За хигиената, единствено заби не мијат од почеток до крај. Не ви текнува дека добиваа шампон, сапун и сл. како награда за победа во некоја борба? А женскиве имаат право да користат брич. Логично, кој на тв би сакал да гледа жени со обраснати мишки или препони? Значи планирам да го гледам ова, можеби не секој ден, ама ќе го пратам. Ама подитно да се отстрани од игра онаа Јелена. Понегативно, мрчаторско и антипатично суштество не сум видела на тв. Ау!
Тоа беше уште од првата сезона, кога немаше Македонци. Типкава ја памтам и јас, мислам Марија се викаше, али врска немам баш, и она си беше една од тие поразгалените ... Пица и чоколадо сакала, чавка Иначе, за циклусот, па сигурно нема така да ги остават бре, нема смисла, тампони сигурно им даваат, иначе ако не даваа, ќе ги глеавме сите ко ранети досега
^ И таа Ава. Инаку нашава зајачица не е толку грда. Приглупа е, ама не е грда. А Жаре како Жаре. СОС (сељак останува сељак). А што убави машки има бре...Па то мускулчиња,па брадички... мх,мх.
23:30 ДНЕВНИК 23:55 ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 23:57 НЕКОЈ ДА МЕ ЧУВА - серија 00:35 БЕКСТЕЈЏ - естраден магазин 00:45 ПРОСЕЧЕН МАЖ - серија 01:30 БЕКСТЕЈЏ - естраден магазин 01:40 МОЈАТА ЅВЕЗДА - забавна емисија 02:30 КОЈ ТЕ ШИША - забавна емисија 03:10 ЖУРНАЛ - утринска програма 05:00 ЗОРА ЗОРИ - забавна емисија или сител повторно не им е средена програмата, ај ќе чекам
И јас го гледам редовно шоуво, секоја сезона. За оваа, не знам колку ќе биде интересно. иако е ВИП - речиси никој не познавам. Фаворити ми се Кристина Беквалац и Владимир. Има повеќе машки со прекрасни стомачни, ауу До сега, ме нервира онаа Јелена, и сакам прва да ја исфрлат.
Моментот кога во околина полна со крокодили и змии отровници, таа (не ја запомнив по име) да ти имала фобија од жаби, лол...
Нашава не е толку како на сликите кои кружеа. Само одвратен глас ми има. Жаре не ми се допаѓа. Не можам уште имињата да им ги науќам не го гледам цело туку онака фаќам некои делови. Ама мислам дека со она задниците и градите едни две претеруваат. Можда некои се сметаат згодни ама не стојат на сите танги. Една вчера со црвени купачи ама ги растресе. Па и толку време со неасално испрани танга купачи?
Изгледа само првиот ден беше скришно преоблекувањето, те зад грмушки, те палтиња си врзуваа Ама добро тело има девојкава и голо да го шета
Јас не планирам да го гледам, некако не ми е интересно, веќе видено е, знам дека Жаре учествува, незнам кој друг од нашите е таму.Интересно беше можеби на почетокот, кога првпат се емитуваше, сега веќе некако не е, нема ништо поразлично.
Што фајде ако Накова е убавка и има тело гром, кога 3 реченици незнае да сврзе. И молим ти се, од кога почнаа старлети, плебој зајачици да се врвни достигнување, па како вип селебритис да ги рачунаат. Не само нашана и другите. Се тртат се вртат, и? Вип фаци, од кој само Миа Беговоич им е фаца, другиве се мртваци. И мислам дека 42 дена да не ги измијам забите ќе ми паднат сите. А да ве прашам дали тоа јас преес добро видов ама некој правеа мубает на телефон
Леле какви машки примероци имааааа!!!!!!!!!!!!!!! Никола, Владимир, тој Себе или како и да беше... све згодночи бре не знам кај попрво да гледам. http://www.youtube.com/watch?v=wbUpGoOjFWw Не и замеравам на Накова што направила што и да направила, ја сфаќам. Женскиве не стигнав ни да ги зирнам, друг пат ќе ги коментирам. Сеуште под импресии...
Мене ме нервира Станија-Седнија. Одма ја проценија дека е таква што брка дечковци, овие двете што ја коментираа. Мислев дека ќе ме нервира Ава, ама интересна ми е, онака општо. Фаворит уште немам, ама како огромен љубител на уметноста, играњето, некако сум накај Милан балетанот И така убав глас ми вади... А оној Невен нежнион А симпатична ми е на Миа ќерка и, таква помаранџеста
Богами овие машките се презгодни ,баш за плакнење очи. Инаку,и мене ми смета што за Вип личности се сметат секои т.н. старлети или зајачици.Ама да бидеме реални,никој попопуларен не би се пријавил во ова шоу.Си имаат други обврски па за да одат на некој таму остров и да се натпреваруваат.Сигурно нема некој многу познат пејач или манекенка да си го губи времето таму,како да нема попаметна работа.Така да,овде се воглавно некои анонимци кои се замислуваат дека се Вип и се желни за медиумско внимание.Кое секако ќе го имаат додека трае шоуто,после Чао пријатно. Иако за Тони Зен ова воопшто не важи.Иако не ја слушам неговата музика сепак си беше популарен овде и баш беше вип личност.А не сега Жаре и Александра,маалски бербер т.е. водител и зајачица .