тоа си се знаеше дека ќе е така, но сепак не е ни важно тоа, важното дека Тони се покажа супер и да не беше Македонец ќе победеше 100% но тоа ти е тоа за нас победникот се знае кој емислам и од гласовите во регионто се виде дека е ТОНИ АЛАЛ ДА МУ Е
Тогаш што викаат македонци, ако е српско шоу, и ако се планира србин да победи??? Ах бре Тони, се надевам памет ќе ти дојде сега
И мене ми се пикна Тони под кожа. Човече или јазиков ни е двосмислен или мене ми се мислите валкани Шала на страна, јас мислам секој еден од нас е горд Македонец во вакви моменти кога не претставуваат квалитетни луѓе, колку и да мразиме патриотизам како поим. А Тони убаво не претстави, рака на срце и вака така го промени мислењето за него кај многу луѓе, вклучувајќи ме и мене. Риспекат и чекитаут! А Србине си го покажаа патриотизмот. Очекувано и вообичаено за нив, би можеле ние нешто од нив и да научиме. Тоа е.
Дали може некој да го напише цитатот на Тони, од последниот племенски совет на островот, If you.... then you... и тако даље.
Цел серијал не го гледав, ама затоа последните пола саат ги изгледав како најверен фан на Survivor Види го Тони, па јас не ни знаев дека е во финале... Браво бе братчеее бееее! Убаво е во секој случај кога наше дете (претставително и умно) е дел од ваков натпревар и притоа стигнува до почесното (за жал) второ место... Шта је ту је, шта би рекли брача Срби (јас си ги сакам, ОК народ ми се не ги напаѓам, иако моментално заради ситуацијава ме нервираат ), така да Тони е Црногорски и Македонски победник на Survivor, а Андреј е победник на остатокот од регионот, односно Српскиот победник на Survivor. Oчекувано, иако не сум гледала ни една минута, крајот го знаев однапред... Ама пуста надеж, се си мислиш дека ете можеби овој пат ќе биде поинаку
Жалосно е што многумина не останаа доследни на своите ставови, се полакомија за некој денар и го променија мислењето за една ноќ.Ништо чудно ако Андреј им понуди добра сума на гулапчињата Бојана и Никола, до вчера ќе се колеа, а денес се во одлични односи Се знаеше дека нема да дозволат да победи ''странец што не зборува српски'' Како и да е Тони многу повеќе доби од ова шоу, одошто Андреј.Успеа да ги освои симпатиите на многумина кои досега и немале прилика да го запознаат како дел од естрадата и воопшто како личност За Андреј ако победи чесно честитки, иако не верувам дека беше така.Се гледаше од километар дека овде нешто не е како што треба.Мене лично Андреј ми е недораснат за да биде победник на едно вакво шоу. Ќе кажам секоја чест Тони.Ти си нашиот херој, не претстави во најдобро можно светло.Победник за мене ќе биде оној со највеќе победи!!Тоа дефинитивно беше Тони, кој остана речиси непоразен во текот на целиот сериал.Како најдостоен ривал и многумина го доживуваат како морален победник.Само што големиот број неранимајковци глумеа патриоти на далечинско...(какво такво, наше си е..битно од туѓото подобро е ) така нека биде, не ни очекував да победи Македонец. РЕСПЕКТ ТОНИ СО ТЕБЕ СМЕ !!!
Edit> на National Geographic http://www.youtube.com/watch?v=4qwA5fUh3hA If you are, you breath. If you breath, you talk. If you talk, you ask. If you ask, you think. If you think, you search. If you search, you experience. If you experience, you learn. If you learn, you grow. If you grow, you wish. If you wish, you find. If you find, you doubt. If you doubt, you question. If you question, you understand. If you understand, you know. If you know, you want to know more And if you want to know more, you are alive цитатот што го кажа Тони....
Само едно ќе кажам РЕСПЕКТ!!!! Тони си е наш победник, нека му се со среќа парите на Андреј, реални да сме да не беше Тони дел од преживеан може тој ќе ни беше еден од фаворитите. Ама дека имаше исценирано сценарио имаше. Тони ние со групен HUG те чекаме во Македонија.
Јас воопшто не се согласувам со ова... Ако им е глупо да победи македонец зошто воопшто го викале Тончи да учествува во SURVIVOR????
Да се надоврзам крајно безобразно беше што гласовите беа поделени на гласови од Србија и гласови од регионот Па тогаш зошто не го именувале шоуте VIP SURVIVOR SERBIA I REGION Многу подобро ќе било да има само еден глас од публиката, како што се учесниците еднинство така да биде и публиката, а не ќе делат Србија и регион..Ма најдобро и таму да ги поделеа на племе од Србија и племе од регионот, барем од старт да се знае кому до каде му е дозволено да стигне
Срцки, а некој може да ми даде линк од последната емисија да гледам и јас смешки малку?? мислам ако има де цунки
РЕСПЕКТ за Тонка !! Како што он преферира да каже Не претстави во најдобро светло,големо браво за него,не направи горди.За јазикот посебен РЕСПЕКТ! Со србите само така! Никола фино си го доби одговорот што си го заслужи..Ама србин нема да е србин ако не се исцепа нешто у своја корист!Зошто не зборел српски?! Па како Тони се помачи да ги разбере нив 10 души таму колку беа што збореа на српски зашто и они да не се помачат малку да го разберат?!Ма да они супер разбираат ама се праат дека не разбираат,така им одговара
http://www.survivor.rs/video/view/1001-Finale_1.deo oвој е првиот дел.. остатокот уште не го објавиле на официјалната страна...