Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вип Преживеан (Vip Survivor) [Сител]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од rossonerka, 17 октомври 2010.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Да да на Невен, мислев :D
    Добро е вчера со Јелена не се испоклаа :lol:
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Мене составот на племињава ми се допаѓаат сега вакви какви што се, после заменава што ја направија.
    За Жаре немам некое особено мислење ниту пак за Александра во овој дуелов што го имаа, само мислам дека Жаре ја претерува и ја тупи и сака да се вклучи во тој мушки клан кој пее и сере заеднички, и мислам дека намерата му е да се подлизнува таму, покрај неговите `шоуменски`способности, играва Срвајвер си ја сфатил многу озбилно, гледам.
    Александра не ја оправдував кога џиткаше метли, се излежаваше и сеуште го прави тоа, сеа демек малце е повредна, али во дуелов со Жаре требаше и некоја шлаканица да му залепи пошто многу го тупи. |(

    Јелена и даље најантипатична. На почетокот крајно асоцијална, сега како што и доаѓаат луѓево на НЕЈЗИНИОТ остров (божем татко и го напраил), се вклопува малце од малце, ама ми е крајно антипатична сеуште, мрзам такви намоќоришта ко нејзе. Миа дефинитивно иако не мислев така за неа, сега мислам. Значи, стварно не ги поднесувам нејзините театрални покрети, лажни насмевки и упорно на Невен во фаца му се кикоти со таа иронична насмевка: `Лажеш, ама лажеш, ама не, ти лажеш..` |(
    Почит кон годините и искуството имав, сега сфатив дека е глуматор невиден ама апла се соживува со нејзината професија, и со Јелена се нашле и зашле. Не можам да ја слушам кога труби. :|

    Изгледа нашава лета вечерва, а? :)
    Милан ми е исто така сличен карактер на Јелена, каква спојка на карактери, боже мили. :x
    Многу ми е одвратен типов, несфатливо амбициозен, во крајна мера изгледа глупаво и воздигнато, всушност ми е катастрофален лик од машкиве.
    Едино Себастаијан и Радован ми се вака фини. Другиве - :shake: .
    Женскиве ми се врти-капи, час се фини и океј, другиот момент веќе почнале да оговараат ко кокошки по цели денови и глумат нафурани. Можда Алекс е онака најокеј, другиве слабо.
     
    На Miss-Angie92 и MandyLane им се допаѓа ова.
  3. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Баш Алекс највише оговара. На островот на отфрлените се утепа оговарајќи ја Станија.
    Како тоа не можела да ја поднесе, па се тепала за јадење, ништо не работела, ко божем она нешто работи. |( Потоа кога се префрли во другово племе, додека миеја садови на Кристина и на Маја Лена повторно им збореше за Станија истото.

    Во моментов најсупер ми е Марко. Во новово племе веднаш процени што е работата.
    Девојките се одвоени од машките и постои некој војнички режим. Борука најмногу работат, така што ретко одмараат и не се воопшто сложни, додека Матамбо многу добро се согласуваат помеѓу себе, не ни работат многу, а сепак победуваат на борбите. :)
     
  4. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    На почетокот Невен воопшто не го сакав. Но, со секоја наредна епизода сфаќам дека тој и Мартина се најпаметни таму. Значи и Мартина на почетокот ме нервираше кога зборуваше дека тие барем достоинствено губат. Сега сфаќам дека сум имала лоша проценка. А Невен барем искрено си кажува дека
    не сака да работи и нема да го прави тоа дури и некој да му наредува.

    Овие машкиве од Борука стварно се преценаа. Тие правеле се’, женските ништо. Тотално се согласувам
    со LilBaby за оваа караницава. Жаре ја претера. И човеков почнува толку да ме нервира, што едвај чекам да го исфрлат. Прво и вели речи ми фала, а после јас не барам благодарност. Пресериозно ја сфаќаат играва и мислат дека се појдени на работа или незнам на некое натпреварување кој повеќе ќе работи. Секако дека ова не е модна ревија, тоа секој го сфаќа, но тој нема право да и вика на Александра.. Убаво си кажа таа ти гледај си ја својата работа, јас мојата. |(

    Јелена шири огромна негативна енергија и многу се замислува. Ем прва исфрлена, ем сега онај островот како нејзин да е. Таа ќе одлучи кој што да прави таму, таа е главна ....
    Кристина ми е океј, исто и Маја Лена, што не можам да кажам исто и за мајка и, пошто таа стварно многу ме нервира. Од машките би ги издвоила само Влада, Себастијан и Невен...за сега. ;)
     
  5. Shekerka

    Shekerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    25
    Жарко никако не можев да го разберам :^) при кавгата со Александравикаше само едно Фала да ми казиш за тоа што праам ручек бла бла дрн дрн...
    А после коа даваше инервју вика јас не сакам да ми се заблагодаруваат :^)
    Bitch Please
    шо сакаш сеа да ти се заблагодарат или не... во секој случај многу ме изнервира Жарко :@
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. StefanS

    StefanS Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Леле вечерва голем дел од племето ќе и се нафрлат на Александра...така да сигурно она лета!
     
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Не претерувајте,Жаре само сака да и даде до знаење дека ова не модна ревија,туку срвајвер каде што сите треба да си помагаат,а нашава само се излежава,и нормално ги иритира другите!
     
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.226
    Пол:
    Женски
    Миа е сериозно забегана жена, вчера кога зборуваше со Невен,кога му велеше дека лаже,однесувањето и беше психотично. Со нејзината вештачко-театарска насмевка.

