Го гледам Жаре кога кажува дека не му е криво што го исфрлиле и дека се е тоа игра и се прашувам кого пробува да утеши, другиве или себе? Се гледа од километар дека му е криво. А и ако му е се игра и небитно како што кажува,зошто тогаш не и пушти на Станија на која и е и те како битно, плус ја праша пред борбата дали сака да биде во обединетото племе, а после тоа ја зае*а? Вистински џентлмен. Сите машки во шоуво, со исклучок на Марко и Радован се една огромна нула. И Никола не е лош, но ми нема некаков став, ретко го забележувам. Се надевам Марко нема да биде следниот исфрлен.
Зошто да ја дисквалификуваат? Само ја држеше цврсто и не дозволуваше да избега, не ја маваше туку ја турна 2-3 пати, а тоа што Клеопатра преташе ко риба на суво и правеше драми тоа друга работа А и треба борбеност да се покаже без разлика дали се жени. Ако е за тоа и Мартина ја држеше на ист начин Маја Лена, само што не драматизираше толку она. Ако збориме за дисквалификување тоа би требало да биде Огњен, навистина не беше на место тоа што ја удри. Инаку одкако се направи промената со бившите поглавари, навивам за Матамбо, некако антипатични ми беа Невен и Мартина и не бев за ниедно племе, а сега ми е онака таман Матамбо. Никола ми е ептен за плакнење очи, убаво ми е да го гледам, посебно со кокошкана како се мазат
Во ред, и таа имаше некоја улога! Требаше да ги подели улогите, можеби улогите беа добри, ама зошто таа не се обиде да биде малку поборбена и упорна,м? Таа не само како поглавар, туку и како играч е лоша. Кога ќе видиш, се е со се поврзано... Ама цело племе не треба да зависи од Влада, тој трчаше, ја фаќаше топката, ама па и другите можеа да се пробаат да шутнат, а таа не се ни обиде. Така да не исправуваме криви-прави, секогаш може подобро, ама јас останувам на моето дека Ава не ја бидува за натпреварувач, е сега поглаварот нема некоја гооолема обврска, тоа е повеќе за имунитет(за некого да заштитат), но и на натпреварувачите им треба мотив.Себастијан секогаш е покажа како добар поглавар, не е се во игрите, тие се 10% за опстанокот во своето племе, а мотивацијата и волјата? тоа што се случува во кампот, атмосферата......
^ И јас се согласувам дека Ава не ја бива во игрите, како играч, не е јака. А вчера баш и не можеше да се обиде, Кристина ја задави. И Марко шутираше, и Невен, јас само Владо го земав како пример. Се согласувам дека поглаварот нема некоја голема обврска, освен така во игрите - да подели тимови и слично Да, ама Мартина ја држеше Маја Лена за половина и не и’ дозволи да мрдне, а Кристина ја држеше Ава за врат! Многу не спортски ми делуваше нивната борба вчера. И пак ќе кажам, не навивам за Ава, не ја бранам, само ми изгледаше нефер
Оваа Јелена кога ќе и се причини дека некој има шанси да се врати во обединетото племе му се пика под кожа одма, муабет, фина со него. Штом истиот натпреварувач изгуби во малата борба и автоматски нема шанси за враќање во племето истата таа Јелена одма се кара со него и не сака да го гледа, очи ќе си извадат. Заклучок: лижење гз на сите што би можеле да победат, за неа да ја земат со себе, а коа ќе види не може да и послужи некој да се врати со него у племето си го покажува правото лице. Демек Миа ако победеше неа ќе ја земеше, изгуби Миа сега очи се извадија. После со Станија скоро иста прича, Александра знае дека нема шанси реално да се врати во племето па со неа не се замара. Сеа на Жарко му се уврте демек да не мисли он ќе успее да се врати. Колку е подла само чудо е тоа. А инаку интересна ми е како зборува како да е експерт за Survivor демек само она ја разбира, а од сите таму прва излета. Да си добар значи и да играш тактички да останеш што подолго, а она очигледно за 1-2 дена престој таму не ми се види баш од тие добрите.
Ауу борбата . Ава и Кристина ќе се затепаа уште малку . Инаку, иако ја мразам Ава не личеше Огнен да ја удри така, сепак женско е. А нормално дека поглаварот нема некоја голема улога или придонес за тоа дали ќе победи племето или не. А Матамбо се појаки и затоа победуваат, поради тоа што таму отидоа појаките натпреварувачи од Борука Себастијан и Огнен, па и женските се борбени доста.Додека од Борука само Владо и Милан се физички добри во борбите. А Ава е општо слаба како натпреварувач, нема врска тоа што е поглавар. Ама драго ми е што Борука изгубија баш кога Ава е поглавар . Само Владо да не го исфрлат, сите други може. Мене пак Марко ми е некако одвратен човек. Исто за Ава, Невен и Мартина нема потреба ни да зборувам. Би сакала некој од нив да отпадне.
