ИЗГЛЕДА од кај нас ќе бидат претставници Жаре Бербер и Накова Ако се точни информацииве тогаш бравос...неам коментар ! "Како дел од реалното шоу „VIP Survivor“, оваа година македонски претставници ќе бидат водителот Жаре Бербер и манекенката Александра Накова. Ваква информација се појави деновиве во медиумскиот интернет простор, но засега официјална потврда за нивното учество во ова реално шоу нема. Според она што е досега добро познато, доколку Жаре и Александра навистина учествуват, тие ќе се соочат и ќе треба да покажат како се снаоѓаат со малку храна, но и со минимални услови за живот. Дали Жаре и Александра ќе бидат македонските претставници кои ќе „преживуваат“ на Костарика, останува да го почекаме стартот на реалното шоу."
За оваа Накова, искрено, прват слушам. Видов слики на нет, не ја знам. х) Можеби не треба, ама јас баш сакам Берберот да оди во Срвајвер. Иако, чисто сумњам, дека јас како што знам, имаше емисии кога се снимаше Срвајвер, на телевизија. Можеби сум и грешка, незнам.
Ајде веќе нека почне, не можам да чекам. Лошо ни се пише ако одат Берберот и манекенката - ќе не обрукаат начисто.
Јас колку што знам годинава нема да има македонски претставници, туку само срби и хрвати! А оваа Накова е толку просто и самобендисано суштество што според мене ќе ја замени НИКОЛИНА (од претходната ВИП сезона)... ЛЕЛЕ ПА ОВА НЕ Е ЗА МЕНЕ, МАМА САКАМ ДОМА ! А и за Жаре нема да коментирам, која физичка подговтеност ја има он бе??? Боље Боки да го пратат , барем ќе има сеири на островот !
Жаре Бербер во Срвајвер? Што физичка сила има тој бре.. А за таа Накова прв пат слушам. Која е таа? Туку ај нека им е Господ на помош.
Како што вчера кажаа на Бекстејџ, учесниците скоро заминале. Се уште се снимало, значи за емитување ќе си почекаме.
Како што слушнав, ке почне дури напролет. Место сега кога сите сме дома дур е вака ладно, тие на пролет Едвај чекам да почне
На 12 Март почнува ,како што е најавено во Српските и Хтватските медиуми. Се надевам и Сител ќе почне на истиот датум да емитува,да не бидеме во заостанување со епизодите. Еве ги учесниците. Берберов и Накова од кај нас се. http://www.backstage.com.mk/mk/articles ... d-survivor http://www.pressonline.rs/sr/vesti/dzet ... jveri.html Spoiler Во продолжение накусо ќе ви претставиме кратко сиви за сите овие 18 кандидати кои успеаа да прежиават 43 дена на Костарика. Започнуваме со нашите двајца кандидати Жаре Бербер пејач и водител на телевизиската шоу емисија „Кој те шиша“. Александара Накова македонската „Плејбој зајачица“ која полека но сигурно ја освојува и Србија. Се има сликано за магазинот „CKM“ како и соработките со познатите брендови „Calvin Klein“, „Police“ и „Lisca“. Како и една од вкупно 25-те најубави девојки избрани од регионот за 2012-та година од модната агенција „Gentleman’s Choice“. Мартина Врбос, хрватска пејачка, диџеј и некогашна водителка на MTV Adria. Посебно внимание од јавноста привлекла кога пред неколку години ставила силикони во нејзините гради. Ава Карабатиќ хрватска старлета која станала позната по учеството во реалното шоу „Фарма“ и едиторијалот за „Playboy“. Огнен Кајганиќ познат ракометар кој бил во брак со водителката Александра Јефтановиќ. Дека е слаб на водителки покажале и неговите врски со Маријана Килибард и Марина Котевски, а се забавувал и со манекенката Миа Стругар. Невен Цигановиќ, најпознат хрватски моден стилист кој облекува голем дел од хравстките ѕвезди и странски јавни личности. Покрај тоа познат е и како некој кој претерал по бројните пластични операции кои ги имал на неговото лице. Алекс Грдиќ, хрватска пејачка која имала свое шоу „Апсолутно Алекс“ во кое пред камерата пробала бразилска депилација. Се сликала гола и за магазинот „Playboy“. Маја