    За Жаре не коментирам. Само мислам доколку некое женско некогаш застане на негова страна или па го оправда неговото однесување,сериозно има проблем со перцепцијата и доста погрешна замисла за тоа како треба да се однесува еден маж.

    Вечер ќе има племенски совет?
     
  9. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
  10. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Лелеееееееееее Радован колку ми е срце кога зборува за Александра :inlove: Души.

    Инаку,вечер е племенскиот,едвај чекам,се надевам нема Александра да ми ја исфрлат,стварно навивам за неа :)
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ми се чини или премногу информации се открија за шоуво и веке не е ни пола популарно? Јас искрено 2 пати дали сум го гледала до сега. :)
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^Причината е што не е толку спектакуларно како минатиот вип, од причина што 70-80% од нив немаат ни В од ВИП
     
  13. StefanS

    StefanS Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    хахахах сами се издадоа од сител кој ќе испадне... Червт кој напушта племе је:
    Александра
     
  14. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Многу касно го даваат. Сношти едвај до 11:30 издржав и не успеав да ја видам борбата, кој го освои дуплиот глас.
    Ама ја гледав караницата меѓу Жаре и Александра. Поточно не ни беше караница, само Жаре и чатеше на Александра дека ништо не работела дека не требало да јаде дека дошла на Сарвајвер за да преживува не да се шета ко на модна писта...анд соу он.
    Мислам дека на Жаре или таква му е политиката, да ја напаѓа неа за да се вклопи со машките, нели такво им е друштвото шовинистичко, или па премногу буквално ја има сфатено работава со Срвајвер и си замислува дека е Робинзон Крусо. |( Сепак не е финтата само и да рмбаш, да работиш по цел ден. Треба малку и да поужива, кога друг пат ке отиде на Костарика, а освен тоа треба и да се вклопува со останатите. Мислам дека тоа е најбитно, каков однос ке си поставиш со другите, дали ке успееш да ги привртиш сите околу тебе, каква енергија ке шириш.
    Ете за ова најмногу ја бива Мартина. Девојката просто знае како да се вклопи со сите, искрена е, зрачи со позитивна енергија. Затоа и ја сакаат сите и сум убедена дека она ке остане до крај во шоуто.

    И се надевам дека нема час да ја искараат Александра, сепак каква и да е, наша си е.
     
  15. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    54
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сликава е priceless. :rofl:




    Мене па Маја Лена ми е поубава на сликиве него ли во Survivor. :?:
     

    Прикачени фајлови:

  17. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Глупости. Александра и Станија па за Владо се степале, само се пуштија муабети да се заинтересират лугето, ние ништо не видовме од тоа. Може ако лета Александра вечер, па оди на тој островот па таму да се закачат а може и не. Крајно, значи крајно овој Преживеан го направија драма. Јас па се чудам шо голем дел од луѓето околу мене не го гледат воопшто.

    За дуелот Александра и Жаре, дали да коментирам дали не. Ниту еден од двајцата не беше во право. Добро кажа некој уназад, Жаре се прави паметен пошто сака повеќе да се приклучи кон "машкиот клан" a Александра пак, ко пијавица од една страна на друга, и се жали само. Мада двајцата погодија нешто, не е она тука дојдена дрва да цепа, а од друга страна Жаре колку мислам дека и викаше да му каже Фала за јадењето и слично, дел мислам и говореше дека и помогна од депресијата да излезе (барем он така се изјасни во едно интервју шо читав).

    И да, борбите гледам малце ги подобриле во овој серијал. Последната за имунитет беше доста интересна.

    Се на се, мислам дека оваа година по лоши наптреварувачи неможеа да одберат! Може сум досадна, ама пак ќе кажам шоуто стана Драма за Преживување.

    За девојките, немам за никоја особено мислење, освен Мартина гледам дека е океј. Тактички си игра, полна е со планови. Другите ми се одени таму, мислам само за природен тен.
    Од машките, Себастијан нема што да кажувам, само дека се надевам дека човекот ке победи. Свака му част. Огњен ми е крајно самоуверен, дрзок, комплекс бога и можам да кажам најужасен поглавар во Борука до сега. Значи борбата со вреќите, жити се ставаш машко да одмара!? Гледам Милан го критикувате многу, мада и со право. Човекот мене првите епизоди океј ми беше, ама вчера правдање.. правдање... Добро си паднал, заради тебе племето изгуби, извини се или шознам таму шо и доста веќе. 15 минути правдање. Марко мислам дека допрва ќе изненадува. Невен, сета таа незаинтересираност, па извинување на Јелена а претходно напагање итн итн. мислам дека му е се тактика. Како може незаинтесиран, а добро се покажува во борбите? Влада и Никола ми се како од трети свет, единствено барем Влада го гледам кога ќе го фатат во некој кадар, и таков е цел со напрчани усни, толку. :D За Жаре се изјаснив погоре.
     
  18. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
  19. StefanS

    StefanS Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Аууу,стварно се степал Радован со Владо...Пишува на страната на Survuvor! :o :clap:
     
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Мене вчера Жарко многу ме изнервира,според мене во право беше Александра...абе толку запнал фалаа,фала да ми речеш,а после на тоа интервјуто вика јас не сакам мене да ми се заблагодаруваат ,а он ќе ја заколеше Александра за оваа да му рече фала.Арно му кажа она фала што ми извади се низ нос,ама стварно у право беше иако е плавуша (фарбана или не незнам) :D