Александра пријатно, среќен пат, едвај чекам да видам во емисијата што ќе зборува. А и клетвта на Ава добра и е ( жал ми е ) само она го може ова
Ај и тоа го доживеавме. А овој Жаре пак и тој за Александра гласал Наместо двајца Македонци да се подржаваат, бранат а тие
Не можам да повервам значи Е многу ме разочараја, наместо да исфрлат некој од Матамбо, Невен, Мартина, Марко, тие си исфрлат од нивното племе, епа на ви сеа, губете, најглупи сте. Ава е 0284935 пати поглупа од Александра ем ништо не придонсеа за племето и ништо не прај само се мота наоколу со нејзиното никакво понашање и стихојте шо сама ги смислува, и од авион ќе видиш дека умрена е по Влада и дека е преглупа. Ахх, епа губете сеа. Жаре па Жаре, сељак испадна и тој, наместо да ја Брани Александра тој гласал за неа. На турска, индиска серија на се ми личи, ама на VIP Survivor никако. Огњен, Себастијан, Влада, нај нај ликови ми се од цела емисија, дефинитвно.
Ава, и давам double chek за глупавост. Повеќето не би се согасиле изгледа. Ама мене Мартина, страшно почна по живци да ми лази, па уште се здружила со Ава, си се смешкаат. Влада, и он е при-глуп. Џабе му лепота. А Милан, Милан. Е овој, овој, органски неможам да го поднесам. Цело племе било криво, што изгубиле во борбата. Марш бре, деген. Марко, и Невен. Биг :up:
Се сложувам дека Ава е многу глупа,Мартина многу антипатична,Милан арогантен,но во едно не се сложувам...Владо не е ни малку убав,туку е како БИЗОН у фацата.
Александра - кога влезе во шоуто ептен ми беше антипатична, ама со тек на време го сменив мислењето за девојкава на позитивно. Реална е, ако не друго и не е лош човек. Искрена и не се упикува на машките за да не биде исфрлена. Исто мислам и за Станија. Жаре сељакот наш ми е крајно антипатичен и примитивен. Искомплексиран старец! Прво имаше испад со Станија, а сега и со Александра. И се нафрли на девојката без потреба. Ко демек он нешто многу работи, а гледаме дека за ништо не го бива. Нити нешто многу добар е во игрите, ни па онака е нешто многу способен. Им се упикува во газот на Милан, Огнен и Влада, само за да остане подолго. И што не нападна некој од машките што не му рекле фала за оризот, туку ја најде Александра најслаба, па се прави фраер некој, а уствари не гледа колкав сељак е. Глуми величина само над оние кои се послаби, само за да привлече пажња. Уф не го можам човеков. Ми ствара нагон за повраќање . Ава - глупа, тупа и неупотреблива Алапача. Само еден јазик од неа. Лицемерка невидена, желна за машко внимание, љубоморна на секоја девојка која е малку поспремна од неа. А најтрагично е што смета дека е многу паметна, па постојано бара некои логички игри Е Аво црна Аво сокри се таму и молчи, најпаметна ќе бидеш. Милан - е овој е на исто рамниште со Жаре. Се прави многу силен, многу вреден, а во секоја борба слабо се покажува(освен во оние индивидуалните). Нема никакво почитување спрема жените, прав шовинистички балканец. Слаб играч, а се прави голем паметњакович. Балетан, а не може да балансира и да држи рамнотежа во играта. Исто ко оној Огнен, ракометар, а една топка не погоди во игрите со топки. Владо - не е лош, ама ме нервира што потпаѓа под туѓи влијанија и дозволува да биде изманипулиран од Милан и Огнен.
More ovoa martinistevo AMA e odvratno,glum nekoe ludilo na dominacija,Ali edvaj cekam koa ke I go spusti nekoj.Covece premnogu si zima za pravo,kultura nikakva.a najzalosno e sto mia za nejzinite 50godini moze voda da I nosi..Pa I ja narece budala
Мартина вечерва,ме изнервира со погледите и насмевките што ги делеше со Ава. Ич не им верувам на таквите како неа,сеогаш насмеани и весели, а всушност...
За мене очекувано испадна Александра,таа дури минатата недела беше планирана за изгласување,но гнасиве шовинистички од нивново племе во последен момент се договорија да гласаат за Станија.И немало машки клан,хах трт милојко. И ја имав предрасуди во однос на Александра по приказните што кружат низ градов за неа,но ок ми се покажа таму за сега. Берберот како што и имам представа за него,тешка категорија на сељачизам. Милан многу одбоен лик,страшно нешто колку ги потчинува и мрази жениве.Замислувам како ја малтретира жена му по дома. Ни Огњен не ми се допаѓа по тој став. Марко ми е позитивен лик.Паметен и реален човек.И Себастијан за сега ми е ок. Невен е комичен на некој свој начин,но исто така многу интелегентен. Со Миа би ми било страв да делам иста просторија,дури и онаа Јелена изгледа ок покрај нејзе. Ава е благо ретардирана,мене искрено повеќе ми е жал за неа отколку што е смешна.
