Преживеан ми е единствено шоу што ми се допаѓа, далеку е подобро од Големиот брат , Операција триумф и другите такви шоуа. Ама стварно не ми е јасно зошто Македонци уште се пријавуваат на ваквите шоуа кога ниту еден наш кандидат нема победено. Не ги сакам ни Белов, ни Тони Зен, ама тоа што се случи на финалето (посебно на Операција триумф) беше чиста намештаљка. Мене ми е јасно дека Македонија има помалку жители од останатите земји па и помали шанси кога е во прашање гласањето на гледачите ама Белов секоја недела беше избран за најдобар, отворете на Јутуб ке видите куп попалени жени од регионов што го поддржуваа Тони Зен и на крај тој не победи. За неправедното гласање во Босна на Операција триумф никој не ни се обиде после тоа нешто да исправи. Интересен ми е Вип Преживеан ама стварно сум изреволтирана како тоа нашите учесници секогаш на крај така неправедно губат. Засега немам фаворити во Вип Преживеан. Од Жаре сум изненадена позитивно. Ич не го поднесувам како шоумен или како пејач (или бербер не знам ни што е), но засега многу добро се однесува во оба шоу. А таа куклата градска што плаче и што се лигави ми се идеше во ТВ да и влезам и да ја искубам.
Го гледам чат пат. Најмногу ме нервираат Станија и Невен. Многу ми се груби, арогантни, сезнајни итн. Не знам како ја одбрале Александра, изгледа таа мислела на одмор оди таму. Глупаво ми е што мајката и ќерката се заедно, па имаат предност во подршката пред другите личности. Се на се, не ми се допаѓа изборот на вип личностите.
Леле ама ме нервира оваа Станија исто и Невен. А Александра ми е мила, ама што доаѓала тука кога знае дека не може да издржи и не ја бива за ова? Инаку добро се покажа во борбите А овај Никола вчера воопшто не беше во право. Мајката и ќерката имале клан Не верувам. Очигледно беше уште од самиот почеток дека Маја Лена не сака да биде во исто племе со мајка и. И не е воопшто блиска со неа, повеќе се дружи со останатите од племето отколку со мајка и. А тоа што двете гласале за Кристина нема врска.
Воопшто не очекував дека Миа ќе се покаже на овој начин, ме изненади ама не позитивно. Разбирам нема храна, нема ова, нема она, си дошла на пуст остров, оддалечена од се', влегуваш во 50 година, али ова што го прави е крајно за мене неразбирливо. Повторува и повторува како она била најдобра, како она победувала.. dafuq од тоа? Маја Лена, сега - засега ми остави добар впечаток. Никола ми е тотално глупав. Мартина и Невен ми се фаворите. Точно знаат како се ''игра'' во Сурвајвр. Невен има крајно добри тактики за понатамошен престој во племето/воопшто во шоу-во. За Александра и Ава немам коментар. Дно дна.
Некако ми е чудно оваа Кристина Беквалац пристигна последна сама Аеродром можеби таа е победникот на Survivor http://www.scandal.rs/stigli-robinzoni- ... lom-socom/
Во врска со тепачката: Тепачката ќе се случи следната емисија т.е. во понеделник, ми изгледаше како да се на сред игра и почнаа да се тепа... Мислам дека едната беше плава ако не беше Ава и ги дадоа на страна тие што гледат сите беа исплашени посебно го забележав Влада беше ептен преплашен. А за Миа ја испратија на островот на отфрлените
Александра и Станија ке се степаат и ке бидат дисквалификувани ама незнам дали тоа ке бидее оваа тепачка... можеби оваа беше нешто со играта не верувам дека ке биде нивната тепачка.. http://www.idividi.com.mk/showbiz/celeb ... index.html
Девојки, значи тепачката е уствари борбата. Не видовте како им се преврзани очите?! Сите гледаа така исплашено затоа што овие сигурно биле погруби од што треба. Во врска со Миа. Криво ми е што испадна од една страна, а од друга па сама си беше крива. Не требаше баш така да изреагира на племенскиот совет! Сепак ќе ми остане фаворит.
„Nekako bih baš volela da ga nađem. Možda sam čak malo i glupa, ali sad bih baš volela da potvrdim da možda čak i nisam“, Бисер на Кристина Беквалац, пред потрагата за тајниот имунитет.
Многу ретко го гледам survivor но синоќа го изгледав племенскиот совет затоа ќе искоментирам само за него, и не ми е јасно со што ја навреди Миа толку таа плавата Кристина мислам беше, па и се нафрлија сите како е лоша, злобна? Дали беше заради рамото за плачење или имаше и нешто друго што јас го пропуштив? Ако е само заради тоа тогаш е трагикомедија, многу свилени таму па немој пази што зборуваш, лижи ми газ или ќе бидеш исфрлена...плачки и лигушки...Па и ќерката на Миа, ок да имаш сопствен став независен од оној на мајка ти но до толку да се претопиш со мислењата на другите и да браниш некоја пуфла додека гледаш како ти ја навредува сопствената мајка...Една бомба за сите... Оние кои го исфрлаат најдобриот од својата група, несомнено се слабаци...
Тоа што изгледа како тепачка е веројатно само дел од играта,носат превези на очите и веројатно едната треба да ја турне другата,така нешто,женско со женско,машко со машко,и претходните години знаеја да измонтираат во најавите,така да изгледа драматично. Се сложувам со претходните мислења,првиот серијал беше право преживување а не ова. Иако го немам гледано вториот кога беа Ана и Пеце.Ова изгледа како Големиот брат на некој остров. Миа се замери со Кристина затоа што и рече дека е манипулаторка(што до некаде е и вистина),дека изгледа слатка,забавна но манипулира со останатите.Ма да ни на Миа не и требаше такво однесување на племенскиот совет. Не се сеќавам од претходните години колкумина влегуваат во обединувачкото племе ама се мислам дека сега таму ќе се најдат Spoiler Кристина,Мартина,Маја Лена,Себастијан,Огњен,Владимир,Милан... А по некои форуми почнаа со шпекулациите околу победникот,ма да е многу рано за тоа,посебно што ќе се гласа по емитирањето на серијалот,велат дека е Spoiler Себастијан што мене ми се допаѓа како опција,одличен е и како играч и како лик.Ќе видиме,има време до крајот. Ова околу гласањето,првата сезона исто се гласаше и победникот доби џип.Лани се гласаше за еден од финалистите и тој доби глас плус.Сега велат дека оној што ке добие најмногу гласови,доколку е финалист ќе добие глас плус,а доколку не е ќе имал дупли глас во гласањето за победникот,ама не знам дали е точно. Како и да е не е џабе гласањето,затоа што е објавено и на официјалната страна.
Не мозев да ги читам сите мислења па ако мозе да ми казите. Нешто слушам муабети дека Стнија ке спиела со Влада, а после и насава Александра , така ке се истепале (ако знаете некој нешто кажете)
Видов дел од интервјуто со Влада на сител,леле луѓееееееееее Лепотаннннн,мајке ми...... СЕ ЗАЉУБИВ! ,Каков шарм,ах ЦецО,Цецо...како да не се тепаат за овој