Станува интересно..ај да не тупиме(кој бил гладен,кој жеден,кој што рекол) само ќе кажам јас навивам за Борука.Мислам така се викаше племето..
И јас прво помислив дека нашиве ќе ја зезнат работава, ама не било така. Они всушност го завршија и најкомплицираниот дел. Најпаметни испаднаа.
Хаха, делиме мислење. Јас не ги гледав скроз овие 2 епизоди, на работа ова она. Ама шала на страна, уште кога видов дека во прва епизода ми се соблекуваат голи, без страм, незнам шо понатаму да очекувам? Машките не ги знам баш, освен Невен каде шо он си потенцира, не е битно шо изгубиле, битно они пак најубави се Исто и Себастијан и политичарот, така да двајцата сега за сега океј ми се, мислам дека ќе терат понатаму. Од женските, мислам ако почнам да коментирам ќе нема крај. Таа Станија и другата плава покрај Александра во Борука, незнам шо функција имаат? Голи да се бањаат и да трчаат лево десно само? Оваа Алекс, напорна е малце ама ми има памет донекаде. За другите, може ги немам запазено до толку ама океј ми се. И колку само почетнички сите се сакаат нели, па си ги честититаат заслугите, се додека не дојде позади грб планови да си прават. (Ова се Борука, вчера вечерта). Конкретно за делот кај шо Жаре говори српски а Александра не, пошто нели не знаела. И јас така си мислам, ама барем и не пробува да се глупира и сврзува некои зборови за да говори, си продолжува со македонски. Малку неразбирливо ми е кога викате, Александра си стоела на страна, како избацена, демек не разбирала ова она. Па ништо поарно беше ни Тони Зен, и он беше цело време на страна, ретко да му чуеш глас. А сега дали Тони имал во главата и паметно се држел на страна, а Александра не, и затоа молче, околку тоа не дискутирам. И некој нека ми објасни која беше таа што прокоментира уште на почетокот кога се делеа, македончето мора да направи збрка секогаш? м? Шо и беше филмот? Премногу лично да не си го свати тоа? Како и да е, ова е само почетокот.. очекувам многу многу многу драма, особено околу женските.
Toa ти беше Јелена,онаа што цело време мрчи!Уф бе што човек ќе беше.. Туку Александра добра е сега за сега,фина.Ама овој берберов
борука се вика племето каде се насите двајца,,се разбира дека навивам за нив а и посилни ми изгледат од другите...само да не испадне како минатиот пат кога повеке од другите испадна и сите си гласа за оној андреј сто победи а кај нас беа помалце и помалце имасе гласови за тони...
Србин да дојде во Македонија си збворува Српски Македонец да појде во Срнија си зборува Српски Една порака до Жаре..... Жаре те молам збори Македонски...
Станија и Ава се невозможни. Болни се за да привлечат троа внимание. Ептен ми изгледа како да се без мозок.
Ова старлетиве како планктони лебдат со силикони угоре, се испапчиле таму, Божее... Ептен ми се отидени. И се караат која била попаметна, поубава, јао јао. Ма немој да ме јебеш бре, иди лебди таму. Жаре си фура на српски и не дека сум голем патриот, ама зборувај македонски бе мајка му стара, срамота е, се брука само со квази-српскиот. Невен ми е срцка, позитивен ми е до максимум. Вика, не добивме храна, ние не јадеме, пазиме на линија.
Ааа интересно ова со клетвата, не мислев дека ќе биди негативен глас, мислев нешто да ги исколни Невен педер, одвратен е
Лелеее, на женскиве, чавки не им се рамни. Ква, ква, ква, ква. Досадни се, неподносливи. Оваа Станија, само се фали дека има мозок, а далеку од тоа. Оваа Ава, збори ко навиена, а незнае што збори, мисли дека сите и љубоморат. Алекс, ми онака нормала. А нашава, искрено, не очекував дека ќе биде ваква. :up: Подобро, да си ќути, него ли, да квачи ко овие другиве, и да се соблака. Невен, баш ми е фенси, онака нај опуштен. Многу ме смее. Јас за Жаре, уште пред тоа си кажав, јас немам ништо против него, баш напротив. Од Борука, само машките им се арни.
Не не, моментот - “4 плејбој зајачици, а ние не ги ни приметивме дека се топлес!!’’ Умрев од смеење!!
Што функција имаат жениве во Борука освен да шетаат голи? Како не им е срам уште од 2 ден да се соблечат топлес..што знаеш до крај може и нудисти да бидат како тргнала работава
4 зајака се соблекле спонзорушите уште на почетокот ги истакнаа силиконите(нз кој има кој нема не и битно)туку муабетот ми беше сите 4 се имаат голи сликано за плејбој ова онаа старлети-спонзоруши,зајци и сл веке цел свет ги има има видено голи нз со се чудите,како и да е сите имаме гради НО некои “девојки„не го користат мозокот ги користат градите
Абре шта ќеш, типките за внимание си се појдени таму, не ни очекував да седат мирни и да мислат само на опстанок, пфф. Само ме нервира што овој мојов го бендисал гзот на Седнија, па ме прави љубоморна на шала. Епа нече мочи! Плус јас не останувам покусо - Никола манекенчено, прсти да излижеш мхмх.. Ама па ко неспособничок се покажа на почетоков. Ај белки ќе се поправи. Ду нот дисапоинт ме кјути! Ахахха и леле овој Жаре само спектакли му прави онаму, а зини - скини е! Шиба на српско-канатларски