Жаре Бербер пробал да ја наговори Станија Добројевиќ на секс, но таа му удрила шлаканица, изјавува извор близок до реалити шоуто 'Survivor'. 'Дојди мала, ајде да се забавуваме малку па да го искористиме убаво ова време!' - рекол Жаре, а на тоа старлетата му возвратила 'Чичко Жарко, веројатно се шегувате, но ве молам немојте баш вака да се шегувате' А, на тоа Жаре и вратил: "Ти што мислиш бре, дека јас во Скопје шетам нешто постаро од 20 години?! Не сум јас за тебе чичко, мене девојчињата помали од тебе ме обожаваат! Дојди да видиш што е уживање!" Потоа ја повлекол Станија кон себе, а за возврат добил шлаканица. "Срам да ви е, срамете се за своите години, чичко Жаре!", вреснала Станија и избегала. Односите на овие двајца учесници по инцидентот значително се оладиле.
Јас мислам дека претерале и да и се пуштал на тој ли начин ај молим те па и незнам каква девојка да е на тоа нема ни да го погледне а па нешто друго , плус има жена баш на реалити шоу ке се глупира барем има малце памет
А што има лошо ако ја спомнал починатата сестра?...Еве не само ти, прочитав уште некоја девојка го спомна истово...Ако е некој починат, не значи дека е и заборавен. Посебно не глумица како Ена Беговиќ. Ја спомна во позитивна конотација, дека била подобра глумица од Миа, што е и неоспорен факт! А Миа што се прошлепала и изградила кариера на сестрина слава, тоа е нејзин проблем што ја здоболеа зборовите од Жаре. Убаво и го шлапна, ако и е!
Затоа што не е ни време ни место да ја спомнува сестра и. Таму се далеку од сите, од се што им значи, никој не знае колку им е тешко и овој шупаков уште и ја спомнува починатата сестра? Точно ако е почината не значи дека заборавена, но од каде има ОН право да ја спомнува? Од каде знае како реагираат другите на таков муабет? Не сите сакаат да зборуваат на тешки теми, а уште помалце кога такво нешто се употребува при караница.
Се сложувам, човекот ја спомна во позитивен контекст, како глумица на која и се восхитува. Не знам зошто таа старката направи приказна од тоа
Без разлика во каква смисла ја спомнал, немаше потреба да ја спомнува, па уште и почината. Докажува колкаво непочитување поседува со тоа, ништо друго.
^^ Жаре е спремен да се кара, па што сака ќе кажува. Точно, се согласувам дека и во каква причина да ја спомнал, покажува непочитување кон неа. Немора да споменуваат починати луѓе, и да ја потценува Миа, може да најде поферски начин за карање, штом толку му пречи Миа, а не онакви удари од ниска класа, не му личи. Тоа што не е заборавена е добро, ама да ја навредува со тоа што ќе каже дека нејзината покојна сестра е подобра од неа и да користи, само за да и возврати ... не е човечки. Нека ја прифати сегашноста, тој е исфрлен и тоа не е причина да се испокара со сите членови од островот, иако има шанса за назад, се гледа дема му е многу жал што го шутнаа од Борука. А, за расправиите со Станија, ми се многу смешни и се расправаат за банални работи, тука нема ништо сериозно, а за другото се изјаснив горе.
Од оваа Ава, поодвратно створење нема во цел Survivor. Цело време глупава, глупава...и така константно, но со тоа нејзино однесување си успеа да се довлечка до обединување, а всушност таа е најслабата алка, од сите тие таму. Постојано си се префрла од страна, баш кај што и одговара...и така цел време. Таа и Мартина и Невен заедно со овој политичарот, Марко, баш фин договор си имаа, но мило ми е што Милан фино лепо ги зафркна. Е така им требаше. Политичаров додека на други јама им копаше, сам си падна во неа. За Милан на почетокот имав поинакво мислење, но сега сфаќам дека тој е баш вистински профил на личност која е за вакво риалити. Секоја чест! Берберов и Станија навистина стануваат неподносливи, не знам до кај планираат да тераат со ова однесување... Маја Лена мислам дека е премногу наивна и од што сака со сите да биде во одлични односи па затоа премногу им допушта. Кога неа и` беше редот за поглавар, Себастијан кој константно ги манипулира повторно си застана на чело на племето наместо неа. А таа излезе со некој став, од видот: „Тоа за мене е преголема одговорност, бла бла...“ Е во право беше Марко што рече, имунитетот што ќе го има и е преголема одговорност изгледа... Инаку, сметам дека од сите таму најфер и најкоректен до сега е Владо. Исто така е меѓу физички најспремните, и се надевам дека така и ќе продолжи, па да го видиме во финале, а зошто да не и како победник на ова шоу.