Ви ги читам коментарите и незнам зашто мислите дека Невен или Мартина ќе испаднат...Мартина уште откако дојдоа им се вовлекува (да не кажам каде) на сите и е успешна во тоа, а Невен е некако многу неутрален, не се експонира. А Марко е човече со свој став кој јасно и гласно кажува све и не преќутува, така да гледам дека не му е омилен на Милан а со тоа повлекува и Владо да гласа за него. Јас мислам Милан и Марко се загрозени, а пошто Милан го најде имунитетот, 90% сум убедена дека ќе лета Марко (плус он си има и еден негативен глас во старт).
^^ Па да, а дуплиот глас ќе го даде на Милан Мислам, многу ми е очекувана ваквата разврска, освен ако некој не изненади.
Грешка си, ТАЈНИОТ имунитет-ќе го нема значењето таен, и ќе го нема смисолот на пресврт на играта и ризикот доколку некој гласа проти некого, па и рескирањето на играчот да го пријави а можеби не е ни загрозен. Еве погледни на 45:57 http://www.youtube.com/watch?v=jLKtrWs_-GE , Андреј-водителот прашува за имунитетот откако заврши гласањето.Што значи,имаат шанса.
И Жаре беше пријателски настроен, па го избација. Мое мислење Марко или Невен. А може и да е Мартина, нема да се чудам, сите тројца се способни, а смотаната Ава и неспособнион Милан ќе се ладат на племенскиот совет.
^ http://www.youtube.com/watch?v=PM1Ox626OQI http://www.youtube.com/watch?v=kRi8dFoGeaI http://www.youtube.com/watch?v=J5WcDPanqeU
Јас не видов каде ја удри. Ава го влчеше за шорцевите и нормално човек ќе се ослободи. Ако Ава (Клеопатра ) мисли дека тука ако е женско треба сите да и попуштаат се лаже.
Ако беше Милан неспособен тогаш немаше да го најде имунитетот. Тој е физички најспремен, и далку попаметене од сите овие фото модели, стилисти и слични на нив што немаат грам мозок.
Се сложувам со Maxymous, се виде кој прв го најде имунитетот. А и незнам зошто толку негативности кон Милан, баш сметам дека е еден од оние кој треба да стигне до финале. Жално е кога поминуваат некои личности како Ава
Апсолутно се сложвам, Мислам дека е еден од најдобрите играчи, не знам оти толку негативности спрема него.
Мое мислење, е дека ќе излезе Марко. - Влада, не може да искочи, затоа што Ава, е затрескана у него, и нормално нема да ги наговори овие од Матамбо, да гласаат за него. - Мартина, се двоумев за нејзе, затоа што минатиот пат, имаше еден глас. Ама сега не верувам, затоа што им се пика у таквото.. И се зближи со Влада. Единствено! Доколку Ава не стане ептен љубоморна, па да направи некои мучки. - Невен не верувам искрено. - Милан има имунитет. - Ава исто. А многу повеќе сакам Мартина да излезе, Марко заслужува да влезе во тоа обиденувањето, како и да се вика. Така да... тоа се мои претпоставки.
Браво за Милан, ми беше многу антипатичен кога самиот се бранеше, ова-она, ама сега се покажа колку е паметен, и најспремен од машките, со неговото "Бејби". Мхм...моја претпоставка, мислам дека ќе лета Марко.Искрено, не сакам тој да лета, ама кога ќе видиш Владо е фаворит,Мартина се омилкува,Невен е неутрален, Милан е малку загрозен, е сега зависи кога ќе праша за имунитетот, дали на крај или пред гласње, Ава има имунитет.............А, Марко си има цврсто мислење и како да нема со сите некоја добра меѓусебна комуникација, плус има и еден негативен глас. За предходната борба, Ава тие прашањата со "Вистина" или "Лага" ги погаѓаше на среќа, не дека има некое познание за островот.
јас пак мислам дека може да го избркаат владо ако марко се договори со мартина и невен. ава и милан имаат имунитети, па ако се здружат овие тројца можно е тој да излезе.
Мое мислење е дека вечерва ќе излезе Невен. Воопшто не е способен човеков за ова шоу се нема покажано во игрите, а и сам си кажа дека е дојден за релаксација. Па тоа не личи на Survivor
Мене Ава ме буни, стварно не можам да ја дефинирам. Мислев дека е глупа, но иако кажува доста бисери, ако ја заслушаш не зборува безврска и брзо возвраќа - и работи мозокот 300 на саат. А и гледав едно видео за неа, кажуваа дека на факултетот каде што студира зема стипендија поради висок просек.
Мислам дека Мартина не би гласала за Влада,вереници се сега, ептен се зближија. Според мене ке лета Марко, или евентуално Невен ...
Епа изгледа глупавоста и е тактика Можеби намерно тресе зелени за да ги смее да им биде забавно, и на хахаха-хихихи гледаш до кај стигна? Опасен тактичар, исто и Станија поради неа испадна да потсетам, беа договорени нели и она се согласила да гласа за Милан, и ооп ги зафркна. Некако успева да се убута на оние помногубројни кланови. Воопшто не заслужува да оди понатаму, ама ако вака продолжи и до финале ќе стигне мајке ми.