Луѓе имам прочитано повеќе пати до сега на страната на сурвивор: Тони до победа Тони је најдобар ова она и мислам дека и србите би гласале за Тонка наш али незнам се е можно.Ич не сакам да победи овој Андреј многу го мразам незнам оти ама грозен ми е многу се занесува !!! ТОНИ ДО КРАЈ...
Утре се објавува победникот? Незнаев јас, целата изгубена. Ме мрзи да го гледам ова денешново, и онака е специјална емисија, ме интересира тоа утрешното. Тоа сигурно ќе го гледам.. И што да кажам друго, навивам за Тони, ама пак не верувам.. колку и да сум оптимист.
девојки јас верувам дека Србите ќе гласаат за Тони затоа што Андреј не е србин а катарина не е некој фаворит,член сум на форумот на сурвајвор и гледам дека повеќето се за Тони...браво браво за него!
Како прво честитки за Тони! Навистина се покажа во најдобро светло! Никакви сплетки да направи, човек од милина! За мене ТОЈ Е ПОБЕДНИК НА SURVIVOR Во игрите се покажа како доста добар играч па неможе да се каже дека не заслужува победа! Но сепак не верувам да победи, зашто е Македонец а ова е српско шоу. Мислам дека ќе победи Андреј, не велам ништо лошо за него, навистина и тој добро се покажа, но сепак Тони ми беше најдобар од сите! Се гордееме со тебе Тони!
До сега ја гледав специјалната емисија на српската ТВ, па сега пуштив на Сител и гледам Враќање во цивилизација. Кажете ми кога е таа што седи до Марко? Ме изнервира сега кога рече за Тони дека не е бил ништо посебно. Ц ц ц. Изгледа не гледала она Срвајвар?
Oд првиот Преживеан натпреварувачка. Абе Тони јас мислам дека не им е интересен. Сите се свесни дека е физички најподготвен и најдобар во борбите, ама тоа не е секогаш доволно за да си победник во Преживеан. Тони беше на страна, не беше комуникативен, не правеше сплетки, ретко се слушаше неговиот глас, ретко кога во групните разговори играња пеења се слушаше неговиот глас. Он си беше на страна. Тоа и му е најголемата мана, требаше да биде побучен Ама затоа е најсилен и мажите тоа го почитуваат и најзгоден а тоа жените го сакаат. Така да никој не е совршен, а со тоа ни Тони. Ама он си е македонски победник во Преживеан, утре ќе видиме кој е сепак вистински победник
А зошто да му е мана дека не беше многу комуникативен кога стигна до финале? Од овој срвјавр заклучив дека со помош на повеќе карактерни особини можеш да стигнеш далеку. Мислам дека и дека не беше многу комуникативен уште повеќе го засакаа и им стана драг , поарно да не бидеш нападен одколку ти само да си во центар на внимание и што така ќе испаднеше дека е појден за да се промовира во Србија (од моја гледна точка) си имаше шанси кај да зборува и си ги искористи. Што дека Гордана стигна до финале со сплеткарења, оговарања, шепни ваму , шепни таму, дојде до финале и единствено нешто што доби сега за сега е само одбивност кон публиката и уништување на својата репутација. Единствено во ова шоу после 3 дена почнуваат маските да паѓаат и се гледа кој човек каков е, Гоца можеби нема лоша душа , ама ете сака да доминира и да брбори што испадна и дека и така можеш да дојдеш до финале, ама зошто на таков начин, кога најмногу се цени физичката способност и издржливост , не е ова шоу кој ќе издржи најмногу со зборување или кој најмногу ќе прави сплетки. Единствен потег на Гоца кој и го оправдувам е кога ги даде сите 5000 денари на лицитацијата само за да го прочита писмото од дома, тука докажа дека сепак е човек и има чувства и плус тоа не ги предаде соплемениците во овој поглед се покажа фер.
Луѓе прочитав некаде демек Гоца била победник. Знам и за предходните сезони порано излегуваа шпекулации за тоа кој ќе биде победник и секогаш беа точни.. Сакам Тони да победи!
Jас уште од кога имам слушнато дека GOCA е победник ехееееееееееее............... уште пред да почнат да го емитуваат вип преживеан! на Spoiler идивиди мислам прочитав.... Tака да, мислам дека таа е победникот
Денес е финалето така? Да не знаете во колку саат? Вчера не догледав до крај, ме напнаа со муабетите некако. Да и јас некаде чув дека Гоца ќе победела, иако би сакала Тони ама ете. Утопија малкуцка
Е пукнав со ова зулу. Дај ако знаете некоја поквалитетна страница за гледање онлајн кажете, не сакам да го пропуштам сарвајвр.
Пристапот до оваа страница е овозможен само за посетители од Р. Македонија. © Македонски Телеком Правна напомена. Бегај да не одиме офтопик, нека не не кара модератор, ќе го гледам после на јутјуб кога ќе го објават.