Тони докажа дека е вистински борец. Тој беше првиот победник и така требаш да беде, но нормално дека Србија нема да дозволи да победи Македонија-логично
Ако си,дишиш;ако дишиш,зборуваш;ако зборуваш,прашуваш;ако прашуваш,мислиш;ако мислиш,бараш;ако бараш,доживуваш;ако доживуваш,учиш;ако учиш,растеш;ако растеш,посакуваш;ако посакуваш,пронаоѓаш;ако пронаоѓаш,се сомневаш;ако се сомневаш,прашуваш;ако прашуваш,разбираш;ако разбираш,знаеш;ако знаеш, сакаш да знаеш повеќе; а ако сакаш да знаеш повеќе, ЖИВ СИ. еве го на македонски.
Слушнав дека на учесниците во Survivor им се плаќало 1000 евра од еден ден на Филипините. Го има некој слушнато тоа ?
...Мачета бој-победник. Типов што слободно може да си го тужи кумот поради ставање на име што е далеку од тоа што му соодвестува,далеку од совршеното БИСЕРКО! Бидејќи од сите тие бисери што ги изнареди во текот на шоуто,од сите негови фикс идеи,за мене несфатливата смисла за хумор која на моменти се граничеше со глупавоста а со која гордо се петелеше човеков под итно може да ја смени професијата и да стане КЛОВН Нејсе....париве му дојдоа таман како помош од Црвен крст за неговата престојна свадба,која за време на престојот на островот му светна дека ќе ја прави и 4587 пати нагласи дека ќе му требаат пари за веселба.Епа Бисерко со алал да си ги служиш,ако воопшто имаш чиста совест. Како прво ме збуни целиот концепт на шоуво што дозволија гласање на Племенскиот совет за време на финалната емисија Тоа според мене е далеку од фер,со оглед дека имаа цели три месеци за договарање,лижење газови и собирање поени што и се испостави дека е така Никола и Бојана гласаат за Андреј???? ...Кнез подлизуркото во Кикоман беше прв другар со Тони ама очито пати од комплекс на фајнал тач па не му се бендиса што некој му кажа во очи дека е дволичен (Тони) и реши човекот дека нема бе да гласа за него,ами како...он него ќе му расправа. Другите не ме збунија искрено со гласовите,очекував и дека така ќе биде со тоа што очекував само Јелена да гласа за Катерина,а не за Тони.Во секој случај не згреши девојчето А Гоца јадницата со подвиткана опашка си замина и да ви кажам право срцево ми се наполни.Единствена паметна работа што кажа беше да не гласаат како да се хуманитарна организација ами како прави Срвајверци,е рече ама мнозинството во тој момент ваљда размислуваше што ќе му однесат на Андрејчо како поклон,да се отсрамат,да си ги оправдаат хонорарчињата,а можда и Николче си го спремаше од дома научениот говор против мито и корупција. Како и да е,заврши.За мене Тони е и ќе остане морален победник.А на патриотите и газолижачите можам само да им кажам,ако некогаш заминат на одмор на истиот остров да не заборават да и запалат свеќа на погребаната мачета на Бисерко,да и одадат едноминутен молк за почит или у подобар случај да ја откопаат и да му ја донесат на братот да ја обеси на некој ѕид од новиот стан,да и се восхитуваат со невестата....море нека спие со неа,не со жена му.
Навистина се понадевав дека Тони ќе победи, зошто (не дека е наш ), навистина заслужи. Андреј победи?? Не ни памтам веќе. Како и да е, брат ми кога ми кажуваше дека нема шанси србите да остават македонци да победат, јас не верувам и после се разочарав. Но Тони навистина можеше да победи, знам личности од Србија што сакаа Тони да победи и гласеа. Тони е шмекер, ги заведе и србите Како и да е, тој за нас е победник
Ќе има, колку што прочитав. Само што не гледам дека кастинг имало, нели кастингот се прави порано, а Survivor се снима летно време, есента го емитуваат на ТВ. Би било штета ако нема годинава.
Јас ко што разбрав ќе има, ама нема да има претставник од Македонија, па не се знае дали кај нас ќе го емитуваат. http://www.survivor-srbija.com/Vesti/An ... vivor.html
Уууу дај боже, нив обавезно ги гледам. Ја сеуште нити сум видела,чула,прочитала нешто во врска со тоа, но ако начекате некоја информација кога што како почнува, пишете
И јас видов дека ќе се емитува на Сител, ама кога не видов, најверојатно во Јануариво.. А и ко ќе има обавезно го гледам.
И јас видов во новата 2012 година освен 3243235 турски серии,ќе ја дадат и новата сезона на Survivor И искрено не би сакала да биде ВИП,помалце ќе трае http://www.sitel.com.mk/tv/serii/zaedno-i-vo-2012 1:13
Еве нешто што најдов: Изгледа Андреј Милошевич ќе биде пак водител. Учесниците ќе бидат од Хрватска и Србија.11 учесника од Србија и 11 од Хрватска. Долу во цитатите има повеќе информации