Не знам, јас не сакав да испадне Јелена, во право беше за многу работи. Какви се сите нежни од тоа племе, а она ми делува на борец. И во право ми беше кога и’ кажа на Мартина дека цело време таму не и се обраќала, сега нашла на Племенскиот да и’ прави муабет.
И јас така мислев, ама нели на еден момент од далеку покажаа три топлес женски во водата? Инаку да, моментот со “4 плејбој зајачици, а ние не ги ни приметивме дека се топлес!!’’ ме пукна и мене од смеење.
Јелена беше премногу отворена, им го плесна насите во лице...и да не не беше во право - беше. Кукулекат уште од прв ден, за што се пријавиле за летување или преживување, ама и на "кралот" убаво му рече,кај му е машкоста што само лелека. Баш ми е криво што излезе
Не го гледав мн мн ама оваа Јелена... Може да, беше во право за некои работи синоќа, може е борец... ама стварно е претеризам И сметало тоа што коментирале биле гладни? им фали нешто? На неа ништо не и фали? Абе ајде ништо не и фали, шипинки не и фали.. Јасно е тоа дека требло да бидат свесни што ги чека таму.. ама па тоа им е моментална промена човечки е да се пожалиш xD
Реков нема да го гледам ама невозможно е Мило ми е што испадна Јелена, а оној Невен, ауф како само ме нервира...
Најсмешен ми е "кралон Џулијан". Поготово на играта кога ни нишанеше, ни ништо. Си пукаше, колку да се рече. Се познава дека не е дојден многу да се мачи или не знам што. Самиот си кажа на племенскиот совет: "Јас сум дојден да се одмарам, не да преживувам".
Се го пропуштам.Која е таа Јелена што испадна? Уште не ги знам убаво. Инаку стварно овие женските за никаде.Баш фатив кога таа Алекс и уште некоја мислам оговараа нешто,типките зборат триста на саат.Какви трачарки,чиниш цела памет на светот ја испиле а уствари се глупи.Па нашата најдобра си испадна,што ако многу трае.Мора ли да брмчи нон-стоп и да глуми драма квин уште првите денови.Не ја сакам,не ми е убава но досега не се е претставила лошо.Иако без шминка дури и поубаво изгледа отколку со шминка. Машките згодночи .Не знам стварно,за кој да навивам.Ама по се изгледа за Владо,најзгоден е ,а и физички спремен изгледа.
И мене баш ми е мило што изпадна Јелена. А токму таа беше која се жалеше најмногу, нека не го тупи сега. Само негативна енергија да се ширело, леле... Иначе јас мислам дека Александра не се бањаше топлес. Само овие три. Барем јас така видов. Она до сега најдобра ми испадна.
јелена од матамбо племето една со црна коса...таа замина... леле а ова ава сто ме нервира..она како во велики брат да е а не во сајвајвор... исто и оној sto bese glaven na матамбо...
Александра кажувала како многу било лошо, никогаш повеќе не би отишла. Без јадење, бањање, шампони... и имало многу дволични, тролични, лицемерни таму.
сите 4 беа топлес и дечкото си кажа 4 плејбој зајачици, а ние не ги ни приметивме дека се топлес, накова не ја снимаат многу али додека ја даваа ава на плажата она бесе легната до неа топлес се сончаа
Мене па овој хомосексуалецов ми е супер,многу ми е интересен,дека јас онака многу си ги сакам хомосексуалците,отсекогаш сум сакала да имам таков пријател,па можеби затоа ...Оваа нашава јас очекував дека ќе се понаша онака растурено,дека ќе им се пушта на машките и останатите работи ама сега за сега нема ништо од тоа,а иначе ми е многу мутава,не оти ќути,туку и на играта само дремеше и гледаше Жаре што прави,ама ајде барем поарна е од другине кокошки што само оговараат. Таа со црната искубаната коса,само се фали дека мозок има,од што има толку дури почнал да и тече Косана и е како кокошки да се бркале во неа. А тој манекенот што и бил дечко на Цеца,лелееееееее каков е мх,мх Иначе вечер ќе има ли борба ?