http://www.youtube.com/watch?v=B9ZThi0r ... 9-rRLWLLY= Видете кај 07:04 минута, на Алекс очајно и треба брич за под мишка
Баш сега ги пуштија рекламите кога отиде Радован да се види со Александра Едит:Што сега вести почнаа?Заврши ли?
Па кога е глупав.А Александра сега му стави тапата,сега демек она си има дечко а со Радован не имала ништо .Да,да веруваме . Абе најубавите се поглавари оваа недела Никола и Владо .Иако додуша малку поубав ми е Никола.Ама многу слабо се покажа денес бе,не очекував до толку.
Тоа точно дека Александра и Жаре не треба да се караат ама за разлика од другите јас сум на страна на Александра не го личи така да се расправа и да ѓи навредува девојките баш дека е постар. Не ми се допаѓаат и неговите шовинистички фори. Не ми се свиѓа и тоа што најслабиот стално го напаѓа за да се прикаже дека е најак. Ава според мене е тешка глупача ем им се улизува на машките ем таа следна ке испадне. Станија беше ок ама нејзинот темперамент ја исфли од игра. Алехс се спаси од тоа племе за срека нејзина. Знам дека много од вас ке ми замерат за последниов коментар ама сепак ке кажам Жаре и Милан се тешки шовинисти а јас мразам такви. Начекаа млади девојки па ги врѓаат кој им го дал тоа право , ако се слаби нека ги изгласат ама немат право да вреѓаат.
Леле не ми се верува дека таква понуда воопшто му дадоа, па нормално како што е залетан по неа дека ќе ја прифати, со 1 негативен глас ќе дојде како да му имаат клетва фрлено за да ја види бе. За она да ги негира гласините дека праела нешто со него и по интервјуа и во емисијата Повратак у цивилизацију, а на Островот на отфрлените дека не ги развиле симпатиите во нешто повеќе треба да сум глупа да поверувам. И после низ медиумите пишуваше дека дечко и бил бесен, кој не би бил?! Само не знам со кој памет прошол преку нејзината авантуричка и дури признава дека имала симпатии кон Радован, како што вика она „бил доволно зрел да не поверува во гласините“ или бил доволно незрел за да поверува?! Или па само и простил?! Јас мислам дека е последново. Битно мило ми е што се обелодени нејзината авантуричка до некаде и што си призна дека имало симпатии меѓу неа и Радован, штета за дечкото, големо понижување, кој би продолжил после тоа, макар и гласини да се, а не ја да сум дечко и па девојка ми да признава по телевизии и интервјуа дека имала симпатии кон друг, а ја да ја чекам
Многу ме нервира Жаре и мене. Им се сили на послабите, што не му се силеше на Влада,Огњен и другите посилни мажи, он најде слаби женски па ќе им се сили. Смотан
А ти стварно мислиш дека дечко и седи дома и ја чека. Обавезно Како прво не и е од Мк дечкото, мислам дека од Србија и е.. а тој е бетер и од неа така да шо ќе се буни.
Mене ми е жал за тој Pадован, по се изгледа се затрескал, а за жал оваа го поеба сиротко момче. инаку јас мислам дека го плеснала, ама само за тоа и и служел, да смири хормони
Вие мислите дека она има навистина дечко во буквална смисла, нормален дечко? Има некој јак спонзор кој ја шета. Бизнисмен од Србија некој си. Што знак прашалник е дали постои воопшто а камо ли дека е дечко. Инаку мене Радован баш ми е супер и баш ми е мило што вака одигра. Што ако има минус еден глас кога секако е меѓу фаворитите. Затоа нека си направи ќеф. Ако му се допаѓа нека си ја види. Нема за жена да ја земе де не кревајте врева. Целава приказна ќе беше преслатка да беше друга девојката, вака е само слатка Колку жени се затрескале во мутави мажи? Колку мажи се затрескале во мутави жени? Бројот е неограничен, така да еден плус пар на списокот и ништо страшно
Однесувањето на Жаре ни малку не ми се допаѓа! Не престана да ја исмејува Ава! Сељак.. Што се не изнакажа - дека нејзин талент е само брзо да го соблече горниот дел од купаќите, па нешто за тоа сите кога си легнаа, она кога остана сама, па и сега за тоа што ОНА издржа повеќе од него во борбата... Срамота, не му личи на годините... Убаво викаш Кони, ај нека им се спротистави така на машките... Мене не ми е воопшто интересен Жаре.
Леле Никола врска си нема ејј .Толкава мускулатура а за ништо да не го бива...прави Црногорац . A Јелена колку ме нервира тоа не е нормално.Ептен мразам негативни луѓе а она е онака.....130 % негативна!Ете Миа е по цинична по покварена,ама не ми иде на живци,а на Јелена да можам преку телевизор да и залепам два-три шамара,би и залепила.Само што ја гледам на тв ми ја црпи енергијата .
Ај да се надевам дека ќе се покаже Никола понатаму,не е можно тие six pack да му се само за покажување .Ама многу ми е убав,срцка .Ќе ја убијам онаа Кристина ако му се приближи (забегав и јас ). А за Александра,абе и мене не ми се верува да има регуларен дечко,па уште кога дознав дека од Србија бил.Сигурно е некое старче со дебел џеб кој и ги спонзорира силиконите и уметоците.А богами и сјајот за усни.Радован според мене испадна малку глупав.Точно е дека не ми се верува да е загрозен на советот ама сепак...Но добро видел мевце и нормално дека ќе сака да заврши работа.Ама после Александра нели вели ништо не се случило помеѓу нив...Да бе сигурно ѕвездите ги гледале заедно .