Да Мартина,Политичарот Марко мислам беше нели,и Невен се во Борука.А Себастијан,Алекс и незнам кој беше 3иот се во Матамбо.Се заменија 3ца со 3ца.
Работава ќе испадне да не мора да се трудат на играта за имунитет да победат, за после на племенскиот совет да исфрлат некој од новите членови и со тоа коа ќе се врати стариот состав ќе бидат у предност. .. интересно ги замешаа работите
Јас сум за Себастијан, веќе племињата не ме интересираат. И така се размешаа. И Огнен не е лош играч.
Страшно колку се жениве во Борука потценети и потчинети. Не е убава атмосферата кај нивното племе, сите си поделиле некаква улога за работа и затоа има толку тензија,затоа што бараш од некого строг ред,а си дошол во џунгла. Малце безврска. Ваму во Матамбо ниту си поделиле улоги, ниту жениве треба да готват,а маживе да сечат дрва,сите прават што мислат дека е потребно во моментот и затоа мислам функционираат супер,и затоа навивам за нив. А вечер ќе биде интересна епизодата,во најава Александра се караше со Жаре,а овој Марко кажуваше дека жените во Борука се ептен депресивни. И да, на Миа и Јелена не им личи на годините да се однесуваат така. Ги понуди Станија со овошје најкултурно,а тие двете скиснати затоа што Јелена изгуби,се тргнаа настрана,ја игнорираа скроз. Ко деца во основно.
Во најавата за вечер,има како Александра и Жаре се караат,се дерат еден на друг на марекедонски. Баш сакам да гледам, ако е така вистина,ете која е нашата естрада,крш луге,без култура. И двајцата ми се такви,се срамам кога ги гледам. А на наредната најава, на островот на избацени седат миа,јелена,невен,александра и станија....многу не лажат со најавиве ,хахах,интригираат баш,а не изегува баш како што сите ке предпоставиме, Мислам дека продукцијава на срвајвр е на високо ниво. А инаку за Јелена и Мија на пример некако нема цел.зошто седат таму...затоа се разочарани,мислам нема шанси да ги земе некој назад. Обично оди тој што мегу последните излегол пред соединувањето.
Зашо да треба?? Ако не ми се допаѓа како личност, треба демек да го подржувам само затоа што е Македонец/ка, како не Жаре отсекогаш ми бил антипатичен и многу сељачки се понаша, а и Александра не ми е којзнае што, малце е приглупа.
За Жаре си во грешка.Баш си го кажува тоа што го мисли.Или пак треба лице да прави?Не бре,треба некој да и каже на Александра дека не е на модна писта.Озбилно,претерува девојчето.Нема вечно да и траат на неа.Овде треба да се снаогаш и да преживееш а не да се фуфка таа пред камерите како што праи.
^се сложувам, ако се наши незначи дека мора како слепи за стап да сме за нив. -Инаку Жаре сега за сега ми е баш ОК, првенствено кога чув дека ќе иде на Survivor,си реков лелеее катастрофа,ама гледам дека сега за сега добро се однесува и се труди инаку сега ја гледав репризата,ууффф се стресов кога паѓаше Милан, иако и вчера гледав и денес,лелеее се утепа. А Ненад ми беше многу иинтересен кога рече дека кога ќе се врати дома одма ќе ги фрли двата бамбуса што ги има
Кои сељанки испаднаа Миа и Јелена вчера. Јелена не можеше да се помири со фактот дека изгубила од Станија, како којзнае што да се десило. Порано ја оправдував кога на сите им плескаше се во племето, ама сега ми е крајно антипатична. Од чиста култура можеа да земат нешто кога ги нудеше Станија. Двете ми се антипатични, а Јелена е премногу асоцијална и мислам дека не и е местото во Survivor. Нека ја избркаат и онака само негатива шири.
Што се напалиле сите толку на оваа Станија? Ќе ги разберам да ја знаат од претходно или да гледале слики кај што е средена,ама они па на Surviver најдоа да и се палат. Кај што читам се за Влада и Станија се збори. И оваа Александра лигла глупава што си влага у филмови,кај може она со Жаре да се расправа у два потега има да ја спушти
Незнам таа Јелена што си замислува дека е семоќна, премногу беше надувана,егото и беше пресилно....е сега кога закуби...кви кви кви кви....ќе квичи,па уште дрска
Невен со неговите бамбуси ме изнасмеа хахахаха.Ќе ги фрлел кога ќе се врател дома неговите 2ва бамбуси ,циркус е човечево,самата појава негова ме смее и ме орасположува.Знае да кажува шали и човек едноставно не може да не се насмее со него,таква личност е со виолетова аура како што тропаше некој што е по ауриве
да да да.. многу ми е смешен човекот со тоа неговото незамарање за ништо, у тандем со мартина кога ќе почнат да се зезаат многу ми се интересни
Ај да е некоја јака фаца па да сфатам зошто се затепале. Друго нема три чисти од животот.Не ми е јасно зошто отишла таму. Јас не паметам нити еден паметен збор од неа. А и веснициве претераа со информацииве за тепачки.
Јелена цело време збореше демек она дошла таму да се бори, тоа била целата суштина на Срвајвер, а после првиот пораз кој го доживеа од Станија, веднаш си ја подви опашката и се налути ко мало дете. Глупости А ова со страните на нет што секој ден пишуваат за некакви тепачки кои се случиле таму, стварно претераа. На крајот ќе излезе сите со сите се испотепале
Леле а Милан колку се занесе дали стојат сите таму, што падна од стаповите на чекор пред крај...ц.ц.ц срамота, па уште после ке се вади : „ми се дајемо 100% у играма„ јас не памтам кога тој придонел да победат - лигуш (шовинистички настроен) а изјавата пак: ние мажите ќе ловиме риба, а вие жените донесете вода?!? наредува еј...буквално сфатил дека е поглавица. Изјавите на Марко баш ми се допаднаа и коректни беа - дека не прифаќаат совет, а и не признаваат кога грешат. Како само му се смееше кога го виде дека падна пред крај А според најавата гледам и Александра го дигнала гласот, ќе видам вечер што како е, ама дека ке слушам така слепо и ќе ја метам плажана ај важи, на крајот на краиштата Жаре нема што да и наредува, не отишла со татко и таму...секој е сам за себе, иако е тимска игра. Многу ме интересира што ќе и рече што толку ќе ја налути. Невен ќе ги излаже за имунитетот, и ќе му биде глупав потег зашто никој нема да сака да го има, па ќе гласаат намерно за него за да го искористи...претпоставувам...баш ќе видиме