Ако маж ти ме начека во пустелија, дали сметаш дека ќе ми биде рационален стравот од негово потенцијално силување, малтретирање и слично?
Види, маж ми не е таков, ама ти пошо не го познаваш имаш право да се плашиш. Стравот како страв не е лош, тоа е доказ дека сме доволно свесни за околината. Лошо е шо мажите( не сите) толку многу лошо им праат на жените, шо жените во секој маж гледаат потенцијална закана.
Не е ни маж ми таков. Значи може да заклучиме дека не се сите такви. Дека можеби тој маж во шума не е предатор, туку нормален човек што би ти помогнал. Интересно е што имав баш слична случка. Бев во шума каде има мечки и диви свињи. Кога стигнав до едно место, јас и маж ми се одделивме и дојдов во контакт со непознат маж кој носеше пиштол. Баш поради тоа што постои можност за напад од мечка или дива свиња. Се чувствував побезбедно со него, отколку без. Си направивме муабет и секој по свој пат. Маж во шума, не оди да силува жени, тоа сакам да кажам. Маж што му се силува оди каде што има жени. Ќе пешачи он десетици километри и ќе се моли некоја да се појави сама. Кога тоа се десило
Абе никогаш не викај никогаш. Колку камионџии среќаваат жени по улиците шо стопираат.... Другарка ми кажуваше, заборавив шо и се десило шо се нашла на пуст автопат ноќта, и стопирала, ја качил некој камионџија и почнал да ја влече и да ја соблекува внатре. Оваа рипнала од вратата и избегала. Мене еден во темен сокак ме нападна а пред тоа цел километар ме следеше. Немора да е шума, таквите бараат мирно место за да им се укаже шанса.
Муабетот е шума, мечка, маж. Мало дете знае навечер на автопат дека никаде и со никого не треба да се качуваш. Маж што му се силува по шуми кај мечки не иде. Можда кај кози. Ама кај мечки не иде. Ај размисли самата. Не постирај размислувања од воук папагали. Да си во шума една година. Со колку напади од животни ќе се соочиш, а колку од луѓе? Нормално дека нападите од мечка се исклучително ретки, затоа што не живееш во јебана шума.
Маж шо му се силува, ќе те сретне, ќе чека, ќе те следи ако треба со денови, додека не те начека во место кај шо нема луѓе за да бидат потенцијални сведоци. Тоа може да биде и автопат, и шума, и пустина, и село запуштено, и темната уличка во твоето маало.
Ај сега ти размисли зошто нарекуваш некоја папагал? Второ зарем не сфаќаш дека е прашањето хипотетички? Гледам имаш пристап до интернет па види колку девојки одговориле исто и образложиле.. Па стави го прстот на глава зошто е тоа така или подобро е да живееш во фери ворлд..
А да не беше шума, туку автопат. Имате човек пред вас, а мечката ви излегува од шумата? Што мислите, кого ќе изберете? Не ги можам двојните стандарди, ама ајде да се насмееме.
И бидејќи рандом девојки одговориле, кои патем живеат во САД каде криминалот цвета на секој чекор, треба сите да се трескаме од земја и да го следиме трендот дека подобро меца да ме папа, отколку маж во шума да ме лапа. Каде си чула во Македонија маж да нападне жена во шума, па уште непознат? Тој што те напаѓа, 90% ти е веќе дома, во градот. Не у шумата. Кај мецата.
Јас кога бев девојче бев нападната од непознат на сред автопат, значи не од мечка од маж. Да бев од мечка барем ќе ми веруваа
А шо има врска од кај е мажот? Па може и ловџија да биде и да те сретне, ако е силувач ќе те силува. Шо има врска од кај е ?
Овај топик се отвори главно за убиствата на жените во Иран не во Америка ама нема врска не упатена. Кај нас криминалот нема? Жената на балканот сеуште страда од работи кои на запад се незамисливи.. Тоа со меца папа е хипотека дај изгуглај..
Цели 6 години, и бај да веј мојот партнерот моментално не е маж,доколку завршам некако со маж ќе се осигурам пред се да е феминист и да иде со мене да ширеме глас за оние кои не се во состојба.