Сигурно дека е поинтересно да се гледа Александра,отколку глупавата Ава,селанката Мартина,дродорката Миа,негативната Јелена,манипулаторката Кристина,озборувачката Алекс,и овие селаништава машки. Александра,Станиа,Мауа Лена,и еден од машките,а тоа е Радован,според мне досега супер се покажаа,кои навистина вредат да се гледат. Но нажалост,оние за кои навивав испаднаа...сега едноставно веќе немам желба да гледам. Само Борука имаат КЛЕТВА од мене,да губат на сите можни игри. Нека попукаат од мака! Е сеа ме насмеа
Ава воопшто не е смешна,одвратна е. Театрална,стално драми кога зборува,остај тоа што ништо не ја сфаќам кога збори. Девојката со големо срце која никогаш не се лути,вечерва како и се пушти на Александра мислам ќе ја утепаше. Треска глупости да привлече внимание на машките,тоа е тоа. Уште коа се правдаше вика,не кажав дека се одвојуваат од нас туку се одвоиле со одењето
Во одредени делови со сложувам со Adi888, како можеа свој член да исфрлат јас незнам??? А втора работа,Ава е не 100,туку 1000пати понеарна од нашава и па опстанува :geek:
мене станија ми е најодвратна и најопасна зашто се прави добра а им го копа гробот на сите таму правејќи се најискрена, а само кодоши овој вака рече за тебе онака за него само тоа знае да збцка за друго не ја бива. александра мислам си го доби, а и жаре малку претерува, не дека не е во право во право си е човекот таа дошла тука сама да се снајде, а не некој мувите да му ги брка, иако е тимска работа сепак треба да учествуваш во таа работа а не само да гледаш и да викаш не можам јас ова не можам јас она како и што прави таа а и невен исто, незнам зашто толку го форсираат кога само лежи и ништо не прави, како што рече и радован кога спомна дека куќичка сакал да направат, но немал со кого и дека тој ке рамбал а другите ќе лежеле мислеше на невен многу очигледно беше. а за посложни можам да кажам дека се матамбо но и таму има исклучоци како што се миа, јелена која исто така ми е одвратна кога на почетокот бунтуваше со племето и кога викаше дека другово племе било подобро матамбо не чинело и ред други работи, а сега кажува друга приказна. со еден збор катастрофа
Е баш ми е жал што испадна Александра. Далеку понормална и поспособна е од Ава,барем. Мислам дека ако останеше ќе покажеше уште повеќе свои квалитети. Како и да е,еве што мислам за сите посебно. Александра - На почетокот ме нервираше што цвикаше за се и сешто,ама сега се покажа како паметна личност со свое јас и искрено,не се покажа лошо ниту во борбите. Жаре - Тој обратно. На почетокот ми беше позитивен,интересен,способен. Сега ми е се обратно. И тоа само затоа што влезе во конфликт со Александра и што гласаше за неа. Двајца бевте во племето Македонци бе ало,биваше ли ВИЕ да се испокарате? Бог да чува! Ава - Поглупо створење амин.Би и дала Нобелова награда.Со самите потези што ги прави,со самиот глас кога ќе ја слушнам на тв ми се повраќа.Антипатичност до немајкаде. Влада - Убав е,да.Ама нема свое јас.И тој потпаѓа под влијание на Огњен и Милан.Не му сметаше Александра,ама гласаше за неа заради Милан. Е браво! Милан - Еве го диктаторот! Не можам да го сварам човеков.Толку е шовинистички,непријателски и агресивно настроен.Не знам како тој човек дома има жена. Невен - Срцка. Позитивен човек што може да те насмее. Марко - Супер е,делува позитивно и тој. Мартина - Епа за неа изгледа само јас имам лошо мислење. Не ја можам,многу ми е антипатична! Никола - Не ми е нешто забележлив,ама океј е. И убав е. Кристина - Многу ми е вештачка.Не знам,расипана некако. Алекс - Имав супер мислење за неа,се додека не отиде на островот таму кај исфрлените. Искрено,тогаш,се изнајаде гомна,изназборе глупости за сите и се врати во племето насмеана од 6 до 6. Аплауз! Радован - Симпатичен ми е,има некоја харизма,а и не е расипан. Најверојатно. Огњен - Еве го другиот диктатор. Штета што замина од Борука инаку со Миланче си беа супер тандем, само за сплетки правење и кинење женски глави! Себастијан - Најреален лик. Има сила,а и мозок. Маја Лена - Немам некое особено мислење за неа. Океј личност,онака. Станија - Одвратна ми беше,се додека не испадна.Сега кога ја гледам,вусшност,сфаќам дека токму таа е најхрабра и најискрена од сите девојки,барем во Борука. Миа - Аман бе,50 години, а толку злоба собрано во нејзе! Јелена - Дефинитвно најненормална личност. Значи,женава полуде заради тоа што не е во регуларното племе,заради тоа што на нејзиниот остров доаѓаат други жени, заради тоа што изгуби (ФЕР) во битката против Станија. Ма ајде ти се молам,искомплексирана.
Клетвата што ја фрла/дава исфрелениот играч е глас против членот на кого ќе му ја фрли клетвата.И тој глас се брои на следниот племенски совет на кој ќе учествува тој натпреварувач.