Браво за Тони! Респект! Одлично се престави себе си, а воедно и Македонија! Се покажа како најдобар натпреварувач, борбен, искрен и чесен! И секако, иако не го освои првото место, за нас тој е победникот на Survivor! Уште еднаш, РЕСПЕКТ ТОНИ!
Браво ТОНИ Не ни очекував дека ќе победи ама сепак во мене постоеше едно зрнце надеж дека можеби, можеби грешам. Сеедно, знаеше и тој дека нема да дозволат да победи, ама Тони не само што е наш морален и секаков тип на победник во шоуво, туку ни стана идол на сите човекон. Дека имаше матни зделки - имаше и тоа многу и арам нека им се на сите и нека им служат на чест и парите и се. Не е ни битно - очекувано беше тоа од повеќето од нив, важно ми се наполни душичкава бидејќи Тонката сите ги замолчи со своите квалитети и сите не направи да бидеме горди што сме Македонци, секоја му чест. РЕСПЕКТ најголем
Браво за Тони. Морален победник на ова шоу. Многу ми е мило што остана неискварен до крајот, доследен на своите ставови, што во ниеден момент не не посрами Е сега сакав да искоментирам за останатите. Прво за победникот Андреј. Што да се каже, победи Единовиот потрчко. Па тоа уствари беше Андреј во текот на целото ова шоу - потрчко. Лицемерен, дволичен, убаво си кажа Јелена дека зажалиле што го оставиле во игра, затоа што кога ги немало камерите им се упикувал на сите од Баханди, а ваму се правел фраер. Како и да е, мислам дека колку и да се правда Андреј дека не ветил пари, сега фино лепо ќе ги почасти по неколку илјади овие продадените души и крај приче. Един - мислам дека е еден од позаслужните што Андреј е во финале, сигурно тој замешал прсти во сплеткарењата и купувањето гласови. Бојана - ми беше одвратна, а сега уште еднаш ми потврди зошто ми била толку одвратна! Лакома, дволична, на последниот племенски ги плукаше Александра и Андреј, а сега гласа за Андреј?!? А плус тоа што Андреј гласаше Бојана да биде исфрлена. Николица приколица - самиот надимак кажува, приколица на Бојана, кај го вози Бојана, таму иде. Александра - уште од почетокот не можам да ја смислам,ама очекував дека ќе гласа за Андреј. Кнез - Офффф...Јаден, беден, мизерен беше и остана! Милан и Билјана - негативно сум изненадена баш од нив двајцата, посебно од Билјана, ја мислев уметник, посвесна, креативна, али парите чуда прават. Милош-Цар, беше и си остана таков. Марко и Јелена - очекувано од Марко да гласа за Тони, а за Јелена мислам дека гласаше за Тони зошто беше свесна дека премногу се лобира за Андреј. Гоца - Ја фатија во тесно, па мораше да остане доследна на женскиот клан. Весна Змијанац-намерно ја оставив последна зошто Весна кажа неколку работи со кој даде до знаење дека имало матни игри. Прво кога рече ,,ja nikada neradim sto rade drugi" - тоа покажува дека однапред се знаело кај кого ќе одат повеќето гласови. И второ кога рече дека ќе гласа за Катерина зошто не сака директно да влијае на победникот - сигурно сакаше да каже дека не сака утре нејзиното име да се мота по весници дека и таа гласала за Андреј за пари, ама сепак не гласала ни за Тони и со тоа не му наштетила директно на СРБИНОТ Андреј. Баш пријатно ме изненади, не се продава Весна за нивните неколку илјади евра
А јас пак се понадевав дека Весна можеби ќе гласа за Тони, нели му рече на крајот "i treba da slave takav covek kako ti" - така нешто, али јбг, во право си БоаВиста И да се надоврзам, повеќе Срвајвр нема шанси да гледам, нема логика.
Нека му служи на честа што да речам друго. Не дека нив ги заболе оти ние овде си коментираме, ама сепак можеа малку од малку да се потрудат да скријаат дека е целава работа наместена. Сериозно се двоумам дали да гледам 4та сезона. Кога излезе првата бев најголемиот фан, на последнава не ни ги догледував епизодите. Нека продолжат со ваков идиотизам, нема да му остане ниту еден гледач. А и овие нашиве, гледаат како ги перкаат Македонциве, па и уште му ја правиме честа, му ги купуваме емисиите. Се што дојде од српска продукција е.
На Андреј му беа нај потребни парите затоа и победи! Хуманитарна акција.... Тони е морален победник...се знаеше дека нема шанси да победи ама тоа е што е! Респект Тони...ми се допадна искрено како му го спушти на Николица приколица! Секоја чест! Тони Само не ми беше јасно зашто Јелена не гласаше за Катерина....и зашто кажа дека го сменила мислењето ( па нели другарки беа )
Вчера си седнавме јас,мајка ми,сестра ми пред ТВ да гледаме Срвајвр. Ама на крај се разочаравме И ајде јас малце да прокоментирам.. Прво Кнез затоа што најмногу се изнанадив од него.Читаат Андреј и јас си мислев сега Един ќе го дадат кога го гледам Кнез .Ваква останав Старо магаре дошол на Срвајвр за да се прави готвач ? Победникот Андреј мнгоу сакаше да бид духовит и да покаже дека има некоја смисла за хумор ама кај мене барем не запали.Ми беше одвратен од почеток па се до крај.И сите знаеме зошто баш Андреј е победник. Бојана и Никола.За нив стварно немам зборови.Гзолижачи! За Александра и Един очекував,знаев за кого ќе гласаат не ме изненадија ништо посебно.Како што напиша погоре БоаВиста Един е позаслужен за победата на Андреј него самиот Андреј. Другиве ништо посебно,очекував.Иако како што рече некој подогоре имав тронка надеж дека Тонка наш ќе победи. Ама ако,Тони е Морален победник!
