www.survivor.rs/video/view/785-Najava_9._nedelje Мене ми се чини дека Марко наскоро летаааааааааа
Тони дефинитивно ми е фаворит и верувам дека сакаше да каже - оставете ги женскиве нека си прават филм....не знам дали треба баш да е така ладен...единствено нешто на што му замерам што камерата буквално ја брка од себе...а тоа е всушност шоуто што сите го очекуваат, а читав и коментари од сајтот српски и воопшто не се добри кометарите за него...Као глуп бил?! може е мрзлив и повлечен ама глуп...па не би рекла! Катерина ми е ок, и баш ме израдува тоа што реши да сокрие за имунитетот, а и за Гоца не знам што толку се палите...жената карактерно е таква - сака се да знае и се да контролира...па затоа добро рекоа дека е една од најопасните натпреварувачи! Мене овие тројца ми се супер!
Значи најдобрите играчи ретко стигнуваат до финале. Марко ми е комплетен играч, силен и спремен, како и прекрасна личност, карактерно изграден со добра душа, позитивни особини и вредности кои се за почит. Го ценам човекот и криво ми е ако не стигне до финале.
Тони аххх Тони Тони...абе бомбонче единствено што е некако мн повлечен,мирен ...али АРЕН си е бе наш си е си го сакаме..Дефинитивно тој ми е фаворит.А Гоца уффф на нерви ми иди ме нервира...недај Боже таа да победи
Што е моментот со 20 сек во клипот за наредна недела? Што се трие уствари? И да, зошто Гоца и кажа на Катарина * като, доџи доџи* како куче да вика???
Преска гледав Враќање во цивилизација на српската Прва и водителот го прашуваше Никола каков е Тони и зошто не зборувал српски? И Никола одговори дека Тони си ја сака својата земја Македонија и дека се разликува од другите македонци што зборуваат српски во реалните серии. И водителот баш кажа дека Ана и Пеце од претходниот серијал на Преживеан, зборувале српски, за разлика од Тони. Ова навистина му е најголем плус на Тони Сите го засакавме уште повеќе заради зборувањето на Мак.
Штиклите феноменални и се И навистина, кога ке се начекаат во студиово сите се сакаат Онаму очи си вадат