Ех што Невен е, тој само глуми незаинтересираност! Сигурна сум 100% дека има некоја тактика(всушност сите би требало да имаат тактики) и покрај тоа што гледа да изгледа незаинтересиран штом тој пошол таму и те како е заинтересиран за главната награда. А џабе да појдеш и да не се бориш тоа може да му е само некој дел од тактиката, а верувајте да појдеш таму и со прст да немрднеш не е возможно. Победата во малата борба за црн и дупли глас го потврдува ова што го зборувам. Ако не е изгласан на племенски уште две исфрлања по ред му предвидувам дека ако непојде до финале барем еве до соединување, далеку ќе истурка. Еве причини: Има некој негов однос кон сите и на сите им стана јасен и сега само викаат ТОА Е НЕВЕН, сите го знаат како таков и виде дека нема негативни коментари околу тоа. Машко е, па како таков ќе им треба за да се одржи јачината во племето зошто повеќето се женски, па затоа од некоја моја гледна точка ќе летаат повеќе женските него машките. И неговиот хумор ги одржува па не би губеле тие дел од позитивата, а и во појак клан е. Заедно со Мартина, Кристина и Маја Лена тек тук.
Што туча ќе беше ова, мора да се гледа..Мислам дека беа Кристина и Станија ама останува да видиме.. Интересна епизода ќе има утре..
Маја Лена и Миа двете страшно ме нервираат. Колку се спротивни, а толку заедничка точка им е што ја иритираат околината, едната борец, другата лигуш, еднава дрска, самостојна, сама за себе, другава демек фина, социјализирана, друштвена, алтруистка, ма дај! Мене да ми е ќерка Маја Лена...убаво кажа Миа, многу толерантна мајка била таа бе, или само пред народ. Мене Кристина од што ми е најгрда од сите па и најантипатична ми е од тоа племе и сакав таа да отпадне, па отпаѓа најслабиот, а тоа е таа, Миа е најјакиот натпреварувач таму бре! Сама да ја остаиш, сама ќе се снајде. Очигледно на Островот на отфрлените одат најјаките, кои се елиминирани токму поради истата причина. Не, не требаше да отпадне и да, љубомора ги фати сите па решија да се спасат од така добра конкуренција.
Jaс не разбрав,што кажа Миа на племенскиов за Кристина што ја повреди толку,нели кажуваше Кристина дека и се исповедала и сега тоа Миа го кажала пред сите...го пропуштив тој дел.
Богами сите како гледаа, или така навистина беше или го извадија од контекст. Ќе видиме тек понеделник.
Ќе биде ли некој фин да ми објасни што било со тоа тепачаката ,станав кога се расправаа на избацувњето Миа и остантатите, натака што се деси не видов.... Благодарам однапред
Па сниман е нивниот престој таму а не финалето,гласањето е покасно(т.е. откако ќе завршат овие емисии),во живо во студио
Не е прво срвајвер, дечки исто е и како претходните. Снимено е се, вратени се сите од пред некое време, беше во емисија Берберов на она лесни пари, а и го имаат видено низ Скопје.. Имаше баш и низ сите портали, како Миа се вратила дома маж и и ја сменил бравата... И за сите имаше дека се вратени од таму... А што им е цел на Сител, да извлечат некое денарче, да видат кој е најпополарен,разно може да е.... Туку дај стварно кажете за тепачката нешто што се десило? Миа ја испратија на тој осторовот или дома??
^ Мислам дека гласањето е за фаворит на крај, нели еден добива и награда демек најпопуларен од публиката.. Низ сите држави се гласа
уште на почеток а веке се покажува она веке виденото дека во ваквите шоуа не остануваат најдолго најспособните,најборбените туку тие што најдобро знаат да манипулираат..(секоја чест на исклучоците како тони зен и слични нему)...тие што се борбени искрени и отворени ги елиминираат одма.ајде за јелена ке сватам ја исфрлија пошто претеруваше со нејзиното зборење и ширење негативна енергија а и сама си побара да ја исфрлат,ама за миа стварно не свакам зашто ја исфрлија.она единствено ја заслужува титулата вип според мене,јас незнам некој од другиве да е звезда.за нашава александра ли да речеме дека е вип,кога пред шоуво незнаевме дека постои?.миа по години мајка може да им биде,а ги победи сите во првата поединечна игра а во втората беше второ место.алал и вера.борец,самоуверена јака жена.џабе шо се помлади другиве од нејзиното племе коа можат вода да и носат у секој поглед.затоа и ја исфрлија дека им е конкуренција,и им смета шо е помудра од нив шо им дели совети можда,им квари друштво па какви се тие од нејзиното племе и ја би побегнала од нив да сум таму мамини мази шо несакаат да си го мрднат газето и потрудат него им е полесно да кажат-леле супер пак изгубивме,их што ни е убаво кога губиме па и онаа мартина колку само се фолира дека е фина и прекрасна а ваму на племенскиот совет ко и се нафрли на миа ке ја изедеше.и као демек миа ја повредила кристина на советот а шо рече миа-ништо..само кажа-"да бев јас лоша особа,немаше да ми плачете на рамо"..не кажа она дека кристина плачела или што и се поверила да издаде па оваа да се најде повредена.во тоа шоу сите плачат порано или покасно и тоа не е некаква навреда или повредување.него тоа беше договорена работа од неколку члена претходно изгледа да ја прикажат миа у лошо светло а кристина као жртва,и да ја исфрлат миа.