Не е ни битна победата. Битно е лицимерието што го има и премногу. Бојана како демек навредена беше од постапките на Андреј, и оп прва ке гласа за он да победи. Исто и Никола и Един кои коваа планови да го исфрлат. Они очите си ги извадија меѓу себе во текот на сите 30 дена, и ајде сега Андреј е најдобар. Кој знае какви договори направиле меѓусебно за делење на парите. Заборавивме ние дека сите играа чесно . И дека сите се гордеат со заслужениот влез во финале, без правење сплетки.
Боже Господи... без коментар! најмногу ми е жал за Кале, ех што ми е интересна и слатка заслужуваше место во финале
Јас бев сигурна дека Катарина ќе оди и заслужи, беше силна и во сите борби се докажа, а дотичната освен со лицимерие со ништо друго не се покажа! Уффффф колку ја замразив, одвратно створење!
Аееее баш ми е мило за Катарина.. Прееска се разочарав со Гоца,али како сум се смеела на Јелена и Марко Си излезе фино лепо од лавиринтот и се тегне по едно јаже
Па вчера беше ова со Тони Зен гол. Додека овие се натпреваруваа за влез во финале кога Андреј победи, тој си се бањаше голичок Иначе на 5ти јануари ќе го даваат племенскиот совет па потоа ќе се гласа и директ во студиот емисија каде ќе се прогласи и победникот. Така да утре слободно славете Нова Година ќе нема емисија Преживеан во 23.30 на Сител Браво за Кача баш ми е мило, а и за Гоца ми е мило такво мало, ситно борбено е, збори многу дури и премногу ама нема лоша душа ич. И Андреј е супер, само штета што е тој во финале а цел негов тим е дел од советот што ќе гласаат за него, така да јас сум многу сигурна дека тој за малкуцка ќе го победи наш Тони. Ама тоа е тоа.
Ја посетив на Срвајвр официјалната странаи прочитав коментари од типот : Не смееме да дозволиме некој странец да ја земе наградата,гласајте сите за Андреј. Ваква останав. Знаев дека нема да ја дадат на Македонец наградата,тоа сигурно ама јавно вака да се повикува ...
Тони е срце и најјак е таму заслужува тој да победи, ама Македонче си е Македонче никаде не не пуштаат нас И мислам дека ќе победи Андреј, а не го обичам многу многу
Заслужено во финале влегоа Тони, Андреј и Катарина, ама Гоца Во ниедна борба немаше победено, никаква сила не покажа во текот на шоуто, освен тоа што имаше способност за сплеткарења и трачеви Марко милион пати повеќе заслужува да биде во финале!
Ете бидна и тоа го исфрлија Никола и фацата на Бојана нема што да се коментира. Таа била површна ништо не забележувала, не била опасен играч, не правела договори, ама ете излезе и на виделина правата вистина. Начека погоден момент, само што заминаа Александра и Андреј во хотелот за наградата одма се сврте против нив , почна да прави филмови како тие двајца ги предале како одамна не постоело Касуко, а колку што знам односно баш ја гледав таа епизода пред племенскиот без цензура кога касуковци се договараа за гласањето и јасно и гласно се договорија кој за кого сакат да гласат и на племенскиот Никола и Бојана за Јелена мислам гласаа ,а Алекс и Андреј за Тони и како не било фер тоа така не се договориле и демек сега ги издале тоа и беше убаво осмислено за да се приближи на женскиот клан во Баханди. Прчла една , еднаш една приказна еднаш друга, па кога појде во “велико вече“ се зближи пак со Алекс и демек им е лута на женскиве од Баханди што ја исфрлиле уфф. Мило ми е што Тони е првиот финалист и заслужено си победи еех тоа гушкање со бандерата ака женска му па дури и 3 пати си ја баци кога си ја најде положбата си се исправи , НАПРЕД ТОНИ ! Кога беше таа борбата со лавиринтот многу се изнервирав кога не победи Катарина искрено не сфатив точно како требаше да се игра , ама она да го прават со врзани очи ? Па баш како знаеја кај се тие огрлиците, таа игра ја прогласувам за најчудна дефинитивно. Врв беше изненадувањето кога Кача влезе во финале заслужено , таа и Тончи од почеток мои фаворити, спремна, паметна, упорна ,коректна,и не битно секогаш насмеана Финалето мислам утре па јас му ја пуштам целата среќа на Тони што постои од Филипини па до Македонија низ Србија и горе до небо па назад (само тешки овие србиве дека ќе гласаат за македонец) Што биде нека биде, да победи Тони или Катерина па дури и Андреј само Гоца не ,иако звучи злобно , таа баш таквата страна ја покажа таму.
Абе МАкедонче си е македонче, јас сум си за Тони Зен. Конечно некој да ја одбрани Македонија како што треба освен да ја срами(како еден клошар во Фарма) Секоја чест за Тони, за него навивав од самиот почеток, најмногу ми се допадна тоа што не се продава да збори на српски како поголемиот број македонци во реални шоуа, туку си збори на македонски. ТО БЕ МАЈСТОРЕ САМО НАПРЕД!!!!!