Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вип Преживеан (Vip Survivor) [Сител]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од rossonerka, 17 октомври 2010.

  1. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Ни го исфрлија единствениот Македонец,нема да биде интересно сега,мене фаворити ми се Тони и Гоца и неа ако ја исфрлат и не гледам више :(
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    6.529
    Да, и јас многу се разочарав кога видов дека се ВИП. Сто пати подобро беше кога беа обични луѓе, овие божем немаат пари па пак да заработат, и да тоа што викаш бар да дадеа во хуманитарни цели.. А на обичните луѓе парите бар стварно им требаат. Ама јас све си мислам кога беа 'обичните' луѓе се играше повалкано и понеправилно од сега, ехее колку сплетки и сојузи имаа.. Во оваа сезона на Преживеан, единствено Касуко игра превалкано и катастрофа а па овие Баханди незнам.. Ги сотреа од корен и немаат више никаква енергија за борба. И пак, многу ми е жал за Тони. А искрено мене не ми се свиѓа нешто Гоца, жената си е борбена, силна, храбра во секој смисол, ама некако многу ми е дрска а и таа знае да одигра валкано.. Леле вчера таа, Александра ли беше незнам, не го следам многу нешто коа и ги соблече купачите и уште ја држи, ја тегне и си буља одозгора ахаххаахха :D Смешкии :lol: Инаку, се надевам дека Тони ќе се врати од тоа племето Ново Кралство, ама искрено за победа, нема да победи. Кај може еден единствен Македонец да победи.. А и викаат дека нешто ќе го каснела змија и ќе излезел, или пред финале ќе го исфрлеле.. А има шпекулации дека Гоца ќе победела, ај да видиме и жена да победи :) А и во претходните сезони кога викаа така, се отстварија сепак шпекулациите, па сега ќе видиме како ќе биде. А и да победи, заслужено ќе и биде зашто жената си е на место, борбена си е, храбра, силна во психички и физички поглед.. Иако понекогаш се служи со некои измами и слично, ама океј е за разлика од Александра или Кнез.. :) П.С Извинете за рефератов. :$ :lol:
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  3. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    863
    Се надевам дека Тони ќе се врати, стварно штета што испадна во толку глупава игра.
    Иначе не беше фер втората игра, Баханди значително физички послаби а на 2 игра баш се бараше физичка сила, се знаеше дека Касуко ќе тепаат, кај може Милош со горилата Андреј.
    Ауууу Гоца колку покварена е
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со постот над мене дека Гоца е покварена, на почеток не ми изгледаше таква, ама со тек на време се покажа каква е, не можеше да го скрие изразот и задоволството на лице кога испадна Кнез, а таа го намести, па толку да му земе за зло, што така искоментирал, а таа смее да коментира?
    Очигледно е дека најмногу тактизира, повеќе и од Един, од почеток инаку го гледав шоуво и ми е интересно, особено првата вечер кога Андреј не можеше да заспие и викаше да стражарат секоја вечер по еден , за да тепале мајмуни :D
    Кнез е по малку наивен , ама не е во никој случај глупав, што си го насамарија си го насамарија и жал ми беше за него.
    Тони испадна во скрос не фер игра, секој можеше да испадне, и плус се опуштија , јадеа, играа, пееа, пиеа и туку оп ајде сега игра, не беа спремни нити па ја очекуваа играна, можеби не беше наместено Тони да испадне, ама некако многу брзо и чудно, пред тоа не ги кажа како што треба правилата, јас сфатив ќе играат сите со ред додека не остане еден само со едно топче од по двете екипи и како испаѓале така во парови да играат и на кој прво од тие парови му падне топчето испаѓа.Ама како и да е, уште не е испаднат целосно, може да се врати, во новото кралство појде има уште една шанса.
    А Милош(Чоми) многу е слаб, кај пошол тој , па уште цигари му фалеле, Катарина има повеќе сила од него :D
     
  5. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Како можеше Тони да испадне, кога кажаа каква ќе биде играта си викам нема шанси Тончи да испадне, тој дека силен и стабилен. Многу се насекирав зашто баш он да испадне. Многу глупаво направија, не мислам дека беше наместено, ама сепак шоубаво си се опуштија луѓето и тап игра. :( Немаше смисла. А и да се врати пак во игра, не верувам дека ќе победи, мислам дека нема шанси заради тоа што е нашинец. Битно докажа дека е најдобар, најсилен, накултурен, најпаметен и мислам дека е доволно:)

    Инаку мислам дека време е да се соеднат племињата зашто нема смисла, Баханди се многу слаби во споредба со Касуко, дефакто 3 женски и 1 машко, а сега и помаку ќе бидат, наспрема 1 женско и 4 машки во Касуко(сметајќи ја и Александра во машките :lol: ).
     
