Не верувам дека Алекс ќе испадне.Во најавната шпица кога почнува секоја епизода,ја има во некоја борба во вода каде се гледаат и некои од останатите членови од Борука,исто и Ава ја има во некои до сега не прикажани игри,па моја претпоставка е дека ќе испадне Александра или евентуално Станија.Затоа што на онаа шпица кога се најавуваше почетокот на шоуто,во еден кадар на овој остров на отфрлените се гледаа Јелена,Миа,Станија и Александра. Па Александра и сама кукаше и молеше да изгубат за да испадне таа,не би било фер сега да се премислува.Еден ден плаче,друг ден сака да остане,третиот пак сака дома. Факт е дека од Борука жените први ќе летаат.А доколку останат 5 мажи и треба некого да отфрлат се мислам дека ќе биде Берберот.Ќе видиме,можеби ќе успее да влезе во соединувањето. Леле Јелена,страв ми е кога ја гледам,која негативна личност. Огњен и Милан исто ми станаа одвратни,како баби трачари се,не ми се допаѓаат воопшто. Тука и Сранија се вбројува.
Можеме сеа да се поздравиме со Александра наша! Штета бе,таман почна да се навикнува на племето.. Искрено,криво ќе ми биде,баш сакав да ја гледам во племево како ќе продолжи да се снаоѓа.. Па и со Владо демек нешто ќе имала,па и тоа да го видевме.. Ништо бе ништо. Ама ако и е,сама кукаше. Што си дробела сега тоа и ќе си срка.
Зошто сте такви бе? Мене ми е многу интересна Ава Да, дрнда цело време, ама и сама си кажа - околу неа сите напнати, а она така позитивна - полна со љубов Убаво рече Јелена - нема една лоша мисла. Затоа и ми е интересна. Станија-Седнија, се’ уште многу ме нервира, не дозволува на никој да се доискаже (како на Милан на пример кога и’ објаснуваше за носењето дрва), само сака да докаже дека е во право, а не е. Па уште кога ја покажуваат од блиску со тоа косата ко на Тарзан и Џејн расчупана... Не не, ко Чита мајмунот! Е така Едит: Значи Мартина е полна со тактики! Тоа го рекоа и Јелена и Миа, во емисиите кај Милан, а сега и се покажа на дело, во борбата за имунитет. Опасна е!
И мене Ава за разлика од Станија не ми е одвратна.Дури ми е и некако смешна,интересна иако делува малку (не малку,туку повеќе) глупа.Додека Станија ме ужасно нервира,како некој рече мис изгорена коса .Се гледа дека е зајадлива и е во многу голема заблуда дека е многу паметна.Но ако и е убаво нека се залажува . Алекс ми е онака симпатична.За нашата стварно не знам што да мислам,не се истакнува многу.Жаре ми е интересен,само ме нервира тоа што збори на српски.Од него очекував да се однесува онака просто,ама позитивно ме изненади.Огњен и Милан ми се исто океј.Себастијан и Владо ми се најдобри и најмногу придонесуваат за племето од Борука. Од Матамбо ми е Никола најдобар а и многу убав ми е.Мартина и Невен ме нервираат.Кристина не е лоша,Маја Лена исто.Оние другите горе-доле добри се.Е да,и Јелена ме ужасно нервира.Како појава ми е .
GlamorousGirl, јас пак мислам дека нема нашата да испадне нешто начув за некој друг(иако мн. мн.не верувам на рекала казала), али и некако стана поактивна од претходно,и мислам дека она сега не им е трн во око
Еве што кажува Александра во однос на тоа дали ќе излезе или не http://tocka.com.mk/22/63132/aleksandra ... lam-sebesi
Логички е Александра да не испадне,таа ќе се степа со Станија,и ќе бидат на друг остров,така да...мислам дека нема да биде следна за исфрлање.Тоа ќе се случи,сега побрзо,за 1 или 2 недели,а можеби и порано,не знаеме...затоа што кажува "А, дека бев избркана не е точно, ќе видите на ТВ, издржав повеќе од што мислев, јас дури мислев дека ќе ме вратат уште 3-от ден". Spoiler Гледам,сите женски му се нафрлиле на Владимир (забележувам јас,а Ава нема дечко?Таа се заљубила ахаха,го симпатизира Влада,се гледа).
Подволично суштество од Станија нема!!! Како што си оди една од девојките, така почнува да ја оговара.
Eпа како шо реков, тоа шо видела е значи како од потрага по имунитетот оди на тој остров кај овие двете и се жали за племето, шо не значи дека е избацена. Мислам дека и кај нас покажаа како се жали во неколку секунди за најавата за денес. Меѓутоа иронијата е шо мислам стварно ке испадне да е избацена.
Што е сега работата со Александра, не сфатив со кој се сплеткала, едни викаат со Радован спиела, други со Влада се плеткала нешто не знам што... а и вчера без цензура во муабетот овие ја зезаа за Радован и глупачава се усрами бе, ама лигав одговор даде „јас си имам дечко, немојте вие тааакааа“ дрн дрн јариња. Баш ме интересира, и зошто не прикажуваат такви работи на тв? Па ова не е Големиот брат, ама тие се однесуваат како да се на тоа шоу, па ако веќе е тоа така нека ги видат сите, што. Ама најверојатно тоа во наредните епизоди, ако воопшто го прикажат и секако ако е вистина... ццц.
Епа колку што знам,пред да отидат на Survivor се смувала со Влатко,а на патувањето му се пуштала на Радован. На првата вечер кога стигнаа,она легаше со Радован,ваљда заедно спиеле..
Сега читам на официјалната страна на Survivor околу вечерашнава епизода Spoiler Александра ќе победи во малата борба и ќе освои двоен глас.
Знаев Леле иначе сител претераа...Ова е срамота. Да заврши ова па веќе сител забранувам да се гледа дома!
Во четврток е племенскиот совет.Во петок и сабота нема ништо,во недела е емисијата во студио со исфрлениот кандидат.
Оваа Станија (седни ја) ми иде под воз да ја фрлам. Поодвратно суштество од неа неам сретнато во животот. Ужас. Убаво рече Себастијан, препластично и беше извинувањето. Лижење на гз апла. Ава ми е смотанка не викам не, се губи у речениците што ги кажува ама каде каде ми е помила од кокошкава. Другите се ок. Не знам зошто и се нафрлија на Алекс . Од другото племе на живци почна да ми иде дебелата Мартина, а баш ми беше позитивен лик на почеток. Лигавење до немај каде. фуј