Нека му се заблагодари Александра на Жаре што не леташе ко партал на овој племенски совет. Тој почна да дрнда против Станија па и другиве машки го подржаа. Си го погази извинувањето како што кажа Милан,не и беше тоа потребно кога неможе да си ја затне таа муцката.
Драго ми е што испадна Станија,но таа воопшто не била во предвид за испаѓање пред советот.Фактички самата се исфрли со кавгата со машкиот дел од племето.Не знам дали приметивте дека во еден момент во текот на расправијата машките се погледнаа во очи а Огњен им даде некаков знак т.е. да гласаат за Станија а не за Александра како што е планирано.Што значи Александра се спаси во последен момент,но веројатно брзо ќе испадне и таа. Жените не само што не се добро подготвени за борбите туку и се приглупи и не знаат да играат.Сржта на сурвајвер е добра тактика.Станија имала одлична идеја,да не ја зафркнала Ава,би го исфрлиле Милан и така би биле 4-4 со мажите.Овака ќе летаат жениве по ред. Spoiler Stanija Dobrojevic @StanijaAmerika Reply Retweet Favorite · Open I da, imala sam taktiku...ujedinila sam zene da glasamo zajedno i izbacimo jednog muskarca...medjutim Ava je izdala... i moj plan nije uspeo 14m Stanija Dobrojevic @StanijaAmerika Reply Retweet Favorite · Open Izbacena PS Kletvu sam htela da bacim na Ognjena izdajnika, ali posto je bio zasticen kao poglavica, ostavila sam je Alex.. zbog uvreda. Нешто што најмногу ми смета во сурвајвер е шовинизмот.Не знам дали некогаш победила жена.Овие машки кланови против женски ми се многу затуцани.Иако не ги симпатизирам Матамбо,барем не се поделени на мажи-жени. Да,ќе разменат некои членови во понеделник,не доаѓа до соединување. Како што забележав од најавата Мартина и Невен ќе дојдат во Борука.
Сепак ако не испаднеше Станиа,сигурно ке испаднеше нашата Александра... Жал ми е што Станиа испадна затоа што стварно имаше голема желба за да оди до целта. Ниеднаш не се пожали дека нешто и фали,ниту пак се расплакала како нашата Александра...Во игрите даваше максимун од сбе. Во племето намногу помагаше од сите,не дека нешто многу ама во споредба со другите многу повеќе... Башка цело време беше искрена кон сите. Кажуваше како што е. Пример тоа за оризот кога го рече,да не и наоѓаат маани,и ако не им се допаѓа нека не го стават во уста. Но сепак,машкиве испаднаа навистина нефер,требаше Ава да летне,бидејки во борбите е 0 . Уфф колку ќе ми беше кејф да го исфрлеа Милан...поголем "Намќур" неам видено од него. Многу е дрзок кон женските,и општо онака е одвратен карактер. Едно е сигурно... дека после Станиа ќе испадне Александра...па сигурно таму ќе се степаат,па ќе ги префрлат на четврт остров.
Уфф добро е што излезе оваа Станија,неможам да ја сварам. Типката сака да се кара, а незнае како да се кара.Цело време ги представува другите како малоумни, а она најпаметна од сите.Ma nemoj da me jebes bre. Сега јака им душа на Јелена и Миа тешко нив со оваа со целулитот.
Каков однос на машките спрема женските Стално го потенцираат тоа како тие работеле,правеле камп,па и треба да работат со обзир на тоа што повеќето се над 2 метра и се дупло физички посилни од женските.Плус зборуваат за работи кои веќе биле направени,и само едното исто го мелат цела недела..Жаре и Огњен испаднаа големи сељаци во права смисла на зборот,као ние сме тие главните и пред нас мора да ќутите. А,да не збориме дека Алекандра и Станија во борбите беа 3 пати по спремни од Огњен и Жарко,дефинитивно.Ниско беше на Жаре она : одете дома и сликајте се за Плејбој..Мислам Не ја сакав Станија и уште стојам на мислењето дека е трачарка и алапача,ама на племенскиов беше во право. Алексаднра ми е скроз симпатична,особено зошто си го кажува мислењето без да се плаши што ќе биде потоа и како.. Ава по малце не е со сите,или така ми се чини? Од другото племе сите се кој од кој,искрено Мартина и Кристина особено,не ги сфаќам работите како сакале голи да бидат,не сме се бакнале сеуште пред камера,ајде и тоа..Одлични манипулаторки,особено Мартина,оваа Кристина е проста по малце особено кога ќе почне да збори,леле кое пренемагање... Невен ми е цар,цуц муц,не би се борел јас,ова она и на крај - победа,хех,интелигентен човек,ептен Досадно племе се Матамбо,како и да е Може и најдосадно до сега во Срвајвр. Spoiler П.С нема да се уединат,туку Мартина и Невен ќе одат во едното племе а Огњен и Алекс во другото
Јас не можев да се изначудам кога почнаа да гласаат за Милан . Човекот работи, а не дреме како жениве. Александра прво викаше дека Ава била лажга, а на крај за Милан двата гласа ги даде. Дозволила Станија, типична селиконска фуфица без мозок, да влијае на неа. Мене Огнен многу почна да ме нервира. Некако многу ми е вообразен и арогантен. Ги напрај жениве г**** а не можеше тоа претходно да им го каже?
