Леле, ве читам сите, на сите им е Владо WOW.. Mене не ми е ништо посебен, убав е да, ама не по мој вкус, многу ми е нежен некако Мене така најмногу ми се допаѓа Милан балетанот и баш се чудев како успеа Станија да ги сврти сите девојки против него...
Јас прочитав нешто демек Владо се фалел дека водел љубов со Станија на плажа, дека ја завел и Александра, а Ава дека го сакала. Истотака, Кристина и Станија во борбата за јастукот си разменувале вулгарни зборови од типот на „Станија, кучко се ќе ти е*ам“ и оваа нормално не останала рамнодушна. Хммм... Можете и ова да го прочитате - Радован: Јас и Александра имавме свои 'моменти' во Survivor http://tocka.com.mk/4/63634/radovan-jas ... o-survivor
И Станија вчера во емисијата за Александра и Радован даде коментар, не ги памтам точните зборови, но од прилика рече дека Меѓу нив се случило нешто неверојатно,се развила некаква си љубов за само 24 саати. Којзнае што се случувало зад камери.
Со променава се покажа дека сепак Себастијан е еден од најдобрите натреварувачи. Баш ми е криво што го сменија, Матамбо како племе ич не ми свиѓа. Затоа од сега си навивам само за него.
3 поранешни поглавари што беа од двете племине си ги заменија местата. Значи поглаварите од Матамбо отидоа во Борука, а тие од Борука во Матамбо.
мислам дека ќе трае до следниот племенски совет. колку што видов од рекламите за денешната епизода изгледа матамбо ќе победи на играта за имунитет, а тоа сигурно значи дека борука ако отиде на племенски совет ќе избрка некој од тие новите членови (Невен,Мартина,политичарот) сигурно нема да сакаат да бркаат некој од своите
Навистина за Станија и јас мислам дека погрешив :/ таа единствена им се спротистави на мажите, а и во игрите се докажа...баш ми е криво што не им успеа да го исфрлат Милан..Другиве девојки само прикриено сакаат да се прошалтаат покрај мажите, кои најверојатно ќе ги искористат за перење и сл. па која највеќе ќе издржи ке влезе во обединувањето. Инаку Невен и Мартина мислам дека ке имаат несогласувања со Милан (кој е диктаторски и шовинистички расположен) а баш ми се допаѓа променава, се истакнува Себастијан како најспремен според мене, а сега мислам дека ќе дојдат до израз Марко во новото племе и Никола во своето
Хам,незнам...можеби за да се направат љубезни,за инат ќе исфрлат некој од своите,ма и не ми се верува,да бидат толку глупи. Станија на островон ми е одвратна,ама кога гостуваше во емисијата "Повратак у цивилизацију",некако си помсилив како да ја потценив,незнам...прва имаше храброст да им се спротистави на машките,можеби не и чинеше дека постои машки клан-нивно речено,сепак јасно е дека нема машките да си се исфрлаат меѓусебно,туку женските кои се многу послаби (физички и психички) од нив.Имаше свое ЈАС,и цврсто мислење што стои зад него,малку ме нервираше тоа што и таа направи женски клан,и ги натера да гласаат за Милан,ама женски се,и ќе се држат заедно. Малку ме зачуди,што рече дури ни на сон не и се видело дека ќе гласаат за неа,па тоа беше сигурно дека почна да се кара,и сите го променија своето мислење,инаку се знаеше кој ќе беше исфрлен. Што им е на Борука?Баш сакав да победат...Себастијан и Огнен не им се тука и сега ќе губат. Александра само се занесува,се држи со Владо,во борбите не се покажува,зошто таа не ги тргаше бурињата,туку само преминуваше кога ќе и речеше Жаре... Браво за Жаре,инаку многу ми беше смешен кога ќе речеше "Стави ги овде,ногите..."
Да но истото ги очекува и другиве....сигурно нема свој да исфрлат.Само работава е,одговара да Матамбо да победи,за да Борука може да исфрли некој од Невен Мартина или Марко.За после кога ќе дојде до враќање на членовите во своето племе,Борука ќе биде во предност.
Од нјавата може да се заклучи дека Spoiler Борука ќе ја изгубат борбата за имунитет. Хмм,не знам дали Борука сигурно би изгласале некого од новите,сепак се поделени.Ќе видиме во овие 2 епизоди како ќе ги прифатат новите членови.Ава е сигурна затоа што ги изигра женските на племенскиот и се придружи на машкиот клан.Така да сигурно ќе се држат Берберот,Милан женомрзецот,Владимир и Ава.Не знам дали Милан би и простил на Александра за оние 2 гласа.Таа е најзагрозена од старото племе. И мене Себастијан ми е најкомплетен играч уште од првиот ден. Александра и Радован
Безвезе вака што ги измешаа јас си бев фан на старото Матамбо,далеку се поинтересни за гледање,а и сите ми беа помили од тоа племе освен Јелена Ептен ми се срциња,а Невен ми е закон(ептен ми е смешен бе луѓе)...Борука ми се подосадни некако,помонотони. Станија е дволична дефинитивно и тоа многу,гледајте само како се преправа пред Миа и Јелена им се упикава,зборува против членовите од своето племе,а и за Миа и Јелена изјавува нешто бла,бла дека се преправале една против друга,битни арно си функционираат.Подволично суштество нема таму,и арно и направија.Антипатична една А Ава е дефинитивно мавната во мозокот вчера дојдов до конечен заклучок. Значи жените од Борука катастрофа,со исклучок на Алекс. НАПРЕД МАТАМБО(ама стар состав)