најреално и најферски и нај све ке беше ако гласаа на островот , ова сега на ништо не личеше , ама супер ми е влада што победи. тој па милан цело време моли за пари а сега не сум социјалне случај !!! ма немој н а маја лена ауу таа па , како не и е срам па гледачите одлучија ава да одлучи и што сега , па ако не и е убаво шоуто ако и е глупо шо тогаш се пријави , ооо да сите знаеме за популарност инаку како ке ги читавме нејзините постови на фејс
Оваа Ава ми е закон хаха толку не сум се насмејала никогаш до сега како во овој Survivor,значи девојката е лудница да ја немаше ке требаше да ја измислат абе вака да ја бараа немаше да ја најдат
Аман па веќе од оваа, уште од веце да почна да ми излага, досадна е веќе! Од тој нејзин фамозен развод, па се до денес само со некого била во врска, на јахти, чуда, врагови. Стварно не ми е интересна, па и ништо чудно да е во врска со овој. А оваа насловнава ваљда се извадоци од спотот, ништо чудно да споиле plesaure со работа. Веќе стварно секој што ќе излезе од Срвајвер и Велики Брат се ѕвезди, и пунат насловни. Је*ем ти реалити шоуа.
Епа да е жива и здрава, ми требаше вакво смеење денеска Ја ја приметив дека не може да го контролира јазикот уште на шоуво, ама ова е врв!
^ Додека ја спрема кајганава, кажува и за лакот на ноктите. http://www.youtube.com/watch?v=NKxGOdOVo9o Изгледај го цело видео .
Драго ми е што Владо победи. Најзаслужено беше. Иако на почетокот не ми беше фаворит. А нешто, иако не сакам да го кажам, нели има мала доза на нешто што ве потсеќа на Тоше? Жално да, но така мил ми стана, и некои гестикулации кои ги прави и тие мирни очи, говорот некако ме потсетија на него.
Вака сега ќе ви кажам за Влада од прва рука. За сите што на тв не ви се свиѓаше, верувајте дека во живо нема да останете рамнодушни, 100 милјарди пати е поубав, џабе манекен кога ич не е фотогеничен, што би рекла ја не го сака камера. ( Имаме заедничка слика. сите ми љубоморат ))) Беше во саботата во Колосеум на Беквалац, и бидејќи никој друг немаше од Survivor освен Жаре, кој што настапуваше пред Наташа и додека она правеше пауза... Мој заклучок на жалост на цела женска популација, е дека овие двајцава идат, или у најмала рака мутат нешто. Баталете тоа снимање заедно спотови, заеднички гостувања, не сме мали деца да не лажат. А и супер пар се, што е право право е. Јес да Наташа увек ќе ми биде ideal match со Данило, сепак двајца млади, убави, познати, нека им е со среќа. Секако Наташа е многу попозната и поуспешна, овој име направи со шоуво, и тоа идел-не идел со Цеца, али да бидеме реални, сето тоа е далеку од Vip.
^^^^^^ Awwww нема Ава? Којзнае што се деси со нив двајца, можда ја мажел овој истата вечер, баш беше у бело облечена, ама знаете овие познати личности и нивните бракови 100 посто по 2 дена се развеле...
Ава извиси. Да се едитирам, еве ја нивната професионална соработка. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... vZ9XX5C6fg Влада е во спотот, не сум оф.
Леле, леле, леле. Каков е во спотот Влада, ау не ми требаше да гледам ова во 1 саат по полноќ. Па и сценине какви се. Е стварно блазе си ѝ на Натка, знае што бира.
Не бе, не им годат сцениве во спотот, се спанџале они уште пред тоа ова како капак им дошло демек режисерот така барал! Пустата желна е за внимание, очајна би рекла. И онака со музиката веќе нема ништо, само некое бледо нејзино издание, се вади на хитовите од порано, ова последново е толку бљантаво дури и на нерви оди оваа `Позитивна` од што е ултра позитивна песнава. Па и Влада не дека ќе изгуби нешто со оваа, напротив и двајцата се у ќар. Благо речено, Ким Кардашијан и Крис Хамфрис. Тргната е по стапките, ихаааа!