Абе беше тоа малку повеќе шовинистички,не викам не.И овие не дека нешто работат ама Огњен и Жаре пак толку се издигнаа,мислеш топла вода откриле.Може едино на женските да и замерат за готвење и средување ама да се спомнува градење на камп и слични тешки физички работи,па и машките треба да ги работат,тие мускули не им се за џабе.Ама па од друга страна во Борука жените стварно не работат многу,така да не им треба баш да се пречкат во врска со тоа.Арно си ќутеа другите,Станија запна да се кара.
Борука ја пејат 'излези момче' т.е. Берберов пее,останатите скокаат и се обидуваат да пеат. Стигна 'момчево од терасава' и до Костарика
Станија е многу пластична особено кога се извини молимте мислам сите знаеа дека се преправа и дека сака добра вила да изигрува но и се симна маската особено сега со кавгава и тоа како и мило ми е што ја исфрлија.исто се преправа и ме нервира јелена значи ужасна е прво не сакам па сега сакала да се врати во своето племе. незнам многу преправања особено од женска страна. машките се кул не дека сега ги издигнувам но не се замараат со трачарење нив ги интересира работата и ништо друго.
Жаре наш конечно се покажа во право светло - сељачко. Исто како во емисија кај него, се прави надмоќен, навредува, крајно е вулгарен. Значи требаше да почне племенскиот совет за да Жаре наш се докаже и покаже во право светло Станија не ја сакав ни малку, ама така да ја нападне само неа, кога гледаме дека никоја од девојките не работи нешто посебно е претеризам. Па и она со сликањето за Плејбој Ма сељак бре, со тапија! И да, Станија е и алапача и оговарачка, ама единственоо она се осуди да се спротивстави на машкиот клан. Овие другиве три утки, само климаат со глава, за да не се замерат со мажите, зошто знаат дека можат да летаат надвор. Мој фаворит Себастијан (сега за сега). И Влада ми е ок, ама некако многу лесно потпаѓа под туѓо влијание.
Убаво што испадна Станија,воопшто не ми се свиѓаше.. дволична особа.. оваа нашата плачка невидена и таа ме нервира,Ава е малце простичка ама ајде.. за мажите неам замерки и баш мислам дека Жаре наш си е баш супер!! цело време нешто си работи,не се расправа,си пее... онака баш супер тоа што и се пушти на Станија можеби не беше до негде во ред,но тие си знаат како им е .. и плус сака да се прави паметна,а искрено не сметам дека е нешто паметна како што се прави..
може финтата беше Жаре на советот да ги сврти, да крене галама за да гласаат за Станија, пошто оваа пак (нели Станија) ги набуцка женскиве да гласаат за Милан...сеедно. Не ми е некој фаворит Станија па да се туфкам што испаднала. До душа они уште не си се имаат покажано у право светло. Тек сега почна да се откриваат, кога се во тесно, на племенскиот. И мене Себастијан ми е некако ок о ова племе. А од другото Мартина некако. Галамџика е.
Za Mia i za Jelena mi e zal sto izlegoa,ama za Stani bas mi se napravi keifot.Zare malce ja pretera,upotrebi nekoi recenici sto se 'nedzentlmenski'...sakam sledniot pat nekoe masko da ispadni!
