И сега заради ова секој ден ќе го пуштаат величествениот наш султан покасно Што е бре ова, зошто вакви емисии имаат олкава гледаност не ми е јасно? Остави постариве што се затупеа по турски серии, ова помладиве не се ништо подобри со ваква глупава програма. Страшна работа. Подобро ќе седам и ќе читам некоја книга за тоа време.
Море жабине вчера, око поголемо од нашиве, колку е језиво да спиеш, а околу тебе шетаат жаби и мајмунчиња со одредена веројатност дека може на глава да ти падне кокос или да слета некој мајмун до тебе. :geek:
Ихх ги поделија! Јас сум за Борука. Нашиве се таму, па... А и појаки се од другиве, тоа е факт. Иначе мислам дека Станија и Ава малку поише го претераа вчера. Уште одма соблакање и топлес пливање. Александра, нашава, поприбрана си е фала богу! Точно дека е малце лигава, ама сепак, многу подобра од другиве две. А Алекс ми е нормална. Немам некоја критика ни пофалба за неа. И да не ја заборавам онаа Јелена. Ужасна жена! Само да се мрчи за нешто, вечно незадоволна, господе божеее!
Поради што оваа Александра Накова плачеше не ми е јасно,кога ја тешеше Алекс? Гледав синоќа кога се поделија на две племиња и првата борба,но не ми беше јасно што толку се расплака Накова па тешење ова она А и целата е ко затутулена дреми цело време и се гледа како изгубена во просторот.
Во вториот дел - Без Цензура, низ нејзиното цмиздрење успеав само да слушнам нешто за Радован збореше. А пред тоа се жалеше дека е гладна
Како бе само за неа мислат така? Де за Радован де за оној другиот. Зошто за некоја друга не мислат така? Чудна работа, има нешто.
Почекајте бре луге,тек само што започна шоуво...Којзнае како ке се покажат нашиве?Не може веднаш негативни коментари за нив?Ај Боки па да го пративме? Како и да е,и после тоа што го кажав погоре моето мислење нема да го сменам.Досега само Тони Зен не прикажал во најдобро светло. И да,иако реков веке дека е старт на сезоната сакам Јелена да си отиде.
Ги погледнав првите 2 епизоди.Тешко е уште сега да се донесат заклучоци кој каков е,посебно гледајќи ги минатите сезони,некој ги откриваат своите прави лица дури кога ќе почнат сплеткарењата и договорите пред финалето.Минатата година на последниот племенски совет двајца дури јавно се издадоа дека имало договарања за поделба на паричната добивка само за глас(што е составен дел од буквално секој сурвајвор). Нашиве за сега се ок.И покрај тоа што нивниот изборо не ми се допадна,немам замерка за сега. Има згодни момци,да. Од она малку што видов, засега како нај ок ми изгледа Себастијан. Засега најмногу ме иритира Станија.Во рок од 2 дена промени 5 костима за капење,позираше топлес,"случајно" се трти пред камерите. Како да дошла да си ја промовира работата и да си дигне цена.Како што имам читано таа е најпозната Српска старлета(читај к...) затоа и не чуди нејзиното однесување.Но рано е,ќе се појави уште некој лик за хејтање. Најкомични ми се Ава и Невен.
Сега се такви, остаунва да видиме какви ќе бидат понатака, како ќе се однесуваат во различни ситуации.
Еве вечерва има пак нова епизода, што е финтава што секој ден има? Нели порано во изминатите сезони беше секој втор ден, или два дена имаше трет немаше така нешто...