Па нормално ќе ја држи за врат ..кога оваа Ава и се качи на глава .. со кој мозок Ава и ги соблече купаќите на Кристина .. http://www.youtube.com/watch?v=iHQ4f51KDh8&feature=player_embedded 10:40 тука некаде беше хД ..Па братее има нешто фер денеска ?!
Влада ја запроси Мартина, Ава е љубоморна! Откако Владимир Вуксановиќ, познат како Влада, и Мартина Врбос заминаа во џунглата, Ава Карабатиќ почна да ја јаде љубомора, а подоцна излезе дека сепак имало причина за тоа. Имено, додека ги чекала Влада и Мартина да се вратат, Ава постојано го прашувала Невен каде отишле. Кога тие се вратиле со неколку килограми банани, Ава истрчала и среќна го известила Влада дека му ги испрала алиштата. Но, тој сепак пред камерите откри нешто што ја изнервира Ава. Влада изјави дека тој и Мартина се вљубиле и оти ја запросил во морето. извор http://www.tvpaket.com.mk/tv/vip-survivor/411-2012-04-18-17-51-37
Ќе сака некој да ми каже дали до сеа некој го има најдено тајниот имунитет ? И шо беше фората со Мартина и Владо со запросувањето ?
Не.Досега го бараа Кристина,Алекс и Невен.Денес ќе го бара Милан Spoiler и ќе го најде Тоа со Владо и Мартина некое зезање на островот,најверојатно да ја направат љубоморна Ава. Инаку вчера во борбата,Огњен покажа дека не мора да значи ако некој е професионален спортист знае што е фер плеј. Шовинист кој гази преку се,за да би стигнал до целта. Штета што Кристина не може да ја проценат повеќето гледачи и учесниците таму.Единствено Миа и Јелена успеаја да ја прочитаат за еден ден.Страшен манипулатор одлична глумица.
Кога зборувавте за Ава, дефинитивно не требаше она да биде поглавар. Благодарение на неа го исфрилија чика Жаре . Па уште и си се смешкаше. На ваја Ава би и дала златен, презлатен пехар за глупавост!!! Ава во племето како поглавар, (не велам дека е крива за губењето на бобите) им е како некаков малер А она вчера од Оги и Кристина ств не беше во ред!!!
баш ке е интересна утрешната епизода..да видиме дали ке сакат милан да го исфрлат а он го има тајниот имунитет...
Милан ако е добар тактичар, ќе му каже на Владо дека го има тајниот имунитет.Ќе се испокара со другите ќе гласаат против него, а он и Владо ќе гласаат за ист, потоа кога ќе го покаже имунитетот сите гласови ќе се поништат против него, и ќе испадне оној за кој гласале он и Владо.
и јас тоа се мислев..оти она ава рече дека милан е загрозен...а стварно милан заслужува финале(според мене)..еден е од оние што најдобро и најсилно се бори..
Мое мислење или Мартина или Невен испаѓаат.... Ава би испаднала оти е неспособна , ама ете поглавица има имунитет ... Милан неможе , Владо е сигурен а Марко не би требало , оти е најпријателски поставен со сите....
Баш ми е мило што Милан го најде имунитетот, според мене тој треба да стигне до финалето. Многу добар играч. Ама они се зафркнаа што ја ставија Ава да биде поглавар. Всушност она шо бара таму? Требаше неа уште одамна да ја исфрлат. Ама утре можда сите да гласаат за Милан и кога ќе го покаже имунитетот ќе му бидат поништени гласовите и ќе испадне оној за кој гласал Милан. А да, Станија добро направи со тоа што ми кажа на Милан дека таа ги наговорила да гласаат за него. :up: Spoiler Баш ќе биде забавно утре!
Имунитетот го бара водителот пред да почне гласањето Така да по разговорите ќе види Милан да е загрозен и може да го пријави или да ризикува и да не го пријави имунитетот. Во случај да не го пријави а да е изгласан ќе си излезе он. Иако кај и да е ќе е обединувањето, каде веќе не важи имунитетот, така да Милан утре ќе го покаже. Мислам дека Мартина ќе излезе. Или Невен. Или сапрајс