Е баш оваа сезона ич не ја следев, а на претходните ни епизода не пропуштав. Слушнав дека наш Тонка ни влегол во финале и верувам и знам дека е заслужено зашто и од тие малку епизоди што ги гледав го видов неговото вистинско лице. Нема што, вистински џентлмен и фин човек. Дури женските го сакаа, Гоца и Катарина мислам плачеа за него, оваа дури го свиѓаше Катарина. Стискам палци за Тони и му ја посакувам целата среќа за да победи, ама не верувам. Кај ќе победи Македонче во српско шоу.. Ама искрено издржливи сме, и Пеце и Ана минатата сезона далеку дотуркаа. И сигурно се знае дека Андреј ќе победи, зашто и во претходните две сезони испадна дека шпекулациите беа точни. Ехее, минатата сезона јас колку навивав за Клемен, лепотанчето мое ама не ми победи бее Иако ќе има пак гласање од публиката и преку пораки, нема везе веќе си се знае победникот. Не верувам на тоа.
А тоа дека гласовите од племенскиот се во ковчежето и ќе се отвараат утре? На пример и Андреј да има повеќе гласови од публиката Тони ако има повеќе од него од гласовите од племенскиот што ќе се случи? На тие гласови ќе им ги дуплираат тие од публиката или? Не знаеме ни на кој начин ќе се одреди победникот, а веќе почнуваме да претпоставуваме и да веруваме во шпекулации. Што знам никогаш не верувам во шпекулации, може и обратно да испадне, ако е за тоа јас имам слушнато дека Гоца потплатила за да победи и таа ќе победи и сеа што е точно?
Па, јас сепак мислам дека Андреј ќе победи. А за ова со публиката и гласовите од племенскиот не сум сигурна, ама сепак сигурна сум дека Тони, за ЖАЛ нема да победи. За Гоца исто никако не верувам дека ќе победи, Катарина што знам, не. Така да останува Андреј. А и таму на анкетата највеќе гласови имаат Тонка и Андреј, а Гоца има само 3 посто од гласовите. Ии зашто неможам да гласам на анкетата таму?
За да гласаш на анкетата не се наплаќа. Кога нема па сега македончето да земе и да гласа за да победи Тони, да троши пари. Така да, по веројатно ми е да победи Андреј.
Се размислувам дали да гледам вечер, од причина што само ќе се изнаервирам. Реално девојки, Тони е најспремен физички, интересен е како лик, и би требало според тие критериуми да победи! Ама... тоа никога нема да се случи. Македонските играчи во ваквите натпревари се ставаат чисто ради реда. Колку да се каже дека има постигнато некоја рамноправност, дека не се само срби во игра. Но, македонче никогаш нема да победи!! Така да знаете И сега треба нов фаворит да си барам, ама нема.
Кој и да победи си стојам до моето мислење за нашето Тоничи мој фаворит,најспремен како што и вие кажавте голем-вистински џентламент стискам палци тој да победи
Гледај вечер!!! Утре не гледај! Вечер е емисијата Враќање во цивилизација што ја даваат секоја недела околу 23 часот на сител. Арно ама сител си имале новогодишна викенд програма па наместо во недела вечер ќе ја даваат таа емисија (а во истата мислам дека се кажуваат кои се финалистите и се кажуваат броевите за гласање и баш таа емисија касни кај нас дури 3 дена зашто во србија се дава во сабота ) А утре од 21 часот е она битното, кој ќе е победник
Блу не можеш да гласаш дека можеби веќе еднаш е гласано од твојот компјутер и мене не ми гласа по 2 пат.
Нема шанси Гоца да победи, одвратна особа!!! уффффффф кој би гласал за онаква лицемерка јас не знам...
Луѓе нема врска анкетата, битно е гласањето од мобилен, анкетата е чисто за евиденција Али тој што е прв во анкетава осеќам ќе е и утре победник
Ајде росонерка немој така сега, јас никогаш не губам надеж , оптимистички размислувај па можеби и ќе се изненадиме иако тешко , ама окрече се коло срече , тоа и се докажа во овој срвајвр ПОБЕДА ЗА ТОНИ, и да не победи Тони ќе си биде / е нашиот победник , илезе од таму со чист образ, не претстави најдобро што можеше , ги бранеше боите на Македонија , не се обрука и стана побогат со едно огромно животно искуство и еден вид поука. Друго ништо не му треба, си ја тестираше својата издржливост и докажа дека е ѕвер ! за него .
^ Jaс само реално размислувам. Вие гласајте си на анкета која е само обична анкета на една веб страна без никакво значење, а додека србиве водат на форуми пропаганда за Андреј да се гласа преку СМС и да не им ја земе наградата странец. Така да ние да си се надеваме нели? А никој преку смс не гласа. Епа нема таква победа... + за победа гласаат лицата што изгубија во досегашниот преживеан, а повеќе од нив се поранешни соплеменици на Андреј.
Колку се повеќе само двајца мислам од страната на Тони се 5 , а од Андреј 7 ќе да се, ама тоа не мора да значи ништо. Епа да беше бесплатно преку смс ќе пратев и 200 пораки , ама и тука е прашање на бизнис така? мора и од тоа да се заработи инаку џабе се, како ќе се надоместат парите и џипот што ќе ги добијат учесниците? Инаку јас би гласала ама скапо ми е , секако дека колку и да сакам да победи нашиов не можам туку така да гласам, ни сама пари заработувам нити па и сама да ги заработував некој ќе ми ги дадеше туку така. И да гласам 2 пати што ќе смени тоа? што ќе сменат два гласа/две пораки ? А и кој ми гарантира дека ако гласам навистина гласовите ќе ми бидат избројани, може и Тони да има повеќе гласови, а сепак Андреј да биде победник. Една од причините за кои не гласам по вакви работи, натпревари и квизови е тоа што е незивесно и може да се намести.
И да не победи во среда, си знаеме ние дека Тони е морален победник, најдобро се покажа од сите, ама сега не може да се споредуваат Србија и Македонија, они имаат далеку повеќе жители и најнормално дека Србин ќе има повеќе гласови. Кога веќе знаеме дека ќе победи Србин, би сакала тоа да биде Андреј затоа што стварно е добар дечкото. Само да НЕ победи онаа Гоца. Кога ќе ми текне колку ја сакав пред шоуво, а сега ми е одвратна!
Јас гласав за Тони двапати до сега POB2 НА БРОЈОТ 14741 Ајде луѓе гласајте Тоа со анкетата нема врска, се важи само СМС гласањето!
Секако дека анкетата не е за гласање , таа е само за евиденција , да се има отприлика приказ како би се одвивало гласањето. А гласовите од СМС гласањето ќе се додадат на тие од ковчежето или ќе се рачунаат само тие од пораките?