Лена Лопати, е ќерка на познатата хрватска актерка Миа Беговиќ. Таа моментално студира новинарство. Маја Лена четири години била во врска со Ален Максимовиќ која ја прекинала поради Никола Мауровиќ еден од учесниците во минатогодишното релано шоу на „Големиот брат“. Миа Беговиќ, една од најубавите хрватски актерски и сестра на покојната Ена Беговиќ. Шест години била во брак со бизнисменот Жељко Џнидаревиќ а пред тоа била мажена за ватерполистот Роналдо Лопати. Владимир Вуксановиќ е српски манекен и студент по економија, име кое најчесто медиумите го поврзуваа како момче на познатата турбо фолк пејачка Цеца Ражњатовиќ и манекенката Сунчица Травица. Никола Шоќ, црногорски манекен на широката јавност познат по улогата во серијата „Будва на пјену од мора“ која моментално се емитува на ТВ Прва. Кристина Беквалац стилистка и помалата сестра на пејачката Наташа Беквалац. Била во брак со продуцентот и дизајнер Иван Мартиновиќ со кој има тригодишна ќерка Петра. Била во врска и со ракометарот Владимир Мандиќ. Станија Добројевиќ, најпознатата српска старлета која најголемо внимание привлекла кога изјавила дека е во врска со фудбалерот Гојко Качар. И таа се има сликано за „Playboy“ и „CKM“. Марко Караџиќ политичарот кој едно време бил на функција државен секретар за човекови и малцински права, на чија функција поднел оставка поради незадоволство од работата на неговиот министер. Моментално е висок фунционер на ЛДП. Милан Громилиќ еден од најдобрите балетани и познат кореограф кој од бракот со неговата колешка Катарина има две деца. Јелена Мачиќ позната белградска мејкап артистка која од бракот со фотографот Ненад Маријановиќ има ќерка Јована. Нејзината сестра е познатата манекенка Марија Тарлиќ. Радован е мистериозна личност од Хрватска чиј идентитет се крие па ќе биде изненадување за сите гледачи. Себастијан Флајс, најпознат хрватски сноубордер има авантуристички дух сака ролање и качуавње по планини.
Мислам дека тоа погоре е грешка,ова е точното http://balkantajms.com/poznato-10-ucesn ... urvivor-a/ Туку сега реално,воопшто не ми се допаѓаат,тука никој не е Вип. Јас барем не препознав ни еден,освен Жаре,не дека он е некаков Вип,ама сепак,познат е кај нас... Другово се нечива сестра,брат,мајка,татко..Или ова . Pažnju na sebe skrenula je kada je pre par godina ugradila silikone u grudi. Hrvatska starleta koja je postala poznata posle učešća u "Farmi" i slikanja za "Plejboj". И искрено се надевам дека Андрија ќе биде водител,бидејки без него Срвајвр,не е Срвајвр.И не би гледала без него,воопшто..
Ми се допаѓа Survivor.Поразлично е од останатите ријалити шоуа.Ама тоа обичното e 10 пати подобро од ова со "VIP".Уште кога ќе ги видам овие двајца откај нас Како и да е, никогаш нема да дозволоат Македонец да победи во некое шоу чија продукција е Српска или Хрватска. Но можеа Сител да одберат барем асални кандидати. Еве ја најавата на RTL.Одлично изгледа http://www.youtube.com/watch?v=f7new81dmBE
И јас едвај чекам да почне. Навистина најинтересно реалити шоу е. Ама најмногу си го сакам заради водителот, Андрија Срценце
И јас едвај чекав да почне се додека не ги видов учесницитет.е да бидам поконкретна учесничките.Значи катастрофа, која од која се, се Плејбојки, според учеснициве вака не ветува нешто посебно,ај ќе видиме што ќе биде.
Мене па баш ме интересира како ќе се "снајдат" во таа пустeлија, без шминка & stuff :? A и ако има игра со кал, уште поубаво
да да накова навистина учествува, знам од блиски извори, се врати пред една недела во скопје, наводно не поминала многу добро со инсектите таму... така да секако ќе ја видите нема бегање
На 12 Март почнува во Србија, Хрватска... Кај нас почнува на 14 или 15, кажаа на бекстејџ. Ден, два мање више..