Јас не можам да кажам ништо лошо за неа во врска со ова што не и се работело. Мислам.. знам дека не е фер спрема останатите, но сите имаат различен начин на прилагодување бе. Неа и е можда потешко од колку на другите и што сега? Не сакала да мете, гооолеми м*да. Не ја прави тоа лош човек,а и ништо не значи за племето ако не работи околу кампот. Ко да речи во куќа се,па мора којзнае какво одржување сега. Бре, бре. Или па кога одат да 'мијат садови' Ава и Станија да не работат нешто? Алекс само, овие две висат и оговараат. Глупости.
Као може да бара од цело племе НАМЕРНО да изгубат на следната игра, за да ја избркаат нејзе. Пази молим те, која е она па за нејзе намерно да се губат игри, само затоа што нејќе со прстот да мрдне, и цел ден да се излежава. Или мислеше дека Срвајвр и е платен одмор на Костарика, само успут има некои си таму борби, јадат по цели денови ориз и кокос, спијат на земја, или најблаго и најдобро решение - трски и листови, и метат со метла која исто така е од лисја и трски ... Не знам само кај мисли дека отишла, па размазено ќе ми се понаша. Знаела дека е суров животот таму, ваљда ги гледала претходните серијали па знае што значи SURVIVOR во превод, или дознала дека згодни манекенчиња ќе фрцкаат таму, па за пуцање заминала. Ни Седни ја нити Ава, ни Алекс не се поарни, ама кога ќе им дадат задача идат на изворот и ги перат садовите, не се лигават ко оваа зашто и дале да подзачисти малце и да се разбуди од сонот. Остај тоа што успат дур едната пери, другата труби 300 на саат, и се сонча топлес, ама кога ќе се вратат садовите се испрани, а не ја траскаат метлата од земја, ко мајка и да ја праела.
Разбирам што сакаш да кажеш,кажав и јас дека нејзиното однесување не е фер спрема останатите,но јас мислам дека премногу е преувеличена целава работа што не сакала да работи/мете. Еве Матамбо кога ги покажуваат,само Миа работи,готви и сл,другиве никој ништо не сум ги видела да работаат и што? Ништо. Од друга страна ја бранам Александра затоа што ми е сто пати попријатна за гледање и кога плаче и се инаети,од колку Ава и нејзиното неповрзано ломотење и Станија Spoiler ДобројеБиќ. А плус ова е само почеток,има време се да се смени.
Оваа Ава значи бисер до бисер реди "Moj dečko meditira pola sata a ja 30 minuta" "Pozdravljam roditelje a posebnu tatu i mamu"
Само Јелена е лекот за оваа нашата госпоџа.Дури тогаш ќе виде како се раѓа лебот Среќа нејзина што ја избркале инаку пеш ќе требало да се враќа во Македонија.
Што се случи вчера?Кој победи во борбата за имунитет? Ако случајно знаете кога има реприза или линк на јутуб да не има пишете Eдит: Ја најдов па доколку некој сака да ја погледне http://www.youtube.com/watch?v=mZmmNFMF7WY
Ај, да се надеваме дека ќе се опраи нашава за понатаму. Иначе сигурно нема да ја исфрлат наскоро бидејќи Spoiler нели треба да се смува со Влада, па да се тепа со Станија, па тогаш да си оди.
