Леле Ава поглавар, зашто ја заштитија бре смотана смотана ама видете до кај стигна А баш мислев ќе искочи на следниов, па време беше бе! Реков ја дека не е она до толку како што се претставува, има мал дел во мозочето што и работи и го искористи баш за интриги. А очигледно таа тактика пали во Срвајвер. Онака као сите се свесни дека сум глупа и за ништо не ме бива, ама смешна сум со своите глупости и корисна па ме чуваат, мора некој и женските работи да ги извршува иначе и машкиве ќе бидат у минус. Ни Маја Лена не е нешто подобра, требаше да испадне таа. Се надевам бар таа ќе биде таа на следниот племенски совет. А и доста антипатична ми е. Нели со Огнен заедно се и во цивилизација, а он се мислеше меѓу неа и Радован И кој и е овој „мојот Ален“? Во право е Јелена дека сите ја сакаат наградата, другото мање више. Све за пари бе, све.
Дали само јас, читам српски превод, додека Жаре збори на македонски? Еее, и Ава стана поглавар. :смајлиштосекрсти: Ово је једна креативно занимљива борба.
Леле ама сте чудни, значи она е ко Клеопатра и што не ви е јасно тука?! Туку, Клеопатра криминалец испадна http://makmedium.com/index.php/componen ... 0%B0%D0%BB
Зошто, нефер и подмолни.. па тоа е игра само!? Не е во прашање живот или нешто друго. Ако веќе зборуваме за подмолност, зошто Борука не избацуваше членови од Матамбо (мислам за Невен, Марко и Мартина) на племенските совети, туку нивни членови? Нели е тоа подмолност спрема членовите од Борука? Мада кога ќе видиш они немаа ни за кој друг да гласат освен за Радован и Маја Лена. Радован се правеше Казанова па замина да ја види Александра, и си доби негативен глас шо им беше на нив во предност. Плус гледај го фактот, што и девојките сакаа машко да излезе. Хахах, битно Ава поглавар! И новиот пар Жаре и Јелена, барем нема да им е досадно веќе, Јелена дури жал ми стана за жената, од толку жалење за Миа на камерите, сеа барем друштво ќе има.
а зошто тоа не го гледате како тактика за да го искарат Марко, Ава како најслаба ако не беше заштитена ке ја исфрлат на наредниот п.с сега кога е заштитена Марко е наред ух колку би сакала тој Милан I OGNEN да излезе ме нервира многу се дволични .
Добро а што е работата со Жаре? Јас ко што памтам, во емисијата во неделата не кажуваше убави работи за неа и затоа ме зачуди. Сега ги гледам цело време заедно, можно е ли да се спукаат понатаму? И со Миа прееска - он и’ кажа дека повеќе ја сакал нејзината сестра, Бог да ја прости.. И во најавата за утре, Миа вика - Како он смее да ја спомнува починатата сестра???
Наместо да ги избркаат идиотине Невен, Мартина и Ава, Борука се исчистија од најјаките играчи и затоа сега губат на борбите. А со кој памет па Ава за поглавар ја ставија? Типкава е доказ дека и Господ има смисла за црн хумор.
Па ништо посебно, се “здружија’’ он и Јелена во оговарање на Миа и нејзиниот тежок карактер. А конкретно за муабетот меѓу Миа и Жаре, беше нешто во врска со театарот, па она го праша кога последен пат бил Жаре во театар, он и одговори кога бил бебе, и незнам точно како падна во муабет, дали Миа го праша Жаре дали гледал некои нејзини претстави и он и рече “Да, али више ми се свиџала твоја покојна сестра, Бог да ја прости’’. Сосема во ред изјава.. И затоа искоментирав дека во најавата за утре, Миа се жалеше, како он смеел да ја спомне Ена... Тоа би било тоа од прилика, и тоа што Миа во комплет со Станија се смееја на Жаре и Јелена затоа што пробуваа да направат сплав, за да можат да отидат подалеку, да фатат поголеми риби
^Благодарам А помеѓу Жаре и Станија? ја тука фатив кога Станија почна да збори како он може татко да и биде
Тука мислам дека беше муабетот за тоа дека Жаре и Станија немаа супер односи додека беа во племето, како и муабетот дека таму ги малтретирал жените (за да работат) и дека не му личи на годините, затоа што е постар и може татко да и биде. А Јелена не знам како од тој муабет на Станија извади верзија дека Жаре се палел на 20-годишни девојки. Тоа одма го протолкува демек тоа што зборат не било во ред, он имал дете дома.
Па Станија како и по обичај пак нешо против Жаре,неможела да го трпи,ако му била керка ке била прав дебил од дете он така ке ја направел незнам ти шо.. и почнаја да лупетаат глупости,како Жаре и се пуштал неа.. ама демек ја навредувал,пошо знаел дека нема шанси кај неа,па така и се приближувал бла бла незнам шо,а човекот жена и дете има бе алоооо.. секако ова е све масло од миа,нејзини зборови. Немам коментар за жената.
Од оваа последнава игра со месото и свињата, погадна во живот немам видено. Ми се згрози додека гледав . Инаку мислам дека Јелена почнува да ме нервира. Толку самобендисана и нарцисоидна жена немам во живот видено. Порано мислев дека е само реална, ама сега сфатив дека е сасвим обратното. Пу, јзк.
Мене па ми беше многу интересна играта, се превртував од смеење, а и не беше нешто гадно, печено прасе А за Јелена и јас се согласувам, на почетокот мислев дека е многу реална, се согласував со нејзините мислења, сега некако ми забегува...