:up: Смрди на наместено, корне! Еве интересно мислење од друг форум, доста реално ги согледал работите овој што го напишал тоа...
Абе ТОНИ си е наш победник.... а синоќе баш имав некоја надеж дека МОЖЕБИ ќе победи Но ништо...уште еднаш се докажа дека ПУСТО МАКЕДОНЧЕ КОЛКУ И ДА Е СТАЛОЖЕНО И ДОБРО СЕКОГАШ Е НА ВТОРО МЕСТО...не само на survivor туку и општо
како прво еве ме и мене да дадам еден осврт на крајниот резултат на преживеан. шоуто многу го сакам го следам од првата серија па се до третава секогаш наместо и секогаш праведни во некоја културна мера. но морам да кажам дека со последниов вип преживеан тотално ме разочараа. крајна и видлива намештаљка. зошто не се придржуваа кон сите правила како предходните серијали да се гласа на островот на последниот племенски совет, туку гласањето беше во живо?? многу ме изреволтира и изнервира тој факт и отука јасна беше поентата дека гласањето е наместено и победникот беше видлив. иако мои фаворити беа гоцка и тони исто сметам дека беше наместено поради тоа што никој не и даде глас да гоца но тоа е тоа секогаш јаготката неможе да биде над шлагот, и ваквите шоуа на крај мора да завршат трагично. сметам дека го пробаа и вип преживеан и се надевам дека до година ќе се навратат на обичниот преживеан кој е крајно по коректен и по интересен. вистински преживеан. и за крај респект за тони
И ете испадна како што си замислував. Да победи Андреј. Типот беше сосем океј, а и кај се видело македонче да победи на српско шоу?! Нема теоретски шанси.. Ии се гледаше дека е наместено. Во тие три месеци они можеле да се договараат, да се убедуваат, да се молат.. свашта можело да се деси за тоа време. Така да се гледа дека не е реално. А тоа со Катарина, нема везе, тензијата е голема, може стварно и се слошило во моментот па си дошла на себе.. А за Тонка, немам збор. Си беше човекот реален, не отстапи од ништо што до сега го кажал и остана свој до крај. Можам само да кажам РЕСПЕКАТ. И јас бев во неизвесност до самиот крај, дури и помислив дека наш Тонка ќе победи, ама кај може тоа. Уште на почетокот кога видов дека води дури и си имав тронка надеж, ама ништо од тоа. Се знаеше дека Андреј е победникот. Ама, и јас се зачудив за ова со Гоца, ајде еден или два гласа, ама ниеден?! Епаа, ова ти е намештаљка. Првата и втората сезона беа даалеку пореални, подобри и поинтересни за гледање. А и искрено, оваа сезона не беше толку тешка како претходните. Како и да е, се надевам дека следната година повторно ќе биде нормално, без ВИП фаци, и поинтересно. И тогаш планирам да ја изгледам целата сезона, од почеток до крај, како претходните две, зашто оваа не ја следев баш.
Знаев дека нема да има ни еден глас за Гоца, каква интуиција, баш вечерта пред гласањето дискутиравме со сетра ми и и викам гледај сеа ќе видиш дека тони од племево ќе добие минимум 4 гласа, а доби само 3 + од регионот, барем Катерина да добиеше уште 2 тогаш можеше да биде изедначено. Милош пријатно ме изненади си остана верен на соплемениците , за Марко знаев дека ќе гласа , а Јелена кога кажа дека го сменила мислењето знаев дека 100 % ќе гласа за Тони, сигруно ќе гласаше за Катерина, ама го сменила и мислењето општо за неа, нели уште на советот ја праша дали можеш да оствариш од овде вечни пријателства , а таа и кажа дека има подлога за тоа и кој знае што се случило за овие 6 месеци. Кнез ме изнервира, ама ова му е освета за тој племенскиот кога мислеше дека го има тајниот,само глупаво што нити беше со него во племе, нити помина повеќе од 4 дена на островот со него. Билјана мислев ќе гласа за него за да не се избламира мислев дека го пушти смета дека заслужува и да победи ама ете и таа му враќа, колку и да се правда дека не сакаше да се врати во игра намерно го пушти мислејќи ќе ја земе, не за џабе во емисија рече дека немала доволно можност да се докаже. Бојана и Никола докажаа дека се сељаци и лакоми за пари, уште оваа приколицава пак јас и да победев, а не заслужив да победам ќе ги поделев парите со Бојана, ко да сакаше да каже Андреј дека ќе гласам за тебе да си ми дадеш барем дел, само Бојана испадна мисирка невидена, на племенскиот пред да испадне се испокара со Андреј и Александра , а сега им бил брат , секако повеќе ви е тој брат отколку македонецов. Нема врска си кажав ја и претходно РИСПЕКТ ЗА ТОНИ ! Камо да може ова што го пишуваме да го прочита а, а ако случајно прочита го повикуваме да напише барем едно благодарам на подршката !
На светското првенство за мене победник беше Холандија, а на VIP SURVIVOR мој, а воедно и МОРАЛЕН победник е ТОНИ ЗЕН ЗЕН ЗЕН!!! Секоја чест, мајсторе!
Ама кога рече дека се чувствува Македонец како кога победи Кометал на Европско, кога Пандев ќе даде гол за Македонија абе срце е ,браво за карактерот , ама јако беше кога Иван му рече “намазан си ти“