  6. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    391
    Онаа костурон Александра почна да ме нервира се повеќе.Абе сите од Касуко се :puke: :@ Штета Тони што испадна, ама битно е дека сите го сакаа, не покажа покварена душа како некои други. Абе македонче си е македонче. ;)
     
    На glamour-lady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Их оваа Александра многу врти капа била бе :^)
    Не му дава на Андреј сега да диши, случајно да не се здружи со
    Никола и Бојана па да ги исфрлат ко партали неа и Един :rofl:
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Еееееее ете кажаа ќе има игра пред соединувањето.
    Значи Тонка има шанса сепак :party:
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    па и јас мислам дека мора да има некој пресврт пред соединувањето. па не за џабе ги чуваат овие во кикоман :lol: :lol:
     
  10. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    луѓе Тониии е ѕѕѕѕвввеееррр!!!!!! :) најбитно од се е што се покажа онака како што треба за разлика од сите останати подли, злонамерни, користољубиви и љубоморни учесници (тука не мислам на Катерина, Јелена, Чоле и Биљана),
    Тони дефинитивно доби многу од своето учество во Survivor , а тоа е што ги освои симпатиите на сите учесници па дури и на овие од спротивното племе, а да не зборам и за српската јавност..... бравввоооооо Тооонниии!!!!! секоја чест!!!!!! покажа дека скромноста, дружељубивоста, ненаметливоста и позитивноста може многу да направи, дечкото е ѕвер, јас лично го обожавав и пред Survivor али сега уште повеќе :rock: едноставно цар!!!! не за џабе плачеа по него :P јасно е дека неможе да победи, но бар да останеше уште малце во игра :worried:
    многу ми е криво што испадна на таков глуп начин, зашто него никад немаше да го исфрлат со обичното гласање на племенските совети, или ке останеше до сам крај :(
    а од шпекулациите низ Србија, наводно Катерина, Тони, Андреја и Гоца се во финале???? така чув , а дали има нешто вистина во тоа who knows????
    а за ова со змијава???? стварно или пак е некоја шпекулација????
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Леле не мислев дека ќе биде интересно ова, демек веќе видено, ама искрено ова му е најдобрата сезона според мене. Ако ништо повеќе барем досега не се испотепаа еден со друг како првите, кога беше немања победник, биле или не познати, небитно. Не навивам за племе ама Катарина и Тони, па и Никола досега се покажаа во најчовечко светло. што не важи за Алкесандра, Един...останатите. Барем јас така ги проценив, па да видиме до каде ќе се стаса. А за тие во Кикоман, брееееј, филм можат да снимат :lol:
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    И мене ми се многу интересни Кикоман! Искрено повеќе поради нив ми се гледа шоуто :lol: Цело време чекам нив да ги дадат и да се посмеам, а и химната им е на место :D

    Гоца ми беше меѓу омилените, а сега имам спротивно мислење за неа, некако многу се фолира и сака да наредува...
     
  13. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Тони денеска прозборее :rofl: Срцка е...леле колку беше интересен кога го читаше писмото од девојка му...па му вика на Марко ќе го учи македонскии :) Многу ми е мило што сите имааат пофални зборови за него :clap: па дури и овие од Касуко.. :) Не е ич фер како испадна :@ Ај на племенски да го изгласаа ама вак не беше фер...Дај нека се вратииииии!! :rofl:

    И ја имав друго мислење за Гоца...ама она фолирант тежок...требаше да остане во Касуко :!: смрдла една...и не сакаам да победи!! Само некои тактики прави...
    Катерина е луда...и се свиѓа Тони :inlove: А Јелена не ја ни знам :?: Овој Милан глумецот мирен и добар е...он прв се здружи со Тони!
    А овие другите сите ме нервираат И таа Бојана и Никола...и Един и онаа Александра мушкадарка :puke:
     
  14. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Kвин дај стави го видеото каде што го чита писмото,ако најдеш :$
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    [​IMG]
    Не е за смеење ама оваа Александра е..доџи ми вечераш и никад више |(
     
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932


    И мене ми се најинтересни тие... :) Вчера се изнасмеав кога беа во вода Марко, Весна и Тони, Па Тони и вика на Весна: Леле кој би помислил дека некој ден ќе бидам на Филипините и ќе си играм со Весна Змијанац. :lol:

    А химната стварно закон му е.

    Оние другине не можам повеќе да ги поднесам. Посебно од Касуко тие... Сега се виде колку се сложни се расцепкаја и тие: на една страна Бојана и Никола, на друга Един и Коњот, а Андреј на средина е ... Ќе го угушат сега.
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
  19. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Јас морам да кажам дека најмногу ме радува што сите имаат почит спрема Тони.Човекот покажа дека и кога се победува и кога се губи,коректен е до крај.Секоја чест!! :clap: :clap: :clap: Тоа што го лаам значи од почеток дека не суштината да заебеш некој,да покажеш колку си паметен таму туку да бидеш чесен играч,да се бориш како вистински спортски дух зашто сепак е игра а не војно поле.

    За другите мислењето ми останува исто,морам да кажам дека Кикоманци се закон значи,толку изрелаксирани да ти е мерак да ги гледаш.

    ...ааааа наравно да не изумам,онаа Бојана почнува да ми танцува по нервите,ама сериозно. :@
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Како го заскав овој Чоми. Сонце е стварно :inlove: Баш ми е жал што ке излезе..

    ПС. баба ми гледаше преживеан со мене и ја гледа Александра и вика

    * леле, помислив машко дека е.. Што е ружна* :D