Кога испадна Станија, на тој племенски совет, Ава гласаше за Александра не за Станија За Станија гласаја сите машки, а женските беа договорени да гласаат за Милан ама оваа глупавава Ава ја зафркна работата, гласаше за Александра и така испадна Станија. (а ќе беше испаднат Милан, кој ми е најодвратен ама криви се женскиве самите, не да се здружат тие ко кокошки само се расправаат за глупости
Што е со девојкава?Леле значи не можев да констатирам дали е глупа или не,пошто во главно не збореше ништо у племето,па дури на моменти помислив и дека е само повлечена. Ама ова вечерва у емисијава??? Јао људи па шта је ово? Девојкава не знае на прашање да одговори .Трагдија е! И што е вака грда у фаца бе вечерва? Поубава беше на островот без шминка .Ауу ми се згрози вечерва дефинитвно.
И само се смее на Ава што на машките им ги перала чорапите и гаќите. Перела не перала важно останала подолго од тебе
Оффф пуста Александро. Земи читни некоја книга, место да се сликаш гола и изрази се како човек, доста со тоа ААААА И негостигала кариерата...пффф која црна кариера??? Леле колку сум разочарана, не знае два збора да сврзи, водителиве ја прашуваат едно таа збори друго и се едно исто вергла.
ПА не бе нели паметна беше Накова Виц на годината! Ја прашуваат дали е размазена, и оваа вика не дека сметам дека е тоа лоша работа, не сум,секунда пауза, да јас сум размазена После,имало машки клан не ги осудувам,ги разбирам, ама не ги оправдувам воопшто и нас не дискриминираа И што уште не тропна. НЕ е грда ич искрено, ама кантар не ја мери нејзината глупост. П.С Разочарани сте од Александра, ве молам што очекуавте од неа, дека е кузнај колку паметна и способна? Ве молам, не ја судам соред тоа што е спонзоруша тешка, и фактот како се слика и облекува, за мене БИЛО КОЈА возрасна девојка со свое јас, немаше да се лигуши уште прв ден дека и тешко и дека несака ништо да прави, дека е во депресија,а сама одбарала да дое, никој со сила не ја терал. Тоа покажа колку вреди и зашто дошла тука, да ја пишуваат по весници и да си прави кариера, али тешката кариера, алал да и е што да кажам! И тоа со радован се гледа од Марс дека е за публицитет И начинот, на кој збори, мрдањето на устата јаоооо, ТОА Е МОМЕНТОТ! Ги влече зборовите ко малине деца во градинка! Само се потврди се тоа што се мисли за старлетите-глупи тупи, само за некои активноси употребливи и за ништо друго!
колку ли се каат продуцентите што ја повикале да учествува во шоуто.. страшно ! биваше ли толку глупа да е.. ЧАК и.. Чак и..... абе ај зборов од кај го извади
И нон-стоп повторуваше Можам да кажам дека... Е, а кога отпука - Ава ЗАЕ*А работа. едит: Фативме ракови и ги зготвивме со рижа.
водителот ја прашува за кариерата во мк а таа: - мило ми е што ме викнаа во survivor, и аман од нејзините 22 год и искуство шо го доживеала
Јас не знам што ќе беше ова чудо ејјј!Водителот више не знаеше што да каже на нејзината глупавост....онака у мисла беше што да ја праша,за да го разбере . Мене искрено ова ми е потргаично и од Ава. За Ава и ми е жал,зошто стварно мислам дека уствари има некое благо пореметување.Има чудни покрети поглед,кои не може да се резултат на глупавост. Порано и по Хрватски медиуми ја имам гледано,и стварно ми е дури жал кога и се исмеваат,а дефинитивно девојката има ментални проблеми. Од девојките мене Станија ми е супер само,и ептен е згодна,со исклучок на целулитот на гз . У фаца таму без шминка не ми беше ич убава,ама у студио нашминка дотерана,ми беше екстра. Оваа нашава па обратно без шминка,многу ми е поубава,него ли во шоуво вечерва.Ама згодно тело има,што е-е.
хехе ова за александра стварно ме изнасмеавте стврно незнае да се изрази ама убавка е природна без шминка уште поубава ми беше бар за мене
Освен Тони Зен никој друг ја нема представено државава ко што треба, ко што доликува. Јас незнам кој ја квалифицираше оваа шаткава во ВИП фаци, па дури и ја поканиле во реално шоу. И оној берберон, тој па, малски бербер, кафански певец, вана би водител и тој ми ти бил ВИП, со кој памет бе алоо, ВИП? Ако кафанските певачи и певици и некои си таму манИкенки се ВИП персони тогаш во Македонијава на 2 милиона народ би имало 500.000 виповци, или можда ги имаме, хммм? Очигледно терминот ВИП се дава на секој кој поише од два пати се појавил на ТВ или го имало во Свет, али то се мени не тиче. Јас незнам што очекувавте од Александра, мене уопште не ме изненади. Искрено ваков настап очекував, да кажеше или направеше нешто паметно ќе ме изненадеше а нејзината глупавост и плиткост ми беа очекувани. А што друго може да се очекува од неа, да каже дека студира, дека работи некоја пристојна професија, дека умее да се грижи за себе? Па нормално дека не, четвртина од прашањата не ги разбра, втора четвртина погрешно ги одговори, трета четвртина даде ист одговор ко на претходно поставено прашање додека остатокот од неколку прашања ги одговори ко што треба. Еве и Жаре, кога ќе дојде и тој ќе се расфрла со неговите глупи шеги и досетки, ништо попаметен и подобар не е од неа, барем мене така ми делува.
Ја има некад епизодата? не ја гледав а баш ме интересира што се истрескала. По вашите коментари гледам дека било интересно да се пука сеир. ако ја има некаде ве молам ставете ја
Пеперутка ја нема уште, ќе ја стават деновиве на youtube. барајќи го видеото,на еден друг форум го прочитав коментаров, дали е до мене незнам се превртувам од смеење и некој одговара послем, Незнам од кога се немам смеено толку слатко
Девојкава првпат ја видов на Survivor. Претходно никад чула, а таа ми ти била ВИП. Очигледно не сум била во тек со настаните. Нејсе, девојкава освен што сто пати повторуваше дека била млада ништо друго не кажа. Образование не спомна зошто очигледно е дека го нема. Зафатена женска, брка "кариера" и нема време за учење Стекнала искуство. Какво? Дремење на плажа и плачење дека и е досадно? Верувам дека е незаборавно. Убаво и рече Жаре (и него не го поднесувам) дека е отидена да преживува, а не на модна писта. А и не знам што очекуваше. Одмор од соништата или може некој локалец од Костарика да ја лади со кокосов лист, a? Не очекував да опцуе во емисија, ама ете и тоа бидна. Симнувам капа. Гордо и достоинствено ја претставува Македонија.