женички,ја не разбирам,ко ке кажете претера со зборењето,се караше на племенски затоа ја исфрлија,како за миа така сега и за станија..епа според вас шо треба да прават на племенскиот натпреварувачите кога ке бидат нападнати и провоцирани,да не се бранат и коментираат во своја корист туку да се смешкаат само? и така да бидат добрички и да не ги исфрлат?? шо требаше станија да направи кога жаре наш ја правеше глупача шо не знае да меша со лажица а не да готви,и дека готви како за стока?нормално дека девојкава ке се брани.е сега проблемот е тука што другите девојки место да ја подржат си прекутеа и направија на 3 и пол,чувајки си ја кожичката своја.а факт е дека навредите не се однесуваа само за станија,туку за сите женски во племето.машките се навистина шовинистички настроени го отекоа со тоа значи секој ден- "ние се работиме жените ништо не работат,ние се мачиме жените уживаат итн"..чекај малце зарем не се наогаат на пуст остров,што толку работат тоа мажите?одат на работа или копаат садат жнејат што?првите неколку дена можеби да,додека го правеа кампот.мегутоа после тоа што?жените готват жените носат вода,жените мијат садови и перат алишта,метат и собираат постелина..тогаш што прават мажите шо им е толку тешко и напорно? што собираат дрва за огин и палат огин?епа на 5 мажи ако им е тешко да одржаваат еден огин алал им вера.или можеби шо ловат риба им е премногу напорно.. мислам да се жалиш од премногу работа на пуст остров мислам тешко им е на машките стварно секој ден перат пеглаат пуштаат машина,усисаваат низ кампот,бришат прашина а жените уживаат мислам се е тоа фора,изговор за да се исфрлаат девојките една по една,а впрочем на крај кој им е крив на девојкиве ко место да се сложни као маживе се караат мегу себе..епа ке ве исфрлаат златни,врз вакви глупи изговори кога не гласате сложно..и само да додадам дека не сум фан на станија,да не свати некој така,значи и јас мислам дека е алапача и вртикапа,од кај дува ветерот од таму е,манипулира многу,ама барем е интересна за гледање,има дешавки со неа,не како она нашето александре само дреме
Станија борбена беше, ама уште што не изнакажа. Ќе биде интересно на островот на исфрлените. Ме насмеа со нејзиниот коментар од следната епизода дека, Миа и Јелена се мразеле. Инаку ни ја не очекував дека ќе испадне. А у последно време некако Алекс почна малце да ме нервира шо збореше така пред Јелена и Миа. Ама ај... Ава ми е многу смешна, со сите тие нејзини коментари и нејзиното ,,големо срце‘‘. И ногу ми се досадни коментарите на Мартина за нивното племе. Ќе биде интересно у понеделник коа ќе се заменат.
Колку и да ми е одвратна Станија и колку и да сакав да излезе, сите машки од племето на чело со Жаре и Огњен ја потценија максимално. Не знаела ориз да прави,само мешала, ова-ова. Пак ќе кажам,колку и да ми е антипатична, реално она најмногу им помагаше и од сите женски е физички најспремна,а они се закачија за оризот бре,не им чинел.. и изгледаше како да и наоѓаат маана само затоа што е женско. Мразам такви мажи
Може треба да ги исфрлаат послабите ама не им текнува дека кога ке ги исфрлат ете жените во соединувањето ќе имаат силни противници. Така да ова им е нож со две острици. Од машките најкоректен е Себастијан додека, Влада се ќути ама оној Милан ептен се испонаша како и Жаре. Жените вакви, жените такви. Демек ако уловиле една риба на грб го носат островот. Добро, браво што го направија кампот ама не може 40 дена на тоа да се вадат.
Друг беше проблемот со готвењето, Станија им го истроши и оризот и маслото. Правеше јадење без да мери количински, еднаш им направи толку многу да и пререкоа дека ќе немаат и за утредента а таа рече јадете сум ви направила не се бунете многу. Инаку да зборат маживе повеќе отколку што треба, посебно Жаре синојка си кажа он се што не требаше, поточно каков сељак е. Но мажите и имаат право, може тоа вчера беше шовинистичко ама навратете се што прават жените? Колку пати одбиваа да работат. Александра метлата им ја фрлаше, не сакаа да работат, викаа дека се сончаат да ги остават, се бунеа се им е тешко, реално жениве се само за фрцкање и сончање. Сите по ред ќе испаднат, Станија вчера сама си придонесе да ја исфрлат, сама се зафркна, никој не е крив. Мажите мош се фалат многу, ама жениве само се караат и само се сунчаат. Безмозочни се.