Нема да гласа племенскиот совет во живо,туку ќе гласаат на островот па во јануари кога ќе биде финалето ќе го отворат ковчеџето со гласови од Големиот совет (ај така да го кажам) и публиката ќе гласа за на крај да се соберат гласовите и да се добие победникот.
Јас разбрав дека во финалето ќе бидат Гоца,Тони,Андреј и Катарина.Досегашните предвремени информации,како за овој,така и за `обичниот` Survivor се покажале како точни,па сега ќе видиме.
Вечерва Тони беше гостин во емисија кај Жаре Бербер и според тоа што го кажа „ Од резултатите ќе видите дека добро ја претставив Македонија “, претпоставувам дека влегол во финале, задоволно звучеа неговите зборови. Супер е Тони, најдобар е, колку многу го засакав од шоуто, стварно се претстави во најдобро светло. Најмногу од се ми се допаѓа тоа што во ниеден момент не оговараше и не правеше сплетки.
Некој тука пиша дека гласањето овој пат ќе биде во живо во јануари, не знам, можеби ширам дезинформација
Гоца Тржан едноставно не ја поднесувам. Збори зад грб и е манипулатор.. Не дај Боже да е победник, според мене не заслужува. А за Тони, срцка е. Мада на 3 емисии 2 пати дали ќе го дадат како збори ама не е важно. Мирен е и е одличен во борбите. Да се надеваме дека одиме во финале
Шириш Секоја сезона на ист принцип се одбира победникот. Значи се изгласуваат финалистите има 4рица најчесто. Лани последните денови имаа игри и победниците беа финалистите всушност. Не знам дали по ист принцип ќе се бираат годинава финалистите, значи најдобрите во игрите или ќе испаднат најлошите во игрите и ќе останат најдобрите тактичари и натпреварувачи воедно. Тоа се менува секогаш имаат различен начин за финалисти кои ќе се. Ама последниот, во случајов 30сети ден се има племенси совет. И СИТЕ гласаат кој ќе е победник. Тука се и оние кои испаднале и финалистите значи сите досегашни натпреварувачи. Го затвараат ковчежето и се отвара во студио во јануари и се читаат гласовите и го прогласуваат победникот.
^^Не шириш Бланка... Росонерка така беше секоја сезона...оваа не! За да се избегне да се дознае кој е победникот од продукција решиле оваа сезона да не се гласа на племенски туку во студио во Јануари. Така пишуваше па ќе видиме колку е точно...Мада до сега можеле да се договорат кој за кого ќе гласа ( па и да си ги поделат парите )
Да, да нема логика да се гласа во јануари. Се губи поентата. Сосема поинакво мислење ќе стекнат членовите на советот откако ќе ги изгледаат сите епизоди. Освен тоа, имаат 4-5 месеци за договори, калкулации... Не е ова точно 100%
Јас гледав минатата сезона и на крајот останаа тројца. Племенскиот совет гласаше таму, на островот, а гласовите ги прочитаа во студиото... Значи, најверојатно тие веќе гласале на островот, само што нивните гласови ќе се чуваат и прочитаат на крајот, во финалето во студио...
^^ Па така е најлогично,мислам која е поентата да гласаат дури во јануари,кога сега сите се вратени можат јасно да видат што уствари се дешавало,да си направат некоја поинаква слика.Башка има простор за манипулации,договарања и сл.што знам не верувам дека шоу како што е Survivor би си го дозволило тоа.
Да не знае некој како ке ги избракаат сите за да дојдат до 4 ца финалисти? Имаат уште 3 дена а 8 се. Ај ако има некој инфо нека каже, зш ја неможам да гледам Преживеан, имам испити цела недела
Колку сум хепи затоа што Тони победи денес Цврст и силен и покрај тоа што имаше мали здравствени проблеми. Само не ми е јасно како и успева на Бојана секогаш да и се падне потрагата за таен имунитет?
Едно нешто денес приметив Марко е голем љутко. Мислев го нервираат Един, Бојана, Никола, ама него се го љути всушност. Признавам лошо падна, ама сепак Тони го повлече да се поздрават. Интересно ќе е утре ако земе да го оговара зашто не се однесувал добро во игри. Баш ме интресира тоа. Иначе значи 6торица ќе останат и идната недела ќе се натпреваруваат во игри и победниците ќе се финалисти претпоставувам. Зашто водителот рече ова е последен натпревар за имунитет.
^ Се прегрнаа Тони и Марко после борбата. Не мислам дека Марко би можел да го оговара Тони, најблиски се таму, а и во емисијата на Жаре Бербер, Тони изјави дека со Марко останале другари после шоуто.
Па се гушнаа де, откако Тони 10 пати му рече Марко бе Марко... И Тони го гушна, а овој онака некако ладно делуваше. Мене така ми делуваше можеби моментална нервоза, ама Марко до сега на пола натпреварувачи се налути И утре ќе имало игра. И тоа гадна http://www.survivor.rs/video/view/834-N ... 6._epizode