Spoiler или ќе и стане досадно,па уште сега ќе се степа,зошто ако ја исфрлат чисто сумљам дека ќе сака да се врати во племето.Се разбира доколку е точна информацијава
Еве и мој коментар за сите таму.. Жаре е супер, подобар е од што очекував алиии тоа српскиоттт... ми иде на живци..Александра единствено за тоа ја бива што не се напиња на збори српски а не дека и онака нешто многу збори... не дека другите се многу подобри али бар повеќе се дружат и тук таму ќе напраат нештоо..а и вика дека сака на другиот остров да иде и ништо таму немало да праии али коа ќе ја види Јелена хахах.. ќе видиме дали нема ништо да прави.. Никола и Радован(или како и да му беше името).. вака СУПЕР се на изглед.. али само во изглед.. во игрите некако најслаби се.. тоа со кокосите скоро ич не издржаа. Невен.. де мме нерива де не.. али коа почна шоуто и коа даваа нешто ко кратки изјави од студио коа ги претставуваа он рече првин ќе ги заведам и после ќе изманипулирам со нив.. мислам дека ова што се праи дека за ништо не му е гајле му е само некоја стратегија .. бидејки викаше не му е важно да го освои тој двоен глас а на крај он победи.. мислам дека на крај он ќе испадне нај дволичен.. али вака интересен е за глеање.. За Ава и Станија мислам дека нема што да се коментираа а и Кристина не им е далекууу.. Овој политичаров, себастијан и владимир онака баш боребени се. и мислам дека они до подалеку ќе стигнаат.. А и не знам зашто сите толку на еднаш против Миа се.. не знам али не глеам причина да ја исфрлат.. А другиве си се ОК
А,јас па до некаде ја разбирам Накова.Кога негде нема да се снајдеш и пронајдеш,а со тие луѓе си 24/7,едноставно нервозен си и сакаш на сите инает да им водиш.Ме нервира кога некој ќе рече дека ни ја брукала државата,сфатете луѓе,Александра си се претставува самата себе,не нас. Особено кога на ист остров си со Станија Мис ,,изгорена коса,,.Стварно ме интересира што и правела на косата за да и дојде до оној степен Девојката е плитка,глупава а се однесува мислиш најпаметна на свет.Оговарач и лицемер,ужас невиден А дали само јас тоа приметив или Ава вчера рече дека,тој што го љуби е многу блиску до неа? Се ми се чини дека и се свиѓа Влада Едит.Невен ми е најјак,мајке ми! Особено кога ја оговара Станија,ептен ја доловува
Ахх Влада... Ама нели се бореше дека Александра се плеткала со него, вистина е тоа? Па јас никаде не гледам такви работи, или само не ги прикажуваат? Или во наредните епизоди тоа?
Од онаа Александра нашана коса ми се дига.Се лигави брате многуу бре.Што мислеше она таму дека тече мед и млеко?Ма немој да ме је*еш бре! Ах Владооо, ја би те земала за муж
Александра може стварно не може да се прилагоди со луѓево, може стварно и е тешко.. ама тоа не и дава никаква причина она само да лежи лежи и лежи, така уште повеќе запаѓа.. Се чудам како не и текнало од дома метла да земе.. ама мислам па и што ќе и е метла од дома или метла од гранки листови, кога косата на Станија е совршена работа за тоа xD
хахах али јак беше Невен коа рече ние сме морални победници и моралено племе се додека станија не дојде тука тогаш ќе станеме неморални..
Леле колку глупавa испадна Александра,првин рече не сум тука да плачам и лигавам, а потоа драма ..Не знам што и фали кај Борука кога се посилни и се, а она ќе и било подобро ако била на другата страна кај исфрлените...срамота од девојкава Жаре добар е сега за сега...
Јас па Невен не можам да го смислам... Толку е умислен човеков...Јас сфаќам дека дошол на Survivor да се одмори ама до толку бе,интересно му било да губат И само тоа си го повторува "Ние барем губиме со стил"
Ме интересира за Владо,со која се смувал од жениве со Кристина,со Ава или со нашата?Прочитав некаде нешто за со Кристина мислам,или грешка сум?Иначе со Невен паѓам од смеење.Се прави недоветен ама опасна стратегија си има тој,ич не е смотан.А за позитивна енергија да шири ехе рамен му нема,пресмешен е.Кај нив е поинтересно и поведро,ако губат него во Борука.
За Александра веќе немам зборови... Толку се лигави... Не можам да ја гледамм!! Жаре прави најмногу забава вво Борука... А Невен не ми се чини толку незаинтересиран. Аххх Владааа умот ми го зема....